Post Views: 9
Огнен Шешоски во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика на која се гледа дворот на ЈП Охридски Комуналец на улицата Асном. Тој вели дека целиот простор наликува на депонија, но многу пострашно е тоа што од ова место се ширело доста непријатна миризба. Во продолжение прочитајте го неговиот коментар во целост :
Дворот на Р.Е. Механизација од Ј.П. Охридски Комуналец што се наоѓа на ул. Асном наликува на депонија и се шири непријатна миризба во цел тој дел од градот. Во текот на летните месеци, тука и делумно се префрла собраниот отпад од едни во други...
Post Views: 24
Нема зборови со кои може да се опише убавината на Охрид, Балканскиот Ерусалим. Нашиот град е убав и привлечен за туристи во текот на целата година.
Охрид е убав и кога грее сонце и кога врне дожд.
Наша сограѓанка забележала убави моменти додека шетала низ охридските улици и охридската чаршија, а нејзините слики ги испрати до рубриката „Ти си твојот град“.
Post Views: 6
Жители реагираат на нова дива депонија во Вевчани, поточно во близина на поранешното фудбаско игралиште. Ова е нивниот коментар кој го оставија заедно со сликата испратена до рубриката „Ти си твојот град“.
Во непосредна близина на поранешното фудбалско игралиште во Вевчани никна нова дива депонија. За жал на лице место неколкупати се затекнати екипите на јавното комунално претпријатије Еремја од Вевчани како истураат отпад на лице место. До кога надлежните институции за решавање на проблемите ќе бидат главни креатори на истите?
Post Views: 5
Секојдневно нашите сограѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија, пријавуваат проблеми и апелираат до надлежните да ги решат истите. Овојпат ни пристигнаа слики од Гоце Фулко на кои се гледа раскопан тротоар во населбата Горица. Неговиот коментар прочитајте го во продолжение.
Пред нецел месец Водовод работеше на цевка на влезот на населба Горица на главниот пат Охрид-Св.Наум. Го раскопа целиот тротоар, дупката ја затрупаа ко гробница, бекатонот расфрлан, итно ја закрпиле цевката за другото не им е гајле – вели Гоце Фулко за „Ти...
Post Views: 7
Повторно некултура и негрижа од нас самите. Овојпат до рубриката „Ти си твојот град“ изреволтирана наша сограѓанка испрати слики од каналот Студенчишта. На нив се гледа расфрлано ѓубре од несовесни лица по уредените паркови и во водата. Ова е нејзиниот коментар:
Искрено ми е многу жал што бев дел од овој непријатен призор. Толку труд беше вложен за да се среди овој дел од градот, а сега е целосно загаден од страна на несовесни поединци. Наместо да пешачиме и да спортуваме уживајќи во природата, ние го вдишуваме овој смет околу нас. Срамота е за нас како охриѓани што...
Post Views: 13
Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Марјан Ѓузелоски кој вели дека водата во Охридското езеро се загадува од течноста која зад себе ја оставаат дизел моторите на скутери на вода и глисери. Ова е неговиот коментар:
Еве што оставаат дизел машините на скутери на вода и глисери, донесени од запад каде што ги фрлаат во отпад, а кај нас за пусти профит се регистрираат без проблем – вели нашиот сограѓанин Ѓузелоски.
Post Views: 5
Кристина Узелац испрати слики за рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледа расфрлано ѓубре од несовесни лица на новото детско игралиште кај Спортскиот центар „Климент Колески“ кое се наоѓа веднаш до ОУ „Григор Прличев“. Ова е нејзиниот коментар:
Дали е ова општа некултура или само недостаток на канти за ѓубре? – напиша нашата сограѓанка.
Post Views: 4
Наши сограѓани кои живеат на улицата Питу Гули во Охрид, испратија известување до редакцијата на ТВМ дека нивниот проблем кој беше објавен во „Ти си твојот град“, веќе следниот ден е саниран.
Да потсетиме, стануваше збор за уништена бандера покрај која беа оставени кабли и арматура и која претставуваше опасност за дечињата кои се движат во тој дел на градот.
ОШТЕТЕНА БАНДЕРА, КАБЛИ, АРМАТУРА НА УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИ
Истотака, поради таа бандера срушена во сообраќајна несреќа пред повеќе од еден месец, жителите на Питу Гули немале улично осветлување. Проблемот е решен,...
Post Views: 4
Љупчо Стојановски испрати слика во рубриката „Ти си твојот град“ на која се гледа доста оштетена бандера на улицата Питу Гули во Охрид. Ова е неговиот коментар:
На улица Питу Гули повеќе од месец дена сме без улично осветлување. Бандерата со број 2890 беше оштетена во сообраќајна несреќа и сеуште не е поправена. Оставени се така каблите и арматурата од бандерата. Ова претставува потенцијална опасност за минувачите, а навечер е темно и небезбедно за пешачите. Ве молам што побрзо да го документирате овој случај бидејќи веќе е почната школската година и многу деца минуваат...
Post Views: 15
Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили.
Тимот на „Ти си твојот град“ е секогаш тука за вас, граѓаните на Охрид и околината, Струга, Дебрца, Вевчани, ќе ги разгледаме вашите барања и ќе помогнеме во решавањето и на најмалиот проблем.
Вашите слики за рубриката ТиСиТвојотГрад испратете ги на нашата меил адреса : tisitvojotgrad@tvm.mk
ГОЛЕМА ДУПКА ОПАСНА ЗА ВОЗАЧИТЕ НА ПАТОТ...
Post Views: 66
Воскре Јосифоска за рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од уште едно прекрасно зајдисонце во Охрид. На една од сликите ги има и лебедите кои се препознатлив белег на нашето убаво Охридско езеро.
Post Views: 15
Жители на улицата Никола Карев во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ со јавноста споделуваат голем проблем. Имено, станува збор за огромна дупка на која што веќе две недели ги кршат своите автомобили.
На улицата Никола Карев е отворена толку голема дупка што ќе биде тешко за тој што ќе ја погоди со кола. Оваа улица е една од најпрометните во Охрид и сите си ги искршивме возилата, веќе две недели на никој не му текнува да го среди проблемот. Само да кажам дека дупката секој ден тоне се повеќе и повеќе. Апелираме до надлежните да го решат ова додека не се случило...