Post Views: 2
Кучињата скитници, еден од проблемите во Струга. Трајче Плушкоски испрати слика за рубриката „Ти си твојот град“ на која се гледаат кучиња скитници кои лежат на познатиот мост во Струга, каде што поминуваат голем број граѓани и гости кои се фотографираат на мостот. Ова е неговиот коментар:
Чувари на мостот. Еден од проблемите во Струга! – вели Плушкоски за „Ти си твојот град“.
Post Views: 22
Стара куќа која е пред распаѓање претставува опасност за минувачите на улицата Абас Емин. До рубриката „Ти си твојот град“ пристигна слика од нашата сограѓанка Катерина Илијеска која вели дека покрај куќата секојдневно поминуваат и мали деца. Ова е нејзиниот коментар.
Куќата се наоѓа на улицата Абас Емин, ќе ни се сруши врз глава со првиот снег. Деца поминуваат секојдневно – вели Илијеска за рубриката „Ти си твојот град“.
Post Views: 2
Жители на улицата „Радојца Новичиќ“ до рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија пријавија проблем со отпад со кој што се соочуваат повеќе од месец дена. Велат дека неколкупати пријавиле и до ЈП Охридски Комуналец, но иако им било кажано дека ѓубрето ќе биде собрано за неколку дена, тоа до овој момент не е исполнето. Ова е нивниот коментар:
Повеќе од месец дена се гомила зелен отпад на тротоарот на улица Радојца Новичиќ наспроти поранешната амбуланта. Пријавувано е неколку пати до Охридски Комуналец и одговорот е секогаш дека за неколку...
Post Views: 1
Жители на населбата Месокастро во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија, се жалат на комунален проблем со пристапниот пат до Саат Кулата. На видеото кое ни го испратија се гледа раскопана улица, градежен шут итн. Ова е нивниот коментар:
Од граѓаните на Месокастро, пат раскопан, со дупки и камења, узурпација на улицата Климе Митрески, канделабрата е во дворот, градежен шут, кастрење на борови, диво поткровје, фрлени кревети и душеци. Ова е нон стоп – велат жителите.
Видеото погледнете го на следниот линк
Post Views: 2
„Ти си твојот град“ е рубрика која ја спроведува Регионалната Телевизија ТВМ, со цел граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца да можат да пријават секако вид проблем или да пофалат нешто за кое што мислат дека вреди да се сподели со јавноста во нашиот регион. Денес ни пристигна слика од нашиот сограѓанин Мирослав Трајчески, кој преку „Ти си твојот град“ споделува проблем во населбата Христо Узунов во Охрид. Ова е неговиот коментар:
Населба Христо Узунов. Дефект на водоводна цевка, по петти пат на истата – вели Трајчески за „Ти си твојот град“...
Post Views: 3
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, наши сограѓани ни испратија слики од моменталната состојба во која се наоѓаат познатите Билјанини извори, кои некогаш беа главна атракција за туристите и важеа за препознатлив белег на Охрид. Прашуваат што се случува со изворите?!
Што се случува со Билјанините извори? На толку големо количество на дожд во изминативе денови, една капка не излегува од нив. Освен од една мала цевка за која не знаеме ни дали е природна вода, целосно се пресушени изворите – велат граѓани на Охрид, за „Ти си твојот град“.
Во продолжение погледнете...
Post Views: 2
Преполни корпи со ѓубре, расфрлан отпад насекаде. Ваква е денес глетката на едно од најубавите места на Охридското крајбрежје, поточно на Оровничка плажа, каде што голем број жители на околните места одат на прошетка и уживање. Но несовесните лица, од ова прекрасно место повторно направиle вистински хаос. Сликите ни ги испратија жители на Оровник, кои секојдневно се рекреираат на Оровничка плажа, а ова е нивниот коментар:
Скоро секој ден доаѓаме тука да уживаме, да се рекреираме и да дишиме чист воздух. Но како ќе биде тоа, со толку многу ѓубре кое секако го оставиле...
Post Views: 3
Наш сограѓанин испрати слика до рубриката „Ти си твојот град“ на кој се гледа надвисната стара антена на куќа која се наоѓа на улицата Питу Гули во Охрид, во близина на ОУ „Христо Узунов“. Ова е неговиот коментар.
Расипана и стара антена на ул. Питу Гули (кај мостот кај школото Христо Узунов) која виси и не се знае кој ќе ја добие по глава – вели нашиот сограѓанин за рубриката „Ти си твојот град“.
Post Views: 2
Деновиве надлежните екипи ја санирана, односно пополнија со асфалт големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили.
Не заборавајте да ги испратите Вашите слики за рубриката ТиСиТвојотГрад на нашата меил адреса : tisitvojotgrad@tvm.mk
Post Views: 16
Наша сограѓанка во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слики од приодот и околината на едно од најубавите основни училишта во Охрид, Св. Климент Охридски. Но, за жал она што можеме да го видиме на овие се слики е расфрлано ѓубре од несовесни лица.
Природата се обидува да ни го разубави секој период од годината, но ние како да се трудиме да и докажеме дека ѓубрето и отпадоците ни се омилено опкружување. За жал, од најмалите почнува. Ова се фотографии од приодот на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – вели нашата сограѓанка за рубриката „Ти...
Post Views: 4
Жители на улицата Крали Марко во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ пријавуваат проблем за кој како што велат не е првпат. Имено, станува збор за депонирање отпад од несовесни граѓани кај повеќенаменското игралиште кое се наоѓа на оваа улица.
Ова е нивниот коментар :
Сакаме да пријавиме по втор пат проблем на ул. ,,Крали Марко” (на самата ширина пред игралиштето) несовесни граѓани непрекинато фрлаат неразградлив отпад (пред предворје), иако неколкупати беше разговарно за истото и од страна на ЈП ,,Комуналец”. Во прилог слики од отпадот (кој секоја...
Post Views: 7
Уште еднаш несовесноста на граѓаните се покажува на дело. Слики во рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати Миле Павловски кој реагира на непрописно паркирани возила на улицата Марко Цепенков.
Сликите се од улицата Марко Цепенков во Охрид. Тука често поминувам и со возило и пешки и секогаш има проблем со паркираните возила каде се гледа од сликите дека цела коловозна лента е зафатена – вели Павловски за „Ти си твојот град“.