Post Views: 5
Жителка на позната населба во Охрид испрати фотографија од преполни контејнери со отпад. Ова е нејзиниот коментар:
–Сите се грижиме за чиста и уредена околина на Охрид. Се трудиме да правиме селекција на отпад, стакло и пластика. Барем за тоа имаме контејнери за да го селектираме стаклото и пластиката. Апел до компаниите кои се задолжени за сервисирање на контејнерите, барем во летниот период да го прават тоа почесто, барем еднаш неделно.
Post Views: 9
Утрово наши сограѓани до рубриката „Ти си твојот град“ испратија фотографии на кои се гледа како службите на ЈП „Охридски Комуналец“ сечат едно од големите дрва на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.
Повеќе информации проследете во изданијата на Дневникот на ТВМ телевизијА.
Post Views: 1
Охридските убавини секојдневно ги инспирираат нашите сограѓани да ги забележат преку фотографии убавите моменти. Преку најновата фотографија го доживуваме прекрасниот поглед од црквата Св. Јован Канео кон плажата Канео и стариот дел на градот.
Бидете и Вие дел од #ТиСиТвојотГрад, ги очекуваме Вашите фотографии и снимки на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.mk или преку порака на страниците на ТВМ Телевизија на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм.
Post Views: 7
Улицата 15-ти Корпус блесна во ново руво, а оваа голема промена им се допадна на Охриѓани и жителите на околните места кои секојдневно се движат по оваа улица.
-Улицата важи за една од најпрометните улици, бидејќи се наоѓа на излезот на Охрид и го поврзува градот со повеќе урбани средини. Новиот асфалт, проширување на бројот на ленти, патоказите и пополнетите дупки се навистина добро освежување за сите шофери.-вели наша сограѓанка која ни испрати слики и се вклучи во рубриката „Ти си твојот град“.
Post Views: 9
Во текот на вчерашниот ден, граѓани на Охрид забележале дека е излеана непозната течност во водите на Охридското езеро, поточно на Охридскиот Кеј на потегот од хотел Милениум до хотел Ројал. По пријава на наши сограѓани, екологистите на „Грашница“ излегоа на лице место при што ја констатираа посочената состојба и испратија слики до редакцијата „Ти си твојот град“. По преземената интервенција од страна на ЕД „Грашница“, во најскоро време очекуваме расветлување на еколошкиот инцидент.
Post Views: 12
После објавувањето на дојавата од наши сограѓани пристигната во рубриката „Ти си твојот град“, дека неколку денови тече вода од асфалтот кај Музичкото училиште „Методи Патче“, веднаш е реагирано од надлежните служби и проблемот е саниран.
Затоа, бидете и вие дел од #ТиСиТвојотГрад. Покажете ни што ве интересира, што ви пречи, што ви се допаѓа, што сакате да се смени, а што да се пофали…
За потсетување, оние кои ќе ни испратат слика или снимка, имаат можност да добијат подарок или ваучер.
Post Views: 1
Граѓани кои живеат во близина на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид се жалат дека деновиве се соочуваат со проблем, кој сеуште не е решен од надлежните служби.
-Од асфалтот кај Музичкото училиште веќе втор ден тече вода.-вели наш сограѓанин, кој ни испрати слика за „Ти си твојот град“
Post Views: 26
Лебедите се симбол за раскошна убавина и симбол за љубов. Наш сограѓанин ни испрати фотографија од охридска фамилија лебеди кои се украс на Охридското езеро.
Мајка и татко лебеди со нивните малечки уживаат во водите за езерото. Погледнете ги само колку се прекрасни !
Post Views: 10
365 дена слободни булевари и нормален сообраќај бараат охриѓани.
–Да не се организираат настани со висок степен на обезбедување, нема ни да знаеме како изгледа бул. Туристичка без паркирани возила.-велат наши сограѓани кои ни испратија слики и видео за „Ти си твојот град“
Погледнете…
https://tvm.mk/video/category/47-ti-si-tvojot-grad/3031-365
Post Views: 8
Сместен во планинскиот дел на Горно Лакочереј, манастирот „Свети Спас“ е вистинска оаза, со целосно хортикултурно уреден двор, цвеќиња, тревници, дванаесеттина конаци, кујна за готвење. „Свети Спас“ на сите намерници им нуди место за одмор, со сите можни удобности.
Наша читателка ни испрати слика од Св. Спас за рубриката „Ти си твојот град“.
Post Views: 34
Иако во текот на изминатите денови за рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваа слики со кои граѓаните на Охрид, но и жителите на околните места ги посочуваа лошите практики, како расфрлан отпад на јавни површини, несредени приватни површини кои се наоѓаат во центарот на Охрид, а се обраснати со трева и трња, елитни населби оставени во лоша состојбаи слично, денес наш сограѓанин ни ја покажува и убавата страна на Охрид.
На неговите слики остави и коментар:
„Охридското срце на Св.Наум Охридски, Св.Климент Охридски и Св.Кирил и Методиј“
Post Views: 8
Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори. Тие се извори кои изобилуваат со смиреност и не многу голема бучава. Ова богатство од вода, најголемо е во пролетните месеци, па се до јуни-јули месец, создавајќи една прекрасна слика за врутокот и за убавината на изворот.
Во рубриката „Ти си твојот град“ денес ги имаме и Вевчанските извори.