Охридско езеро сликано од Куба Либре

Post Views: 7 Едно од најсликаните места во Охрид е Охридското езеро. Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, Емилија Сајческа ни испрати слики од нашето убаво езеро, кои се направени од познатата плажа Куба Либре. Еве го и нејзиниот коментар: Убавата чиста и бистра вода во Охридсконо езеро. Сликано од плажата Куба Либре. Многу убавини на едно место.    

Continue reading

Света Тројца Велестово

Post Views: 4 Андријана Ристевска во рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика од прекрасното свето место Света Тројца Велестово. Еве што напиша таа под фотографијата: Би сакала да споделам една убава локација за прошетка во околината на Охрид. Црква Св.Тројца Велестово црква која ве освојува веднаш по пристигнувањето. Црквата има одлична местоположба која е надополнета со  живописна природа и непречен поглед на Охридското езеро. Срдечно ја препорачувам за луѓе кои сакаат пешачење( се стигнува за околу 55 мин).

Continue reading

Ѓубре на патот кај ЈП Водовод и Билјанини извори

Post Views: 9 Наша сограѓанка ни испрати слики во склоп на „Ти си твојот град“ од улицата која води кон ЈП Водовод и ресторанот Билјанини извори. Таа остави и коментар во кој вели: Нашата ниска еколошка свест, овој пат „уловена“ на патот кој води кон ЈП Водовод и ресторанот Билјанини извори. Овој потег се користи како паркинг за автомобили и автобуси, а ѓубрето најчесто завршува во зеленилото покрај патот. Нема корпи за отпадоци па би било добро да се постави табла која ќе ја разбуди свеста на посетителите дека ѓубрето треба да си го понесат со себе и да го фрлат во најблискиот контејнер...

Continue reading

Млади охриѓанчиња-голфери

Post Views: 4 Одлична иницијатива на Локалната самоуправа на град Охрид, која реши на потегот кај старата касарна да внесе спортски дух. Покрај теренот за баскет, сега на ред е голф-терен. Во рубриката „Ти си твојот град“ добивме слики од голф теренот кој сеуште е во подготовка, најмногу се радуваат најмладите охриѓанчиња кои живеат во околината. -Голф теренот на просторот во касарната во Охрид, кој сеуште е во фаза на подготовка. Огромен интерес за овој спорт пројавија децата кои живеат во близина на истиот. Одличен поттик за што поскоро завршување на истиот и ставање во функциј...

Continue reading

Расфрлан отпад, пластични шишиња на патот Пештани-Св.Наум

Post Views: 6 Аспасија Палоска испрати слики за „Ти си твојот град“ кои се направени на патот Пештани-Св.Наум. Еве што вели таа: -“Случајно испаднати”… Ако некој си ги препознае, нека си ги земе, тука се… А тоа дека Јованче и Мариче поминувале и место трошки фрлале пластични шишиња и лименки, тоа е друга приказна. Некултура!!! (На патот  Пештани – Св.Наум)

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top