Бил Клинтон хоспитализиран поради инфекција
Post Views: 2
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е примен во болница во Калифорнија поради инфекција што не е поврзана со ковид-19 и „закрепнува“, објави синоќа неговиот портпарол. 75 годишниот Клинтон беше примен во болница во вторникот вечерта.
Тој останува во болница за постојано следење – соопштија лекарите, наведувајќи дека по дводневниот третман добро реагирал на антибиотици.
Медицинскиот тим во Калифорнија е во постојан контакт со медицинскиот тим на претседателот со седиште во Њујорк, вклучувајќи го и неговиот кардиолог, се додава во изјавата на докторите...