Post Views: 0
Британската Амбасада во Скопје од денеска ќе почне да прима телефонски повици и електронска пошта за аплицирање за виза.
Апликантите на кои ќе им биде потребна понатамошна помош во врска со аплицирањето можат да се информираат на веб страницата www.visainfoservices.com или телефонски на +442-0-70-997-270.
Телефонскиот повик чини 14 американски долари кои се плаќаат со „виса“ или „мастеркард“преку безбеден автоматизиран систем.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Пратеникот на десничарската странка Златна зора ќе биде кандидат за гувернер на локалните избори во Грција во мај, иако се наоѓа во притвор и му претстои судење.
Панајотис Илиопулус е еден од шестмината пратеници на Златна зора кои се уапсени во операцијата против таа екстремистичка десничарска партија, пишува AFP.
Тој вчера ја прифатил кандидатурата, за гувернер на Тесалонија, преку телефон бидејќи се наоѓа во притвор во атинскиот затвор.
Неонацистичката Златна зора е обвинета дека стои зад напади на емигранти и политички противници.
Шест од 18 пратеници на Златна зора...
Post Views: 7
Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не го прислушувале само американските тајни служби, туку и разузнавачите на Русија, Кина, Северна Кореја и Велика Британија, тврди во денешното издание германското списание Фокус.
Објект на прислушувањето бил еден од мобилните телефони на канцеларката, кој немал криптографска заштита, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван функционер на германските безбедносни служби.
Според него, зградата каде што се наоѓа федералната канцеларија на Ангела Меркел, во центарот на Берлин, со огромниот простор околу неа,...
Post Views: 3
Охриѓани имаат можност да добијат психолошка поддршка по телефон од тим психолози од одделот за ментално здравје при Општа болница Охрид. На овој начин стручните лица ќе дејствуваат побрзо и ќе бидат подостапни и за лицата засегнати од ковид 19 , покрај секојдневната стручна помош која им ја даваат на граѓаните, информира Светлана Илоски, специјалист по медицинска психологија. Може да се јавуваат на посебната телефонска линија на бројот 070 405 961. Граѓаните се почесто се соочуваат со панични напади, депресивни и анксиозни состојби со пролонгирање на времетраењето на...
Post Views: 6
Осумгодишниот Луис Остин починал поради погрешна дијагноза. Во амбуланта во Манчестер одбиле да го лечат бидејќи имал лесна клиничка слика. Откако родителите потоа повикале брза помош бидејќи состојбата на момчето му се влошила, само ги префрлиле на телефон кај дежурната докторка. Таа пак преку телефон дијагностицирала свински грип и препишала Тамифлу. На момчето по два дена му откажале бубрезите поради недијагностициран дијабетес. Да го примеле веднаш во болницата шансите да преживее биле 95%, покажала истрагата.Мајката на момчето, Мелани Остин, се обвинува себе си...
Post Views: 0
Апелациониот суд во Бреша, Италија ,ја променал првостепената пресуда и го осудил INAIL (Национален завод за инвалидитет и несреќи на работно место) да плати оштета на 57-годишниот Иноценте Марколини, кој се здобил со 80% инвалидност после две операции на тумор на нервот Trigeminus на лицето.Марколини имал ужасни болки поради кои подолго време примал морфиум. Судот го прифатил тврдењето на Марколини дека на работното место од 1991 година до 2003 година, по 5-6 часа дневно разговарал на мобилен телефон. Покрај тоа била прифатена за меродавна и студијата на шведскиот професор...
Post Views: 1
Стартапот OLO од Сан Франциско го смисли првиот 3D принтер кој е специјално дизајниран така што ќе биде додаток на смарт телефоните. Начинот на кој OLO функционира е поприлично фасцинантен.
Во овој минијатурен принтер се става паметниот телефон кој на својот екран прикажува 3D модел на предметот кој сакате да го направите. На екранот се појавува модел кој емитува посебна светлина која во допир со материјалот во принтерот го креира саканиот предмет. Принтерот користи полимерска смола која се стврднува за време на принтањето, а делови на модулот околу паметниот телефон...
Post Views: 7
На 09.10.2021 година во СВР Охрид приведен е Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, со заканa кон вработен во угостителски објект во Охрид му одзел мобилен телефон.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 3
Притискањето на копчето од клучот со кое се отвора автомобилот или ставање на клучот во бравата пред да се стартува автомобилот наскоро ќе бидат минато.
Ова го тврдат инженерите на шведскиот автомобилски гигант Волво кој на официјалната страница го претставија возилото кое прима наредби со помош на апликација на паметниот телефон.
Волво веќе најави дека од 2017 година ќе нуди автомобили без клуч – во возилото ќе се влегува со помош на паметниот телефон, а воедно ќе служат и за стартување на моторот од возилото. Најавените новитети ќе следат, најверојатно, и кај другите...
Post Views: 6
Новиот флексибилен телефон под името ReFlex би можел да го смени начинот на кој се користат денес паметните телефони.
Овој телефон користи флексибилни сензори кои ги контролираат функциите на апликациите, додека истовремено низ деталните вибрации ја симулира физичката сила.
ReFlex го развиле научници од Универзитетот Queens, а спрема нивните зборови овие свиткувачки телефони во комерцијална употреба би можеле да се најдат за пет години.
Една од прикажаните функции на овој телефон е листање на страници на виртуелна книга кога екранот се свиткува. ReFlex ќе се разликува...
Post Views: 4
Пишувањето и праќањето пораки за време на возење, како и телефонирањето без “hands-free” опрема, освен што е со закон забрането и казниво, е изнимно опасно и може да заврши со трагични последици. И покрај бројни сообраќајни несреќи и страдања предизвикани со праќање на пораки и разговори на мобилен за време на возењето, бројни возачи и понатаму се однесуваат неодговорно и ги користат мобилните телефони додека се зад воланот. Полицијата досега ги казнуваше неодговорните возачи само во моментите кога успеваше да ги види во разговор или праќање на СМС, но во иднина работата...
Post Views: 7
Човек кој се нашол во близина на стадионот каде експлодираа две бомби тврди дека животот му го спасил мобилниот телефон.
Тој разговарал на мобилниот телефон одејќи покрај стадионот Stade de France во Париз кога експлодирала една од бомбите. Шрапнелот долетал до него но го погодил точно во мобилниот телефон.
“Разговарав, ја преминував улицата и тогаш имаше експлозија точно пред мене. Се разлетаа парчиња, почуствував како летаат околу мене. Паднав и веднаш станав. Го погодија мојот телефон и тој ме спаси, во спротивно ќе ме погодеше точно во глава”, изјавил за Reuters...