Ознака: седница

sednica

Продолжението на 39- та седница на советот во понеделник

Post Views: 7 Половина успешно реализирана седница на совет. Во содржината на дневниот ред на 39-то издание на седницата на советот, доминираа предлог одлуките за усвојување извештаи од материјално-финансиското работење на основните училишта, како и предлог одлуки за усвојување на годишните програми за работата на истите. Советниците задоволни од извештаите за материјално-финансиското менаџирање со овие образовни институции, во пакет ги изгласаа предлог одлуките кои се однесуваа на тоа. Советниците брзо одлучија и во корист на предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки...

Continue reading

soobrakaj

Од 4 јули стапува на сила летниот режим на сообраќај

Post Views: 9 Одлуката која советниците ја донесоа на  35 тата седница на совет за почеток на летениот режим на сообраќај стапува на сила во понеделник 4 ти јули. Од одделенито за комунален развој и сообраќај велат дека генерално 90% од режимот останува исти со оној од минатата година и дека истиот ќе биде само  дополнет. „Се работи за стариот дел на градот каде на улиците Коста Абраш, Цар Самоил, Илинденска и Кочо Рацин ќе се забрани запирање и паркирање на автомобили, со цел улиците да бидат слободни за движење“, вели советникот за улици Зоран Шикалески. „ Сообраќајот на овие улици...

Continue reading

sednica

Советот на град Охрид ја одржа 35-тата седница

Post Views: 6 Летниот режим на сообраќај доби зелено светло од страна на Охридските избраници. Советниците и покрај тоа што го изгласаа, сепак дадоа и предлози што треба да се направи во иднина за трајно решавање на проблемот со статичкиот и динамичкиот сообраќај. „ Во однос на сообраќајниот режим би сакал посебно внимание да се осврни на улицата „Асном“ викана „110“ или „Писта“ каде навечер се случуваат страшни работи поради брзо возење со мотори автомобили имавме несреќен случај пред неколку дена и не би сакале да се повтори тоа. Најмалку би сакале да свикуваме сред лето комеративни...

Continue reading

Proakva

Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Post Views: 19 Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП. „Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“,...

Continue reading

Sednica na Sovet

По низа негодувања, советниците дадоа амин за ДУП-ови на атрактивни локации

Post Views: 1 Денешната 34-та седница на Советот на општина Охрид започна со пауза. Причина за тоа беше  недоразбирањето помеѓу позицијата и опозицијата во Советот, по предложувањето на дополнителната точка за дневниот ред од страна на советникот од ВМРО ДПМНЕ,  Љубен Буџакоски. Тој бараше да се дискутира за одделување на водоводот во село Лескоец од мрежата на МЈП Проаква. Советникот од СДСМ Томислав Тунтев побара образложение за предложената точка и запраша “Водоводот, кој е во функција, да биде одземен и вратен  – каде?“ За да ги смири страстите, градоначалникот истакна...

Continue reading

asednica

Денеска заврши 31-вата седница на градскиот Совет

Post Views: 5 Денеска охридските советници го одржаа продолжението на 31 та седница. Како што е добро познато, од оваа седница остана не усвоена предлог -одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште за изградба на административен објект при Свети климентовиот Универзитет, што ја предложи советникот на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој уште еднаш појасни дека ова е добра прилика општина Охрид да учествува во проект од капитално значење за градот. Но, за советниците од СДСМ, сега не било вистинско време општина Охрид да планира вакви огромни инвестиции, рече...

Continue reading

Plaoshnik

Охриѓани „ЗА“,Општина Охрид да биде ко -инвеститор во проектот на Плаошник

Post Views: 11 За Предлог одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште, за изградба на административниот објект, Свети Климентов Универзитет на Плаошник, охриѓани велат дека е добра идеја. Нашите сограѓани додаваат дека на тој начин парите од граѓаните, повторно ќе бидат употребени за нивно добро. На последната седница на Советот на Општина Охрид, советничката група на ВМРО ДПМНЕ преку Координаторот на групата, Дејан Пановски, побара да се стави на дневен ред оваа предлог одлука. Имено предлогот всушност претставува можност, Општината да учествува во изградбата...

Continue reading

proekt Plaoshnik

Треба ли Охрид да учествува во проектот на Плаошник?

Post Views: 2 Треба ли Општина Охрид да биде ко-инвеститор во проектот за  изградба на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник? Оваа точка на денешната седница на Советот на општината, предложена од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по две долги координации стана дел од дневниот ред. Имено, станува збор за предлог за учеството на општината во проектот за изградба на административните објекти на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник. Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски со свое видување:-„Општина Охрид треба да земе учество во целокупниот проект...

Continue reading

opshtina

Финансиски рапорт на јавните претпријатија

Post Views: 11 На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта. Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид. Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето...

Continue reading

ohrid

Поставувањето на дивите тезги долж кејот да се регулира со закон

Post Views: 6 Годишната програма за поставување урбана опрема ќе почека некоја наредна седница. Ќе биде донесена откако советниците од сите политички партии ќе се произнесат по овој предлог. Да се спречат загубите кои ги трпи општина Охрид поради диво поставените тезги на кејот. Советниците на ВМРО-Народна со став-поставувањето на тезгите долж кејот на езерото да се стави во законски рамки. Минатата година, годишната програма за поставување на урбана опрема и покрај тоа што била едногласно донесена, нејзиното спроведување на дело одело многу потешко. Повеќето советници сложни околу...

Continue reading

sednica na Sovet

Извештаите за работата на локалната пред советниците

Post Views: 3 Работен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко. По давање зелено зветло за Предлог Одлука за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, кај советниците спротоставени мислења околу Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски забележа дека во извештајот се само ископирани...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Како фунционира локалната без градоначалникот?

Post Views: 6 Отсуството на градоачалникот ги забави работите во локалната самоуправа. „Проблемите се натрупуваат, а граѓаните мора да знаат што се случува“, вели претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. „Во овој момет локалната е во длабок зимски сон, советот не работи, седници нема, планови за наредната година нема, никакви извештаи за тоа како ќе се реализира буџетот, нема програма за туризам , за локален економски развој, едноставно во моментов општината како да не фунционира. Пред Нова Година градоначалникот на вработените им подели К15 по 12 000 денари, а советниците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top