Post Views: 12
Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја.
Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Ивана Маховска Шикалеска, која поднесе оставка од позицијата. Градоначалникот Кирил Пецаков и се заблагодари за досегашниот ангажман и соработка.
Post Views: 10
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека поради големиот интерес на читателите Саемот на книгата денес и утре ќе биде отворен од 10 до 18 часот. Љубителите на книгата саемот ќе можат да го посетат и во сабота од 10 до 14 часот.Од понеделникот во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со издавачката куќа „Матица македонска“ се одржува саем на кој лектири и белетристика може да се купи на попуст до 50 проценти.
Post Views: 2
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Матица Македонска организираат мини саем на книгата. Пет дена ќе трае мини саемот на кој ќе бидат презентирани повеќе од 200 наслови од домашни и странски автори.Настанот е во знак на одбележување на Месецот на книгата кој почна на 15 октормври и ќе трае до 15 ноември. Ова е можност љубителите на белетристика да набават за своите домашни библиотеки интересни наслови без да патуваат во Скопје.
Благодарност до издавачката куќа Матица Македонска ги има изложено своите книги. Но тоа не значи во иднина да немаме и други издавачки куќи. Среќна...
Post Views: 4
Ученици, родители, наставници од ОУ „Григор Прличев“ со дводневен хепенинг се обединија заедно кон иста цел: грижа и еднаквост. По иницијатива на Советот на родители во соработка со директорот, стручната служба, наставничкиот кадар, Ученичкиот парламент и родителите беше реализиран проектот РЕТКОСТА ИНСПИРИРА.
Беше одржан хепенинг во училишниот двор насловен „Петка во боја“ во кој учествуваа децата со музички точки и родителите кои ги обоија своите дланки и оставија отпечаток на ѕидот на училиштето.
Сашко Георгиески – Претседател на Совет на родители
Само за 5% од...
Post Views: 13
ХАЈ – ФАЈ / ПОНЕДЕЛНИК 9-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денари
Година: 1987Траење: 102 минутиФилмот “ХАЈ – ФАЈ” создаден е според мотивите на истоимената театарска пиеса на Горан Стефановски.Борис Бојановски, после пет години поминати во затвор, не успева да се снајде во ситуација која што ја наоѓа во сопствениот дом. Судирот со син му започнува околу некои тривијалности, но многу бргу се продлабочува во суштински генерацијски конфликт.Филмот го следи развојот на односите помеѓу таткото и синот, врз кои се рефлектираат и некои пошироки...
Post Views: 7
Голем успех на ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на меѓународен натпревар по англиски јазик. Емилија Николовска, ученичка во VII одделение во ОУ „Григор Прличев“ –Охрид се пласираше во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders –Hippo 2018. Таа заедно со својата наставничка, менторот Билјана Маркоска, ќе учествува во финалниот круг на ова натпреварување во Италија на 12 и 13 мај.
Post Views: 1
Со пригодна свеченост во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, синоќа, основното училиште што го носи името на великанот, го одбележа патрониот празник. Учениците и нивните професори несебично се потрудија да направат една богата културно уметничка програма која го задржа вниманието на присутните кои ги имаше во навистина голем број.
Би сакала да им се заблагодарам на нашите ученици на нашите наставници за целокупната подршка која ни ја даваат за да го постигниме она што сме го зацритале. За патрониов празник имавме голема раздвиженост, имавме многу пофалени многу наградени...
Post Views: 3
Гордана Стојаноска со поемата „Клучевите“ е лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2017 година. Почестена сум со ова високо книжевно признание и како човек и како автор. Мотивацијата за поемата произлезе од состојбата во која се наоѓа човекот во модерниот свет. Постојано изложен на притисоци , бомбардиран претежно со негативни информации за војни, несреќи, жртви, истакна д-р доцент Стојаноска на свеченоста по повод врачувањето на наградата „Григор Прличев“.
„ Поемата ги става на вага сите универзални вредности, како што се верата , љубовта, надежта, храброста, љубопитноста,...
Post Views: 64
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Медитеранската академија “Браќа Миладиновци” – Струга, одбележува 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, Јосип Јурај Штросмаер.
За таа цел денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид пригодна реч за животот и делото на деецот ќе одржи Проф.Д-р Златко Крамариќ, Амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија.
Повеќе информации за настанот во изданијата на Дневникот на ТВМ ТелевизијА во 17 и 22 часот.
Post Views: 1
Предновогодишната атмосфера денес се чувствуваше и во основното училиште „Григор Прличев“. Раздвижени и весели беа учениците од 1 до 5 одделение на традициналниот училишен базар кој се одржува во овој период од годината, а каде ги продаваа своите изработени декорации.
Одржувањето на ваков вид базари на кои се продаваат различни изработки од учениците, наставниците и родителите има повеќе придобивки, напоменува Офелија Петреска, директор на основното училиште „Григор Прличев“. Се развиваат креативноста, дружењето и хуманизмот, подвлекува Петреска.
„ Парите се наменети...
Post Views: 23
И на почетокот од овој месец септември правиме избор од 10 книги од областа на белетристиката кои од денес им се достапни на читателите. Топ листата ( редоследот ) е случаен, не ја одразува нивната содржина ниту популарноста на авторите.
„Патувам сама“ од Самуел Бјорк
„Град од пареа“ од Карлос Руиз Зафон
„Без граници“ од Џим Квик
„Убиј го таткото“ од Сандроне Дациери
„Ноќно пливање“ Меган Голдин
„Убиецот со распетието“ од Крис Картер
„Ѕвончињата на снегот“ од Сара Морган
„Сендмен“ од Лаш Кеплер
„Коски на срцето“ од Колин Хувер
„Што знае ветрот“ од Ејми Хармон
Романите...
Post Views: 0
Две години под клуч е спомен куќата на Григор Прличев. Музејот на македонскиот и охридскиот преродбеник Григор Прличев во Охрид беше отворен за посетителите до септември 2015 година. На нашето прашање упатено до НУ „Завод и Музе“ј зошто спомен домот е затворен за јавност појаснуваат дека објектот не бил рентабилен. Посочуваат дека по констатацијата дека објектот не е посетен и не е рентабилен дошла одлуката да биде затворен. За да работи музејот биле ангажирани лица со договор на дело за кои биле исплаќани пари од сметката за самофинансирачки активности на НУ Завод и...