Сообраќајната полиција од Охрид одзеде девет возачки дозволи на алкохолизирани возачи
Post Views: 6
Осум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање а девет возачи се исклучени од сообраќај во ноќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.
По тие основи, сообраќајната полиција одзеде девет возачки дозволи и издаде исто толку платни налози.
Синоќешната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Вакви акциски контроли ноќеска се реализираа на целото подрачје...