Post Views: 0
Струшкиот Совет конечно живна. Денес на продолжението од втората седница беа избрани Комисиите од советници како и Управните одбори на Јавните претпријатија. Мал револт покажаа двајцата советниците од ПЕИ, кои сметаат дека се недоволно застапени во Комисиите како припадници на торбшката заедница.
„Ни е битно затоа што ние сме избрани од таа заедница и ја претставиваме таа заедница во Советот на општина Струга. Тоа е дискриминација“. Даме Ложанкоски советникот на струшките социјалдемократи рече дека работите во струшкиот Совет конечно почнале да се придвижуваат и дека...
Post Views: 0
Со денешното продолжение на 35-тата седница заврши неизвесноста со Буџетот за општина Струга за 2012 година. По пет дена струшките советници сепак го изгласаа со 14 гласа за, 4 против и 9-мина воздржани. Усвојувањето на Буџетот проектиран на 13,5 милиони евра запна на 31 декември кога советниците од ДПА, Вмро Дпмне, СДСМ, ПЕИ и ЛДП не го прифатија буџетот на последната седница од 2011. На оваа седница никој од советниците не се произнесе зошто не го прифаќа буџетот, иако ги прифативме сите нивни амандамани, истакна градоначалникот Рамиз Мерко. Градоначалалникот...
Post Views: 8
Под ова мото денес претседателот на ПЕИ, Фијат Цаноски, ја претстави во јавноста својата изборна платформа. Цаноски вели, дека посебно сега кога се дел од коалицијата на СДСМ, на митинзите владее невидена еуфорија. Забележале двојно зголемување на членството во нивните редови и според тоа очекуваат максимална победа. Тој додава дека и во оваа изборна кампања се соочува со големи проблеми, притисоци и заканувања од одредени политички блока, но дека тоа не го плаши да оди со крената глава пред народот, кој на митинзите го дочекувал со раширени раце.
„Ние си ја знаеме...
Post Views: 8
Торбешите во Македонија бараат институциноално да бидат регулирани нивните права. Денес во организација на Торбешкиот Културно-Научен центар, Румелија какои и Партијата за европски интеграции, ПЕИ, промовирани торбешката декларација и повелба. Генералниот секретар на ПЕИ како и основачот на Румелија, Мехмед Џемајлоски вели дека од оваа партија стојат зад сите активности од Културно-Научниот центар, Румелија. Целта е една, торбешите во Македонија да ги уживаат истите права како останатите етнички заедници во земјава.
Претседателот на „Румелија“ Шериф Ајрединоски, вели...
Post Views: 0
Доставените жалби од страна на Партијата за европска иднина до Управниот суд на Македонија речиси сите одбиени. Побарана е достава на доказен материјал само за избирачкото место 1877, со регистрирани 806 гласачи во избирачкиот список.
И евентуалното прифаќање на жалбата за ова избирачко место од страна на Управниот суд, нема да влијае на изборниот резултат – Рамиз Мерко е старо – новиот градоначалник на Струга.
Цаноски е на потег – дали ќе биде реализирана неговата намера за жалба пред Меѓународниот суд во Стразбур.
{loadposition content9}
Post Views: 1
„Ако вака сакаше да победи кандидатот од ДУИ Рамиз Мерко, тогаш во Струга воопшто не требаше да се организираат избори. Ги наполнија кутиите и затоа резултатите се во негова корист“, вели против кандидатот од ПЕИ, Фијат Цаноски.
Цаноски тврди, дека активисти на ДУИ, по налог на Рамиз Мерко, во вториот изборен круг масовно ги полнеле кутиите. За разлика од порано, овој пат фалсификатот бил на, како што рече културен начин, преку семејно гласање -едно лице да гласа за 30 лица, и тоа за луѓе кои се надвор од Македонија, кажува Цаноски. Овој пат своето право на глас го...
Post Views: 2
По бројните забелешки за нерегуларности, очекуваат дека во овој регион ќе се поништи гласањето.
Реагираа на многу неправилности при гласачкиот процес. Велат дека биле вршени многу нерегуларности и тоа во избирачките места каде доминира албанското население.
Повеќе групи оделе по избирачките места и гласале во име на други лица, полнеле кутии – но на поинаков начин од претходните избори, тврдат од ПЕИ.
Од оваа партија веќе се поднесени приговори до ОИК, за вкупно 26 избирачки места кои носат 3 илјади гласови. Најавија дека забелешките ќе ги достават и до Државната...
Post Views: 23
Градоначалничкиот кандидат на ДУИ Рамиз Мерко, ги отфрли обвинувањата на неговиот против кандидат за меѓупартиски инциденти во Струга. Актуелниот градначалник вели „Го разбирам мојот конкурент за сериозните обвинувања упатени до мене, дека активисти на ДУИ и мои роднини вршеле притисок врз семејството Цаноски…..сега тој е во паника и постојано бара начин како да се правда за потрошените пари за купување гласови.“
Со тоа што кандидатот од ПЕИ ангажирал специјални полициски сили и поставил полициски пунктови како во воена состојба, негативно влијае врз градот,...
Post Views: 0
ТелевизијА ТВМ дознава дека синоќа во Струга имало меѓупартиски инцидент. Извор од струшкиот огранок на партијата ПЕИ го потврди инцидентот и посочи дека активист на ПЕИ бил малтретиран од неколку активисти на ДУИ. Настанот се случил во доцните вечерни часови, кога нивниот активист бил пресретнат, насилно извлечен од возилото, при што бил вербално навредуван, а возилото било претресувано.Од партијата ПЕИ додаваат и дека случајот веднаш бил пријавен во полиција. Официјално, за случајот ќе се огласат утре на прес конференција.
Од СВР Охрид пак, негираат дека до нив пристигнала...
Post Views: 1
Денес потпишаа меморандум дека на престојниве избори ќе имаат заедничка листа. „За овој потег се одлучивме со цел да ги спречеме манипулациите за гласови со ситни пари“ со ова население рече Фијат Цаноски претседател на ПЕИ.
На локалниве избори партијата на Фијат Цаноски, ПЕИ ќе биде во коалиција со Општинските организации на Партијата на Еѓипќаните и Партијата за демократски просперитет, рече првиот човек на ПЕИ. Овие три партии имаат заедничка советничка листа. „Знаеме што се случуваше минатите избори посебно со Еѓипќаните. Овие луѓе се големо гласачко тело во Охрид....
Post Views: 2
На денешниот конгрес на СДСМ во Скопје, утврдени се носителите на листи и кандидатите за пратеници од редовите на оваа партија. Во нашата изборна единица бр.5, носител е Јани Макрадули, а Митре Велјановски, членот на Извршниот одбор на партијата од Охрид, е на високот 4. место. Стружани ќе ги претставува Александра Несторовска, на која и е доделено 9. место на листата.Пред Велјановски се најдоја претседателот на ПЕИ Фијат Цановски, кој е позициониран на местото бр.2, додека на третото место е досегашната пратеничка од Битола Весна Бендевска.