Изборите ги избркаа гостите од Струга, вели Рамиз Мерко

Ги отфрла обвинувањата на неговиот против кандидат Цаноски, за меѓупартиски инциденти.

 |  Билјана Колоска  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко

Градоначалничкиот кандидат на ДУИ Рамиз Мерко, ги отфрли обвинувањата на неговиот против кандидат за меѓупартиски инциденти во Струга.  Актуелниот градначалник вели „Го разбирам мојот конкурент за сериозните обвинувања упатени до мене, дека активисти на ДУИ и мои роднини вршеле притисок врз семејството Цаноски…..сега тој е во паника и постојано бара начин како да се правда за потрошените пари за купување гласови.“

Со тоа што кандидатот од ПЕИ ангажирал специјални полициски сили и поставил полициски пунктови како во воена состојба, негативно влијае врз градот, објаснува Мерко и додава дека веќе неколку инвеститори ги повлекле инвестициите наменети за оваа општина. 

Fijat Canoski„Моменталната состојба со засиленото полициско обезбедување го нарушува и  имиџот на туристичка Струга“ вели Рамиз Мерко. Според него, гостите кои биле дојдени во моментов во Струга, по шпекулациите за наводните инциденти веднаш го напупштиле градот.

Фијат Цаноски пак, по однос на прашањето околу туристите, вели дека гости во Струга години наназад не биле дојдени. „Кој иде во град со дупки и прашини по улиците ?“-прашува кандидатот од ПЕИ.
 
На денешниот прес, Мерко истакна дека неговите и залагањата на штабот на ДУИ, биле и сеуште се за цивилизирана кампања, без навреди и притисоци, како и избегнување на евентуални инциденти.

За ова се залага и кандидатот од ПЕИ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top