Post Views: 2
Грчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис по средбите со посредникот Метју Нимиц и македонскиот колега Зоран Јолевски, за грчките медиуми изјавил дека „Грција сака решение, но другата страна не направи ништо досега и останува на позицијата од 1995 година”.
Василакис во изјава за грчката агенција ANA-MPA додал дека нема разлики во позициите на Македонија. Посредникот Метју Нимиц по заедничката средба во вторникот во Њујорк ги повика двете страни „сериозно да размислат дали постојат нови начини за решавање на спорот”.
Нимиц исто така најави...
Post Views: 0
Поделбата на МЈП „Проаква“ останува на статус кво. После отпочнување на постапката за делба на Р.Е. Охрид и Струга, иницирана од страна на првиот човек на ова претпријатие Томе Паскалоски, меѓуопштинското претпријатие во моментов спасено е од концесионерство, односно продажба, бидејќи раскинат бил штетниот договор од претходното раководство, како што објасни Паскалоски. Директорот вели дека во моментов се чека да се донесе одлука за основање со издвојување. До каде е заглавена постапката Паскалоски им објасни на охридските советници.
„Комисијата која што беше формирана...
Post Views: 26
„Отекс“ според податоците што ги објави Управата за јавни приходи – УЈП, за ДДВ должи 670,233,232 денари. Фирмата има и неплатен данок на добивка од 705,102 денари, или вкупно на име даноци државата од „Отекс“ побарува 670,936,334 денари.
Имотот на „Отекс“ е распродаден. Останаа само големите долгови кон државата и работниците на кои не им се исплатени лични примања, но и придонеси за повеќе години.
На листата должници на УЈП следи државното претпријатие „Македонија пат“, кое за ДДВ должи 411,910,930 денари, а во врвот е и МРТВ.
На листата на должници за неплатен данок...
Post Views: 1
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја отфрли можноста голманот Бен Фостер да замине на позајмица.
26 годишниот голман ја започна сезоната како прв избор на Ферги но сега тој е зад Едвин ван дер Сар и Томаш Кушчак. Во медиумите се појавија шпекулации кои велеа дека е можно Фостер да замине од Олд Трафорд со цел да обезбеди регуларно мести и да си ги зголеми шансите за настап на Светското Првенство.
Но стратегот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја отфрла можноста Фостер да замине на позајмица.
“Апсолутно нема никакви шанси Бен да замине на позајмица.”...
Post Views: 7
Пау Гасол неодамна го продолжи договорот со Лејкерси со кој му останува верен на клубот до 2014 година.
Тригодишната верност кон клубот ја наплати 45 милиони долари. „Премногу сум среќен и задоволен а воедно и благодарен на клубот за докажаната доверба и што ми беше понудено да останам во екипата“, изјави Гасол во интервју за весникот „Марка“.
Повеќето од новинарските прашања беа за финансикиот дел од договорот и дали играчот успеал да добие максимум на финансиски план.„Не, Лејкерси можеа да чекаат да ми истече договорот и да ми понудат нов за помалку пари. Од друга...
Post Views: 2
„Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, е темата на безбедносниот форум кој денес се одржува во Охрид. Форумот го отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој во своето обраќање пред присутните истакна дека нашата земја останува посветена на својата цел да стане што поскоро членка на НАТО. Додаде дека ресорното министерство продолжува со реформите во армијата во одбрамбениот сектор бидејќи тоа е важно не само за граѓаните туку и за државата бидејќи градиме силна мобилна и ефикасна армија.
„Ние започнавме...
Post Views: 2
Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата. Од денес ќе купуваме поскапо гориво!
Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на бензинот и дизелот се зголемуваат во просек за 0.18 проценти.
Преведено во реални бројки, тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат за 1 денар и ќе се продаваат по цена од 80, односно 81.50 денари за еден литар. ЕУРОДИЗЕЛ останува со истата цена, и ќе се продава по цена од 67.50 денари за литар.Новите цени стапуваат на сила...
Post Views: 2
Алберто Контадор ќе остане член на Астана најмалку до истекот на важечкиот договор, односно до крајот на наредната година, објавија од казахстанскиот клуб.
Крајот на неодамна завршената сезона почнаа да кружат шпекулации како би требало најдобриот светски велосипедист би можел да ја напушти Астана поради наводни финансиски проблеми кој го потресле клубот, но претседателот на казахстанскиот велосипедски сојуз Николај Проскурин таквите тврдења категорично ги демантира.
„Немаме апсолутно никакви проблеми со Алберто како ни во внатрешните структури на темот, и сигурно дека...
Post Views: 1
Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Сите кажаа по нешто, но епилогот, останува енигма. Деновиве во Струга се актуелизира новонастанатата состојба на политичка сцена. Излегувањето од коалиција со Рамиз Мерко, но не и од ДУИ, струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го образложи кратко и јасно, проди несогласувањето со политиката на градоначалникот, кој работи за лични интереси а не и за Македонците. После тоа следуваа реакции и кај...
Post Views: 7
Претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло изјави дека во наредните недели тимот ќе одлучи дали ќе го задржи Кими Раиконен или за наредната сезона ќе го ангажира Фернандо Алонсо.
“Дали ќе имаме шпански или фински возач? Ќе ја донесеме одлуката во наредните неколку недели. Сигурно е дека имаме и еден Бразилец кој заслужува втора шанса, а фала му на Бога, добро му е”, изјави Монтеѕемоло одговарајќи на прашањето на еден студент за време на свеченоста на Универзитетот во Фиренца.
Говорејќи за бразилскиот возач, Монтеѕемоло потсети дека закрепнувањето на Фелипе...
Post Views: 7
Денес е 1ви февруари, за нас само прв ден во месецот, но за Сашо и Гина Ѓеорѓиески, ова е денот кога треба да ги соберат оние малку работи кои ги поседуваат и да се иселат од станот каде досега живееја под кирија. Мора да заминат бидејќи немаат од каде да платат кирија, а веќе должат за неколку месеци наназад. Плинската боца со која се топлат полека догорува, кога ќе се потроши, ќе нема и на што да се топлат. Велат, сопственикот на станот им понудил да му платат половина од парите кои ги должат за кирија, но Сашо вели дека немаат ниту за половина. Сопругата му е невработена,...
Post Views: 0
Според извештајот на Global Web Index, Facebook и понатака останува најпопуларната социјална мрежа, но сега на воторото место се најде Google+, кој е подобар од Twitter по бројот на корисници.
Global Web Index инаку ги следи движењата на 31 светски пазар, што претставува околу 90% од вкупниот број на корисници. Нивните резултати покажуваат дека дури 51% од интернет корисниците во светот го користат Facebook. Google+ сега се наоѓа на второто место со 25% од корисниците, a трет е Twitter со 21%. Поради растот на популарноста на социјалните мрежи, некои локални социјални...