Се решава судбината на Раиконен

Претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло изјави дека во наредните недели тимот ќе одлучи дали ќе го задржи Кими Раиконен или за наредната сезона ќе го ангажира Фернандо Алонсо.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kimi Raikonnen
Кими Раиконен

Претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло изјави дека во наредните недели тимот ќе одлучи дали ќе го задржи Кими Раиконен или за наредната сезона ќе го ангажира Фернандо Алонсо.

Kimi Raikonnen“Дали ќе имаме шпански или фински возач? Ќе ја донесеме одлуката во наредните неколку недели. Сигурно е дека имаме и еден Бразилец кој заслужува втора шанса, а фала му на Бога, добро му е”, изјави Монтеѕемоло одговарајќи на прашањето на еден студент за време на свеченоста на Универзитетот во Фиренца.

Говорејќи за бразилскиот возач, Монтеѕемоло потсети дека закрепнувањето на Фелипе Маса кој на трката за големата награда на Унгарија одвај ја преживеа тешката несреќа, оди според планот. Маса привремено го заменува Џанкарло Физикела.

Монтеѕемоло изјави и дека му е жал што е казнет долгогодишниот шеф на Рено Флавио Бриаторе.

“Во последните 20 години, Бриаторе направи многу за Формула 1. Зборуваме за сериозни и сложени работи, но се надевам дека наскоро казната ќе биде ублажена”, изјави Монтеѕемоло.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top