САД повикаа научни списанија да не објавуваат детали за најсмртоносниот вирус на грип создаден во лабораторија
Post Views: 4
САД за прв пат во својата историја повикаа весници да цензурираат научна информација заради стравување дека од неа може да имаат корист терористи, пишуваат весниците „Њујорк тајмс“ и „Гардијан“.
Владин консултативен орган од научните списанија „Нејчр“ и „Сајанс“ побара да не објавуваат детали, односно биомедицински експерименти за вирус на грип, за наодите да не бидат искористени од терористи со предизвикување епидемии од смртоносни вируси.
Барањето е упатено од Националниот научен консултативен орган за биосигурност на САД, што ги повикал двете научни списанија да ги...