Post Views: 4
Опаѓа квалитетот на функционирањето на Советот на општина Охрид, реагира советникот од ВМРО – НП Јоне Станкоски. Тој нагласува дека не треба да се заборави дека Советот е нормативен орган и согласно Законот за Локалната Самоуправа, тој е највисоко тело во една општина. Станкоски посебно е револтиран од дислокацијата на одделението за поддршка на Советот.
„Последно нешто кое што се случи кое што уште повеќе значи деградирање на институцијата Совет, Советничките канцеларии односно одделението за поддршка на Совет кое што беше сместено веднаш до големата сала за седници...
Post Views: 0
Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши
„Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето ќе...
Post Views: 0
Голем број охриѓани реагираат на повисоки сметки за годишен данок на имот. Граѓаните се чудат на што се должи зголемувањето на давачката. Ставката на данок на имот е непроменета и изнесува 0,3 посто од вкупната вредност на имотот. Одговор побаравме од одделението за даноци при Локалната самоуправа.
И покрај нашето инсистирање на директна средба со надлежен од одделението кој би ги објаснил причините за зголемувањето на сумите на данокот на имот, не добивме можност, како што рекоа, заради презафатеност. Добивме штуро писмено објаснение во кое се наведува дека Локалната...
Post Views: 5
Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.
Локалната самоуправа во содејство со ЈП „ Охридски комуналец“ ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на...
Post Views: 2
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по повод 8 ми март меѓународниот празник на жената оствари средби со голем број на претставнички од понежниот пол.
Каранфили од градоначалникот добија и постарите охриѓанки на одделението за геријатрија.
„На сите жени од Охрид и од Р. Македонија многу среќа и здравје, помалку грижи и се надевам дека еден ден Македонија и Охрид ќе биде место каде што нема да постојат ниту социјални ниту полови предрасуди и местото на жената во целокупното живеење ќе биде подеднакво“ – изјави Бакрачески.
Директорот на општа болница Охрид,...
Post Views: 0
Што најмногу ги интересира граѓаните на Охрид? Oд почетокот на годинава до денеска само 10 тина граѓани побарале информација од општината. Законското право да ја прашаат Локалната институција повеќе го користат здруженијата и организациите отколку физичките лица, вели Васил Ложанкоски од Одделението за односи со јавност при Локалната Самоуправа на Охрид.
Ложанкоски нагласи, дека минатата година општина Охрид имала рекорден број на барања од граѓани за информации од јавен карактер дури 50. Според него најголем интерес граѓаните пројавиле за прашањата поврзани со општествените...
Post Views: 0
Состојбата со грипот во Охрид, стабилна. Од почетокот на сезоната, бројот на заболени од грип е во благ пораст, но, бројките не се разликуваат драстично од истиот период од минатата година. Според информациите од епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, во првите две недели биле регистрирани 18 заболени, третата недела започнала да расте бројката за да стигне до 104 претходната и 110 последнава недела.Имунизацијата на охриѓани со вакцини против грип и тоа како има влијание врз бројката на заболени. Според Стурлакова досега немало пријавено заболен од грип оној...
Post Views: 3
Охридската општа болница доби опрема од австралиско – македонското друштво на лекари. Се работи за современ уред за полесно дијагностицирање на болестите на уво, нос и грло, а исто така и прегледите со помош на новата опрема треба да бидат побезболни, како што изјави др Ленка Беде. Таа појасни дека со новата опрема болницата оди чекор понапред и ги следи современите светски трендови во медицината.
„Добивме еден софицистиран уред бинокуларна конвергентна оптика со која може многу прецизно да дијагностицираме, а исто така и да го опсервираме лекувањето после ординирана...
Post Views: 2
Хотелиерите и угостителските работници од Охрид уредно го одлагаат отпадното масло.
Само во изминатите 4 години, на ниво на општина Охрид биле собрани околу 53 тони отпадно масло кое потоа било соодветно складирано од страна на фирма овластена од Министерството за животна средина. Поведени од ваквите бројки, Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа го изработи пилот проектот за собирање на отпадно масло кое се генерира при подготвување на храна во домаќинствата. За таа цел, тие уште во Декември минатата година поделија 100 кантички...
Post Views: 0
Болнички кревет повеќе се бара на нервното одделение во охридската болница. Просторните услови на одделението се со мал капацитет и не може да ги примат сите пациенти кои бараат лекарски третман. Портпаролот на болницата д-р Сашо Василески појаснува дека станува збор за најчест случај на пациенти со мозочни удари, а капацитетот на одделението е стопроцентно оптоварен. Болницата е од регионалне карактер па лекарска помош на одделот не бараат само охриѓани туку и жителите од југозападниот регион, од градовите Македонски Брод, Кичево, Дебар, Ресен и Струга, укажува...
Post Views: 5
За предлог одлука организација на локалната администрација, расправаа советниците на деветтата седница на совет и истата доби зелено светло.Секретаротна општина Охрид Димитар Спасески вели дека овој потег на локалната е резултат на наследената обемна администрација, како и на несоодветниот начин на распределба на вработените во секторите и одделенијата. Според него со новиот начин на организирање, ќе се создадат и неколку нови сектори, а некои од досегашните ќе бидат раздвоени.
Секретарот потсети дека новата локална самоуправа со превземањето на власта се соочила...
Post Views: 4
Пити и погачи од домашната кујна на охридските пензионерки, како и топли обувки денес пристигнаа на одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Ова е гест на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, кои и годинава по повод празниците, традиционално ги посетија старите лица кои се сместени на ова одделение.
„Традиционално како и секоја година доаѓаме овде кај нашите колеги и колешки пензионери да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, со скромни подароци и со по нешто од нашите кујни и да им посакаме добро здравје и добро да се држат додека...