Post Views: 15
Артур Богомил Бартон, минал пеш низ шест континенти, а вели дека километри броел се додека поминал 30.000. Патот од Европа, преку Црното море, Босфорот, Истанбул, Грција, Света гора и Солун го довел во Охрид. Објаснува дека љубезните охриѓани кога го здогледале како пешачи, веднаш му понудиле храна и покрив над главата. Артур е воодушевен од убавините на Охрид и од односот на луѓето кои тука му понудиле храна и можност да преспие. Оваа илјадагодишна убавина и богатство на култура, не смее да се зема здраво за готово, вели тој.
„Бидејќи сум бугарин по потекло, јас знам...
Post Views: 2
Методологијата за наплаќање на услугите на лежечките болни, стави многу болници од земјава на Ѕидот на срамот од Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив се најде и Општата болница од Охрид. Поради тоа охридската болница беше една од здравствените установи на која и беше Изречена договорна казна за неправилности при кодирање на пациентите според ДСГ методологија, а во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец. Координаторот за работа со оваа методологија во охридската болница, Д-р Катерина Попоска вели дека казнети се за грешки кои се направени...
Post Views: 3
Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении. Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак,...
Post Views: 6
Овој кипарско-француски пијанист, за прв пат на „Охридско лето“ настапил во 2007-та година. Кацарис не го криеше своето воодушевување, што настапува во простор како што е црквата Св.Софија, бидејќи на својот роден Кипар, тоа едноставно не било возможно. Тој додава дека да се настапува во ваков монументален објект, за него претставува вистинско доживување.
„Акустиката е неверојатна, јас секогаш го правам ова пред да започнам со изведбата, и гледам дека постои природна акустика. А знам што зборувам кога говорам за фестивалите, бидејќи триесет години бев уметнички директор...
Post Views: 5
Изминатава година Охрид особено се истакнува со бројот на млади талентирани деца во најразлични области кои постигнуваат големи успеси. Од научници, одлични стрелачи, кајакари, велосипедисти преку талентирани пејачи и млади уметници. Ова го забележаа од О.О на ЛДП од Охрид кои на прес конференција јавно им се заблагодарија и им изразија подршка на сите млади таленти кои се закитија со награди и кои одлично го промовираа Охрид. Но искажаа и доза на загриженост.
„ЛДП сака да ја поздрави големата ангажираност на младите во невладините организации и волонтерска работа. Истовремено...
Post Views: 2
Општина Охрид има пари, но нема воља за изградба на јавни градски санитарии или тоалети. Денес на оваа тема се огласија од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој проблем години наназад се провлекува, а надлежните никако да го решат, истакна Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам. Патчев вели дека во неколку наврати било укажувано на службите во Локалната самоуправа за големата потреба од изградба на јавни санитарни јазли, пред се поради големата фрекфенција на гости не само за сезоната туку и воопшто. „На инсистирање на туристичките водичи во градов кои се соочуваат...
Post Views: 5
Се, за туризмот во Охрид. Од утре екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон чистење од градежен шут и друг вид на отпад, покрај магистралниот пат од охридскиот аеродром до влезот на градот. Иако тоа не е во нивна надлежност, директорот на ЈП Сашо Алче вели, ако се погледне од страните на патот, состојбата е очајна и го нагрдува лицето на влезот на балканскиот бисер, градот под Самоиловите тврдини, Охрид. Тој е категоричен дека веќе е даден налог од страна на Петрески за да се исчисти овој потег, бидејќи на туристите не ги интересираат надлежностите и обврските...
Post Views: 5
Охриѓанец доживеал непријатно искуство паркирајќи го своето возило пред План Б. Завчера околу 22 часот излегувајќи в град го оставил својот автомобил на паркингот пред ова кафуле и бил сигурен дека овој простор е слободен бидејќи ништо не асоцирало дека на овој паркинг се наплаќа. Кога се вртил околу полноќ го дочекало непријатно изненадување. На задното лево тркало имало поставено блокада. Тој се распрашал што се случило па некои граѓани го упатиле да оди и да се информира во куќарката кај Мекдоналдс. Таму му рекле да оди и да плати на каса, каде пак му побарале 1200...
Post Views: 23
Пожар го зафати студенскиот дом „Никола Карев“. Оган и чад утрово околу 9. 30 минути ги вознемири гостите сместени во овој објект. За среќа повредени во пожарот нема. Оганот започнал во помошната просторија на домот и предизвикал паника кај гостите и неколку случаи на полесно труење. Очевидците раскажуваат дека чадот ги исполнил собите до 4 спрат.„ Имаше голема паника меѓу луѓето, чадот беше проширен нагоре. Имаше мајки со мали деца, се обидовме да ги извлечеме безбедно. Им кажавме да стават влажни крпи на устата, а од кога видовме дека нема оган ги отворивме прозорците...
Post Views: 13
На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо.
Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е...
Post Views: 2
Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен...
Post Views: 5
Со метафората на идеалната љубов, вонвременското драмско дело на Шекспир „Ромео и Јулија“, се отвори 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Република Македонија и покровител на оваа најголема музичко-сценска манифестација кај нас, истакна дека овој фестивал повеќе од половина век претставува дом на македонската, европската и светската уметност, дом во кој реномираните уметници од целиот свет повторно се враќаат за да ги споделат своите моменти на инспирација со верната публика.
„Уметноста го разубавува животот и ја облагородува душата....