Post Views: 4
Едно лице е приведено а едно е во бегство по синоќа извршеното кривично дело „Убиство“ во Охрид.
Синоќа околу 23 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“, триесет годишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот, информираат од СВР Охрид.
Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт. СВР Охрид синоќа од слобода...
Post Views: 8
Текстот не се однесува на секс. Оние кои и после оваа забелешка ќе продолжат да читаат (сите тројца) ќе дознаат дека алфа мажите се враќаат во мода. Поради економската криза господата ги игнорираат помадите и маникирот, соопшти весникот “Дејли експрес”.
Мажите се откажуваат од метросексуалниот идеал и се насочуваат кон брадата и грубиот изглед. Новиот маж е “ретросексуален”.
Неговo олицетворениe е актерoт Хју Лори. Минатиот месец Лори стана лице на серија козметички производи за мажи на “L’Oreal”. Тој призна дека улогата на...
Post Views: 4
„Купувајќи го списанието „Лице в лице“ им помагате на многумина, читајќи го „Лице в лице“ си помагате себеси.“ Ова е слоганот на првото македонско улично списание „Лице в лице“ кое од денес конечно може да се купи и низ охридските улици. Ова списание обработува најразлични теми, од екологија, социјала, здравство, култура, но сите тие видени од гледна точка на граѓанинот. „Лице в лице“ ќе го продаваат граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, и кои со продажбата на истото чесно ќе заработуваат.
„Она што го прави специфично „Лице в Лице е тоа што се обидува да го помести...
Post Views: 2
15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито . 10 минути после полноќ дошло до тепачка меѓу две групи тинејџери од Скопје, во која на едно лице му биле нанесени убодни рани од нож. Избодениот тинејџер бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција и е задржан на понатамошно лекување. СВР го потврдува настанот. Портпаролот Стефан Димоски вели дека веднаш излегле на лице место на настанот и презеле активности за расветлување на случајот што резултирало со откривање на сторителите.
„Во текот на денешниот...
Post Views: 5
Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција.
Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани гранати со калибар...
Post Views: 2
Во тек е кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. За таа намена охридскиот Центар за социјални работи изготви акционен план за спроведување на владината кампања, во кој предвидено било настап на медиумите како и трибини во населените места во градов и руралните средини, вели Гордана Атанасова од Центарот. Планот се изготвувал со цел народот да се запознае со условите и критериумите како едно семејство да пројави интерес да биде згрижувачко, додава таа.
„Во Охрид засега имаме две згрижувачки семејства, сметаме...
Post Views: 3
Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година.
„Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...
Post Views: 3
Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
„Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат максимално...
Post Views: 5
Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри.
Се работи за машко лице од близу 25 годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес. На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а во...
Post Views: 6
33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина.
Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата светска...
Post Views: 0
Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи.
Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се срушило...
Post Views: 0
На 06.06.2014 година во 00,30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Требеништа, охридско.
На 06.06.2014 година во 00,30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Требеништа, охридско се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, при што возачот изгубил конрола над истото, удрил во електричен браник и излетал од патот.
Во незгодата на лице место починати се две лица од возилото чиј идентитет дополнително ќе биде утврден.
{loadposition content9}