Полицијата трага по сторителот на двојното убиство во Охрид

Едно лице е приведено а едно е во бегство по синоќа извршеното кривично дело „Убиство“ во Охрид.

 |   | 
мвр
мвр

Едно лице е приведено а едно е во бегство по синоќа извршеното кривично дело „Убиство“ во Охрид.  

ИмператорСиноќа околу 23 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“, триесет годишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот, информираат од СВР Охрид.

Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт.  СВР Охрид синоќа од слобода го лиши Р.С. (30) од Охрид кој заедно со можниот сторител бил во угостителскиот објект „Император“.   
ИмператорНа местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител  како и полициски екипи.
СВР Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што е во бегство и за кое постојат основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „Убиство“ по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top