• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Студентите од летната школа за архитектура се запознаваат со архитектонските црти на Охрид

Студентите од летната школа за архитектура се запознаваат со архитектонските црти на Охрид

Второ издание на летната школа за архитектура која се организира во Охрид. На оваа летна школа, предавачи се еминентни јапонски, хрватски и македонски архитекти.

 |  Мишел Наумоски  | 
arhitekti
архитекти

33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина.

Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата светска архитектура односно придонесот на Јапонија во модерната архитектура.

Cukamoto i Kaidzima„Тоа е оригинално јапонско движење со кое ние сме се сретнале во далечната 1965та година, затоа што еден од предводниците на тоа движење, Кензо Танге беше автор на центарот, урбанистичкиот центар на Скопје, така што еве сега повторно имаме јапонци како ментори кои што се обидуваат да пронајдат метаболистички принципи во традиционалната охридска архитектура и урбана структура.“-вели професор д-р Мишко Ралев од Факултетот за архитектура и дизајн при “American Colege”

Проф.д-р Ралев вели дека го избрале Охрид за летната школа затоа што според нив охридската архитектура заслужува да биде во фокусот на интересирањето на интернационалната јавност. Според него, Охрид е извор на инспирација, идеи и традиција кои можат да бидат од голема важност за студентите.

studenti arhitektura„Студентите во првите два дена се запознаа со Охрид. Преку предавања и истражувања на лице место, едноставно требаше да се запознаат со она што ние можевме да им го посочиме како факти, историски и стручни од областа на историја, архитектура, урбанизам, потоа на лице место тоа го проверуваа, истражуваа и сега со менторите ќе развијат преку одредена методологија, ќе дојдат до некакви размислувања за можни интервенции во просторот.“-рече проф.д-р Ралев.

Инаку, летната интернационална школа за архитектура годинава се случува втора година со ред. Истата синоќа во Центарот за култура беше свечено отворена како дел од нашата најпрестижна културна манифестација, фестивалот „Охридско лето“, а во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците и музеј“-Охрид и општина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top