Ознака: кои

pres vmro-np

ВМРО НП го претстави својот Општински изборен штаб

Post Views: 9 ВМРО НП е во целост структуирана и организационо подготвена за предвремени парламентарни избори. ОК на ВМРО НП се трансформира во ОИШ“, истакна на денешната пресс конференција Мирјана Крлеска, портпарол на ОИШ. „ Главна определба на ВМРО НП е овие избори да бидат пред се фер и демократски. ВМРО НП ќе води позитивна кампања со што на електоратот ќе му се пласираат факти и реални споредбени показатели кои суштински ќе влијаат врз формирање на мнението, а показатели кај избирачите кои ќе бидат носители на финалниот производ односно директни креатори на идната власт. Вклучувањето...

Continue reading

akcija

Бизнис на иднината

Post Views: 1 Монитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат. Отпадот содржи пластика, бакар метал и фрлен на  депонија никогаш  нема да се распадне па стануваат опасни загадувачи на животната средина, вели Јасмина Момироска, виш соработник во секторт за урбанизам и заштита на животна средина. Во светот, пак  одамна пронашле начин како да се справат со овој вид опасен отпад. На практичен начин ги споиле ...

Continue reading

konferencija

Државите од Балканот за зачувување на водните ресурси

Post Views: 1 Градење на заедничка визија, за одржливо управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. Четворицата министри за животна средина и просторно планирање на Србија, Албанија, Косово и Македонија, денес во Охрид започнаа една нова ера во размената на искуства и меѓусебната соработка воопшто, во сферата на интегрирано и одржливо управување со водите. Министерот за Животна средина и просторно планирање на Р.Македонија, Неџати Јакупи, истакна дека принципите на заштитата на водите мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки...

Continue reading

mediumi

“Совет на печат“ ќе го решава хаосот во македонскиот етер

Post Views: 0 Недолични снимки, интервјуа со малолетници, насилство, неморал, неетичност. Ова е дел од сликата во македонскиот етер. Со цел ваквиот хаос да се надмине, Здружението на новинари на Македонија дојде на идеја да формира независно тело, наречено “Совет на печат“. Ова тело за саморегулација на медиумите би имало задача да ги зајакне професионалните стандарди и да го зголеми  квалитетот на медиумите. Досега, само електронските медиуми (ТВ и радија) беа опфатени со законска регулатива, а со ова тело би се направил обид за каква-таква регулација и на печатените и он-лајн медиуми....

Continue reading

vakcina

Каде треба да се вакцинирате против морбили?!

Post Views: 5 Согласно заклучоците на Kомисијата за заразни болести при Министерството за здравство, по донесената одлука за прогласување епидемија на морбили на целата територија на  Р.Македонија, против морбили треба да се вакцинираат сите деца на  возраст од 6 до 12 месеци, а доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани и сите лица на возраст од 13 месеци до 40 години. Од Центарот за Јавно здравје – Охрид ги информираат граѓаните кои не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани дека: – Децата на возраст од 6 месеци, до 18 години, ќе бидат вакцинирани...

Continue reading

opshtina

„За ВМРО-ДПМНЕ и потпорните ѕидови се капитални инвестиции“

Post Views: 5 Во дописот до нашата нашата телевизиска куќа од Локалната самоуправа стои: Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конференција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски. Згора на тоа, најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани, Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид. Немојте да ги потценувате граѓаните на Охрид. Исто како што знаете вие,...

Continue reading

pres

Реализација на капиталните проекти во Охрид

Post Views: 5 Капиталните проекти и нивна реализација, тема на денешната прес конференција на О.К на ВМРО-ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата за урбанизам, Горан Патчев, се осврна на законите и измените на законите од оваа сфера, како новодонесениот Закон за Охрид, измените на Законот за градежно земјиште, Законот за третман на бесправно изградените објекти итн. Патчев, посебен акцент стави на остварените инвестиции на владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и околината, во последните две години. •           Изградба на Булеварот Железничка                                              2.4...

Continue reading

knigi

Каде да најдеш книга ако не на саем?

Post Views: 0 Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23-тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“. За среќа поминува времето кога се чекаа вакви настани за да се купи омилената книга. Се повеќе луѓе одат по книжари, купуваат книги, се посетуваат библиотеки. Сепак брзото живеење и борбата за заработка оставаат се помалку време за...

Continue reading

plaza

Колачот наречен државно градежно земјиште

Post Views: 7 За  нешто повеќе од два месеци и општина Охрид ќе добие дел од колачот наречен, неизградено градежно земјиште. Сеуште државното градежно земјиште останува најпосакуваниот извор за финансирање на локалните самоуправи.  Речиси никој од градоначалниците, без оглед на тоа на која политичка опција припаѓаат, никогаш не се откажаа од барањата за целосно владеење и управување со него. Ако градоначалникот на соседна Струга, Рамиз Мерко вешто одбегна да посочи кои поатрактивни локации ќе ги добие назад од државата, Александар Петрески пак, Градоначалникот на Охрид информира,...

Continue reading

Ohrid

Законот за Охрид ќе го спречува урбаниот хаос во градот

Post Views: 1 Законот за Охрид секако беше еден од најдолго очекуваните закони и од јавноста и од експертите. На 6ти овој месец тој конечно ја виде светлината на денот. Иако насловот старо градско јадро асоцира на Охридското кале, сепак тоа е само дел од целината. Всушност со Законот за Охрид опфатена е скоро целата територија на градот. Од Владата, амбициозни и сигурни во корисноста на овој закон. „Очекуваме дека законов ќе стави крај на урбаното дивеење и урбаната мафија во Охрид. Како главен носител на оваа активност била и останува општината и советот така што очекуваме дека...

Continue reading

turizam

Политика, туризам, политика, туризам…

Post Views: 1 Закажани за првата недела од месец јуни, се вбројуваат во редот на политичките фактори, кои исто така се и објективни фактори на кои не лесно може да се влијае. Во секој случај нивното влијание врз туризмот може да се очекува, велат туризмолозите. Професор доктор Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, вели дека предверемените избори, може негативно да се одразат врз сезоната ако и само ако истите не бидат демократски. Но исто така нивното успешно спроведување, може да не претстави во светот како демократска земја која вреди да се посети, додава Мариноски. „Сметам дека то...

Continue reading

predavanje za Permakultura

Со Пермакултура до поголеми приноси во земјоделството

Post Views: 1 Работење со природата наместо против неа. Продолжено и обмислено набљудување наместо напорно и непромислено работење. Третирање на растенијата и животните од аспект на сите нивни функции, наместо само како поединечни елементи на било кој моно-културен систем. Ова се основните постулати на кои се темели пермакултурата. Овој релативно непознат поим беше приближан до јавноста на предавањето што се одржа денес, во просториите на факултетот за туризам и угостителство. „За да објаснам што е пермакултурата ќе цитирам еден познат пермакултурист. Пермакултурата е едноставно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top