Ознака: кои

Милошоски се претстави пред охридските симпатизери на ВМРО–ДПМНЕ

Post Views: 7 Носителот на листата на 5 тата изборна беше срдечно дочекан од домаќинот, претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. „Направивме многу а ќе направиме и повеќе“, истакна Михаилов. Кандидатите за пратеници кои се најдоа на листата на ВМРО – ДПМНЕ за Охрид, кажаа по нешто, сите во свој стил. Некои велат дека со чист образ се појавуваат пред гласачите, а другите веруваат дека газат на сигурна платформа. Носителот на листата Милошоски, најпрво побара едноминутно молчење за пратеникот Владо Стефаноски кој неодамна почина. Тој истакна дека почнуваат од Охрид, градот...

Continue reading

Отчет за сработеното од 2006-2011 година

Post Views: 3 „Уште при изработката на програмата за парламентарните избори пред 5 години, наша цел беше завршување на транзицијата во Република Македонија“, истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Николовски. Тој додаде дека покрај овие приоритети со кои оваа партија требало да се справи, биле и подобрувањето на економските услови, продолжување на евроатланските интеграции, слухот за потребите на граѓаните, постојан контакт со народот, како и  унапредување на образованието и подигнување на животниот стандард. На денешната прес конференција Николовски потенцира...

Continue reading

tv ekipa

Убавините на Охрид и Македонија на Руската национална телевизија

Post Views: 5 Руската Национална телевизија снима документарни филмови за Македонија и Охрид. Екипата во моментов ги прави завршните снимања. Филмовите ќе се емитуваат на специјализираниот канал за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“, открива авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова. Авторката на филмовите со воодушевување зборува за местата кои ги снимиле и кои ќе бидат презентирани во филмовите. „ Мислам дека гледачите ќе можат да го видат филмот во средината на месец јули и предпоставувам дека ќе го видат веднаш на три канали од големата фамилија на...

Continue reading

Den na policija

Одбележан денот на полицијата

Post Views: 17 СВР Охрид, денот на полицијата или денот на безбедноста го одбележа со низа активности. На кејот Маршал Тито беа поставени четири информативни пунктови каде посетителите се информираа за активностите на велосипедската единица, граничната, езерската и сообраќајната полиција. „Подготвивме повеќе пунктови на кои што ги едуцираме за активностите и мерките што полицијата ги има како свои надлежности во работењето. Акцент ставивме на превентивното работење на полицијата бидејќи тоа е начин на работа кој го преферираме во делот на информирањето и намалувањето на општата стапка...

Continue reading

Неверојатно реален натпревар во укажување прва помош

Post Views: 0 Натпревар со реални ситуации кои се случуваа на 7 пункта низ градов, вака помина четириесеттото издание на натпреварот во прва помош кој го организираше Црвениот крст од Охрид. Пунктови за реанимација, комбинирани повреди, наркомански дувла и пункт за дисеминација и едукација. Низ овие ситуации мораа да поминат сите екипи, а притоа да се прикажат во најдобро светло. Вистински сценарија, одлично симулирани повреди, разработени до најситниот детал. Ова е дел од натпреварот по прва помош кој воодушеви со својот реализам. Во соработка со актерите од драмското студио од...

Continue reading

Holangani

Холанѓаните повторно во Охрид

Post Views: 22 Денес на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, слета првиот авион со холандски туристи. Тие беа пречекани на традиционален македонски начин – со погача, македонска музика и благо, што предизвика позитивни првични впечатоци. Некои од гостите слушнале за Охридското Езеро, а се по прв пат во Охрид, но има и такви кои за нашиот град дознале од интернет порталите во Холандија. Вицепремиерот по економија, Антонио Пешески, задоволен од реализацијата на најавените планови на Владата на Р. Макеоднија. За него, доаѓањето на првите холандски туристи, значи почеток на туристичката...

Continue reading

Gradski park

Ќе скокаме легално или нелегално?

Post Views: 6 Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин...

Continue reading

konferencija Evroaziski berzi

Млади берзи кои може да привлечат инвестиции

Post Views: 7 Македонската берза домаќин на Извршниот и Работниот комитет на Федерацијата на Евроазиски берзи (ФЕАС). Иако берзите од регионов се млади, а  некои од нив постојат само 10-15 години, сепак со добра бизнис клима и законска регулатива која ќе се почитува, можат да привлечат инвестиции, велат беразнските експерти, кои учествуваа на Извршниот и Работниот комитет на Федерацијата на Евроазиски берзи (ФЕАС). Директорот на Македоснката Берза, Иван Штериев, посочи дека ваквата соработка е можност да се споделат знаења и информации и да се исцрпат сите нови идеи, кои може да...

Continue reading

katastar

Достапни сите податоци од Kатастарот на недвижности

Post Views: 12 Агенцијата за катастар на недвижности го олеснува пристапот до информации со воведување на 2D и 3D  функционалности, на целата територија на Македонија. Со географскиот информационен систем, се добива можност да се пребарува во графичката база на податоци, по број на парцела, или преку податоците да се дојде до  бројот на парцелата и бројот на имотниот лист. Со користење на услугата на порталот, се добива можност, заинтересираните да имаат пристап до сите податоци, вели Сања Волканова Златаноска, стручен соработник  во Агенцијата за катастар на недвижности. „Со ова...

Continue reading

konferencija

Четврта меѓународна конференција за иновации и регионален развој

Post Views: 1 „Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“, тема на 4 тата меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој која од денеска до 7 мај се одржува во Охрид. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, Европската академија на науки и уметности, Македонската академија на науки и уметности и Европскиот совет за мал бизнис и претприемништво, а во организација на Националниот центар за иновации и претриемачко учење, учествуваат над 300 експерти од Европска комисија, Светска банка, академици, регионални агенции,...

Continue reading

bilbordi

Закупците на охридските билборди познати, но што ќе се рекламира?

Post Views: 12 Општина Охрид пред извесно време објави јавен оглас за издавање на микролокации за истакнување реклами. Станува збор за вкупно 104 микролокации од кои 75 (седумдесет и пет) се рекламни панели, додека 29 (дваесет и девет) се светлечки рекламни паноа. Критериум за избор на најповолна понуда била највисоката понудена цена за закуп по микролокација. Изготвен беше и графичкиот приказ на микролокациите кои што беа предмет на јавниот оглас. Понудите што пристигнале во Општината биле јавно отворени на 25 Март, по што биле избрани најповолните закупувачи. Тие ќе располагаат...

Continue reading

septicka jama

Во Охрид сеуште има септички јами

Post Views: 47 Од Варош па се до селото Љубаништа, речиси триесет проценти од Охридските домаќинства, проблемот со фекалната канализација го решиле со изградбата на овој вид постројки. Најголема причина за ваквата состојба е неможноста некои од домаќинствата да се приклучат на фекалната канализација. Посебно симптоматична е ситуацијата во стариот дел на градот, каде некои од домаќинствата сакаат да се приклучат на канализационата мрежа, но поради конфигурацијата на просторот во комбинација со нерешените имотно-правни односи, тоа е тешко изводливо. Од ЈП, „Нискоградба“ велат дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top