Милошоски се претстави пред охридските симпатизери на ВМРО–ДПМНЕ

Денес со охридските симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ  беше носителот на листата во 5- тата изборна единица, Антонио Милошоски.

 |  Николоска Биљана  | 

Носителот на листата на 5 тата изборна беше срдечно дочекан од домаќинот, претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. „Направивме многу а ќе направиме и повеќе“, истакна Михаилов.

Кандидатите за пратеници кои се најдоа на листата на ВМРО – ДПМНЕ за Охрид, кажаа по нешто, сите во свој стил. Некои велат дека со чист образ се појавуваат пред гласачите, а другите веруваат дека газат на сигурна платформа.

Носителот на листата Милошоски, најпрво побара едноминутно молчење за пратеникот Владо Стефаноски кој неодамна почина. Тој истакна дека почнуваат од Охрид, градот за кој многу направиле за време на нивното владеење. Милошоски истакна дека слободно се чувствуваат во Охрид, имаат полна доверба, мотив и верба за победа. Додаде дека не шетаат со телохранители, бидејќи единствен телохранител за нив е македонскиот народ.

Милошески очекува дека предвремените парламентарни избори ќе поминат во фер и демократска атмосфера, но не ја исклучива можноста на влијание на надворешните фактори, посебно државите кои посакуваат Р. Македонија да има дополнителен хендикеп во процесот на Евроинтеграциите.

Но според Милошоски најголемата одговорност лежи во внатрешните чинители како и на политичките партии, институции и ДИК. На денешното претставување на носителот на листата на ВМРО- ДПМНЕ за 5 та изборна единица Милошоски, присуствуваше и министерот за одбрана Зоран Коњаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top