Ознака: кои

Sturlakova

Двојно зголемен бројот на лица заболени од овчи сипаници

Post Views: 7 Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат  дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори. Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат болните...

Continue reading

Крводарителските акции ќе замрат

Post Views: 17 Се потешко се организираат крводарителски акции. Министерството за зрадвство не ги обезбедува потребните средства за тоа а кои се планирани со програмата за унапредување на крводарителството. На овој сериозен проблем денеска на светскиот ден на крводарителството укажа Претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко. Според него, занемарена била мотивацијата на крводарителите и одржување на крводарителските акции.  „За жал причините за тоа незнам кои се и несакам да навлегувам но последиците можам и ги разбирам и ги гледаме и ги чуствуваме секојдневно не сме во...

Continue reading

сала

Нова техника за театарот и кино салата

Post Views: 1 Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени  технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите  ќе се замени со  најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа што...

Continue reading

logo

„Проаква“ почнува со исклучување и наплата

Post Views: 0 Долговите на физичките и правните лица кон МЈП „Проаква“ се поголеми од половина милион евра. Ненаплатените долгови од физички и правни лица се движат од 30.000 до 300 000. Поради ваквата состојба, од ова јавно претпријатие се приморани да започнат со исклучување на најголемите должници, кое потоа ќе продолжи и со помалите должници. Даниел Радески, од одделението за односи со јавност на „Проаква“ вели дека овој пат никој нема да биде поштеден. „На оние корисници кои бесправно се вклучиле по исклучување, за нив ќе следат соодветни мерки како што е исклучување директно...

Continue reading

skuterce

Скутерџиите непожелни на Охридското езеро

Post Views: 2 Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер. Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата...

Continue reading

flaer

Светското наследство во рацете на младите

Post Views: 15 Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич. „Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова...

Continue reading

куки

Во Дебрца пријавени 170 оштетени објекти

Post Views: 9 Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје. Советниците, на денешната седница која имаше само една точка на Дневен ред, одлучија Комисијата да ја предводат дипломираниот архитект Симон Мартиноски и дипломираниот правник Зоран Ногачески, информира за ТВМ градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. „Комисијата утре во 9 часот ќе излезе на терен за да ја отпочне постапката за проценка на штетите. Потоа следува изработка на Елаборат кој ќе се најде пред совентиците за усвојување,...

Continue reading

horski festival

Охридски хорски фестивал по петти пат

Post Views: 0 Иако два месеци не делат од фетсивалот, подготовките во полн ек. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека мора се да се организира навреме, затоа што ништо несмее да се остави на случајност. И покрај тоа што хорот има многу поддржувачи, сепак светската економска криза тропна и на оваа врата. Директорот на фестивалот открива дека и покрај финансиските проблеми фестивалот ќе се одржи и тоа најмногу благодарение на тоа што учесниците си го финансираат своето учество. „ Јас мислам дека фестивалот веќе има искрени пријатели и тие кои ни се подржувачи и спонзори не не...

Continue reading

policija

Охриѓани имаат голема желба да бидат полициски службеници

Post Views: 0 Позицијата полициски службеник навистина посакувана професија. Охриѓани посебно загреани за јавниот оглас кој го објави Министерството за внатрешни работи за нови вработувања. Со овој оглас, се бараат 300 нови полициски службеници, а пријавувањето се врши во секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид. Во СВР Охрид, само во изминативе три дена биле примени околу 220 апликации. Со оглед на бројките, од СВР Охрид до крајот на огласот очекуваат полни раце работа. „Согласно распишаниот јавен оглас кандидатите треба да...

Continue reading

geri

На геријатрија се бара кревет повеќе

Post Views: 3 На одделението за геријатрија се бара кревет повеќе. Брзото и новото темпо на живеење наметнува нови потреби на населението за лекување и нега од ваков тип на болничко сметување. На геријатрија во моментов располагаат со капацитет за сместување од 30 пациенти. Оваа бројка не ги задоволува потребите и барањата на граѓаните, вели директорот на Општа болница Љубен Арнаудов.  „Нашите анализи покажуваат дека во моментов на Охрид му се потребни од 70 до 100 болнички кревети. Посебно внимание водиме за пациентите на кои с ена лекување во геријатрија. Повеќето од нив се долго...

Continue reading

todorov

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 2 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Continue reading

padnata ploca

Срушена плоча поклопи двајца работници во населба Рача

Post Views: 2 Жителите од населбата Рача претпладнево беа вознемирени од сериозен инцидент. При изведување на градежни зафати на летна кујна се срушила бетонската плоча на објектот и ги поклопила двајцата работници кои работеле во моментот. На местото на настанот веднаш пристигнале екипите на првата помош како и противпожарната единица кои успеале да ги извадат повредените од под рушевината. Двајцата работници потоа беа пренесени во специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“-Охрид. Дополнително на местото на настанот, пристигна и екипа од секторот за внатрешни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top