Ознака: кои

jahja kemal

Од натпревар по англиски, до стипендии за „Јахја Кемал“

Post Views: 28 Осмоодделенците од Христо Узунов растураат по англиски. Нивната постојана работа на усовршување на овој јазик се исплаќа на најдобар можен начин. Тие постигнаа одличен успех на регионалниот натпревар по англиски јазик и се закитија со прво, второ и четврто место. Младите Петар Пипоски и Ѓорѓи Ристески се осмоодделенците кои ги освоија првите две места на овој натпревар во огромна конкуренција. „Тестот беше поделен во два дела. Првиот дел имаше да одредиш кој збор каде треба да се вметне. Имаше текстови да ги прочиташ, па потоа прашања имаше да ги одговориш од тие текстови,...

Continue reading

popust

Празничните попусти непознат поим за охридските трговци

Post Views: 9 Празничната потрошувачка еуфорија и попустите и до 70 проценти од западниот свет, непознати за нашите трговци и потрошувачи. На само десетина дена до Новата година, во охридската чаршија срамежливо ѕиркаат само неколку налепничиња за попусти. А и тие што се не е сигурно колку и дали се вистински попусти или само маркетиншки трикови. Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Кај нас нема големи предновогодишни попусти како во западниот свет. Мала прошетка низ охридската чаршија ни покажа дека многу ретко и срамежливо, од по некој излог,...

Continue reading

пакетчиња

Германските деца испратија Новогодишни подароци за охридските основци

Post Views: 6 Основците од  „Братсво  Единство“ преку  музика и игра, како што умеат само искрените  детски срца, ја искажаа благодарноста кон донаторот на новогодишните пакетчиња за нивните другари , децата од ранливите социјални семејства. Пакетчињата на кои се радуваат сите деца во светот им ги подарија од невладината , хуманитарна  организација Адра. Драгослав Кушески, од  НВО „ Адра“, вели дека три години соработуваат со донаторите на новогодишни пакетчиња. „Ова се пакетчиња кои ги подготвиле германски семејства. Ниедно пакетче не е исто, се подготвуват со голема љубов за децата...

Continue reading

paketcinja SV Kliment

Караванот „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз, пристигна во Охрид

Post Views: 15 Караван со пакетчиња за децата со посебни потреби, насловен „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз пристигна во Охрид. Овој каравам предводен од Дедо Мраз во следниве две недели ќе подели 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи кои згрижуваат деца со посебни потреби и од ранливи групи низ државава. „Овој новогодишен караван го спроведуваме прв пат оваа година и е дел од платформата Тинекс ти и јас и е логично заокружување на сите донации кои ги имаме реализирано во текот на изминатата година во областа на здравството, образованието, културата, спортот. Караванот...

Continue reading

bakrac

Чесни избори очекува кардиологот Никола Бакрачески

Post Views: 2 Субвенционирање на охридските станоиздавчи, изградба на трговски центар, модерно пристаниште, катни гаражи, затворен зелен пазар и  индустриска зона, се само мал дел од развојните проекти за Охрид, кој ги најави кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, кардиологот Никола Бакрачески. Охрид мора да биде симбол на прогрес на иднината и сиот мој капацитет и знаење ќе ги ставам во функција на својот град и граѓаните, рече д-р Бакрачески.  Како кандидат за градоначалничката функција на престојните локални избори очекува максимална  коректност. „ Сакам да ја споделам...

Continue reading

огномет

Охриѓани за Нова година нема да патуваат во странство

Post Views: 0   Мал број охриѓани ќе ги дочекаат новогодишните празници во странство. Во агенциите во градов се нудат интересни аранжмани, но интересот кај нашите сограѓани е мал. Причини за тоа има повеќе, велат туристичките работници. Најголема секако е економската криза, но и старите навики на охриѓани во последен момент да се одлучат каде за најлудата ноќ, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елидатурс“. Битрак кажува дека најинтересни дестинации за охриѓани се оние кои се во близина на нашата земја. Интерес има и за Истамбул. Овој аранжман чини 6800ден, а во него се вклучени...

Continue reading

cevlar

Занаетчиите, калфите и Законот за образование

Post Views: 0 Поголемиот број од занаетчиите се судираат со законскa пречкa која ги оневозможува да примаат ученици  да учат занает.  Во моментов само козметичарите, фризерите, автомеханичарите, електричарите или струките кои се опфатени во средното стручно образование може да добијат дипломи за одреден занает. Со вакви одредби од  Законот за образование  останатите занаетчии се ставени  во ситуација учениците да ги вработуваат, вели Сашо Богоески, претседател на регионалната занаетчиска комора. „ Ние занаетчиите, калфите мора да ги пријавуваме како вработени лица. Учeник не може...

Continue reading

balonigraliste

Ќе се гради игралиштето под тенда

Post Views: 5 Спортското игралиште под тенда или таканаречен балон стадион сепак ќе никне во дворот на О.У. „Григор Прличев“. Зафатите околу уредување на теренот се изведуваат на северниот дел од училиштето. Деновиве таму интензивно се гради. Постапката за изградба на игралиштето по пат на јавно приватно партнерство меѓу општината, училиштето и фирмата изведувач првично беше прекината поради недоследности. Од локалната не откриваат кои се причините за тоа. Но постапката е обновена и според градоначалникот Петрески не постои никаква пречка за изградба на балон игралиштето. „Балон...

Continue reading

opsta bolnica

Охрид ќе добие најсовремена болница

Post Views: 20 Во ова се уверивме лично кога на наше барање со цел да видиме како течат градежните активности, со директорот на општата болница д-р. Љубен Арнаудов и претставник на фирмата изведувач направивме обиколка на новиот објект. Објектот кој започна да се гради пед 8 месеци е во завршна фаза, а за скоро време треба да се донесе мебелот и медицинската опрема. „Добивме многу повеќе отколку што очекуваваме“, вели директорот на општата болница Арнаудов. „Добивме болница по европски стандарди кои во 2015 год. Ќе стапат на сила во Европа, а ние ќе ги имаме во 2013 год. Самото земење...

Continue reading

Nova godina

Каде за Нова година?

Post Views: 0 Се ситнат деновите до најлудата ноќ во годината. Новата година која некогаш сите со нетрпение ја очекуваа, сега некако губи на интензитет и жар кај граѓаните. Сепак сите ја прославуваат на овој или оној начин. Излеговме помеѓу охриѓани да запрашаме каде тие ќе ја поминат најлудата ноќ? Дали тоа ќе биде некој хотел, ресторан, кафе бар или нешто друго? „Дома, нема пари, скапо е прескапо. Се нема, толку е!“ „Дома. Со мали деца сме.“ „Скопје, некаде, Штип, лево-десно, Парк.“ „Никаде…“-рекоа дел од нив. Хотелиерите пак интензивно се подготвуваат и за Дочекот, и за празничниот...

Continue reading

vrabotuvanje

Пререгистрација на невработени

Post Views: 2 Колкав е бројот на невработени кои активно бараат работа? Тоа ќе се утврди во наредниов период бидејќи заклучно со 21 декември годинава ќе се применуваат новите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност кои стапија на сила на 22 септември 2012. Директорот на охридскиот Центар за вработување Јован Баткоски, вели дека измените се состојат во воведување на нов начин на евиденција на невработените лица. „Агенцијата за вработување ќе воведе два нови регистри на невработени лица. Во првиот регистар ќе бидат вклучени невработените кои активно...

Continue reading

debrca

Славна Дебрца не функционира

Post Views: 0 Селата од Дебрца отсечени од цивилизација.Мештаните  гневни на ЕВН. Покрај тешко продните патишта од снежните наноси кои деновиве го зафатија овој крај, капак на се е немањето струја но и мобилна телефонија. Дење излегуваме да ја видиме светлината на сонцето, бидејќи долгите ноќи ни се мрачни без струја, се жалат мештанит на оваа месност. „Овој живот е кучешки во седмиот век луѓето поубо живееле отколку сега. Да немаш струја то е катастрофа, до вчера бевме отсечени поради снегот. Никој ЕВН доаѓа само кога треба да исклучат, а сега ги нема неможат да го најдат дефектот....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top