Ознака: кои

ohrid

Мал број охридски семејства згрижуваат деца без родители

Post Views: 1   Охридските семејства и понатака не покажуваат поголема желба за згрижување на деца без родители. Интересот за оваа хумана вонинституционална форма за згрижување на деца без родители полека се мрднува од мртва точка, вели директорот на охридскиот центар за социјални работи Екрем Каљоши. Факт е дека во минатиот период во Охрид немаше никаков интерес  за вдомување на деца со кои се поиграла животната судбина. Иако, засега во Охрид има само две семејства кои се стекнале со статус на згрижувачки семејства, интересот полека се буди, појаснува Каљоши. „ Во Охрид во последно...

Continue reading

elektronska karticka

ФЗОМ-Охрид-сите здравствени картички треба да бидат издадени до Јуни 2013

Post Views: 0 Процесот на замена на старите здравствени книшки со новите електронски картички е во тек. Според плановите на Фондот за здравствено осигурување, Јуни 2013 година би требало да биде крајниот рок за завршување на овој процес. Од таму велат дека во моментов работат на прибирање на барањата од фирмите во градов. Како за сите останати категории, и кај фирмите работата оди бавно. За да се забрза процесот, од Фондот овозможиле, поголемите фирми електронски да ги достават своите барања. Досега Фондот стапил во контакт со околу 25 поголеми фирми со над 50 вработени или вкупно...

Continue reading

nova godina

Незаборавен дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 6   Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас,  ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и...

Continue reading

Nova godina

Охриѓани и гостите Новата Година ќе ја чекаат на Градскиот плоштад

Post Views: 2 Забавата која ќе започне во 22.00 часот традиционално е во оранизација на локалната самоуправа.   „ Официјално програмата ќе започне во 22.00 со настап на Ѓоко Танески, во 22.30 ќе настапи групата Камелеон во 23.00 настапува младиот Петар Маркоски од Охрид во 23.30 Аренси бенд. Точно на полноќ  на дочекот на Новата ќе пее Ристо Самерџиев. „Во 00 или во 12.00 часот се обраќа градоначалникот бидејќи откако е прв човек на градот е на гарадскиот плоштад со граѓаните и гостите кои се тука, точно на полноќ се обраќа, а секогаш после него настапува еден од изведувачите, а овој...

Continue reading

kuka opozarena

Градоначалникот ги посети опожарените куќи

Post Views: 2 Денеска сакаше лично да се увери како течат активностите во реновирањето на штетата која настана во неколкуте пожари кои се случина на подрачјето на општина Охрид во текот на месец декември, при што беше направена поголема матријална штата. „Сме во санација на пожарот. Досега го имаме завршено она што е најважно покривот и прозорите и вратите за да бидат комплетно затворени. Целта ни беше до Нова Година да е затворено, за да не се прави и доплнитена штета, меѓутоа и да е затворен просторот за да можат луѓто полека  внатре да средуваат да работат.Веднаш после Нова година...

Continue reading

proakva

Проаква испорачува доволни количини на вода за пиење

Post Views: 4 Поволните временски услови во моментов овозможуваат одлична издашност на изворите со вода за пиење и им одат во прилог на ЈП „Проаква“. Водоснабдителното претпријатие испорачува до потрошувачите 250 литри вода во минута вода по природен пат. Тоа значи нема вклучување на пумпната станица кај  Метропол и на останатите извори што не беше случај минатата година кога сушата направи големи штети на плашицата во каналот, но и огромни трошоци за електрична енергија на „Проаква“, укажува директорот на ЈП,  Златко Старкоски. Водата која ја пијат граѓаните сега се пласира со најмали...

Continue reading

sednica

Ривиера и Табана повторно ги разгореа политичките страсти

Post Views: 1 Советниците, денес  ги изгласаа и предлог одлуките за опфатот на нацрт уранистички планови за Ривиера и Табана. Овие нацрт  урбанистичките планови по втор пат ги разгореа политичките страсти. Додека за опозиционерите нацрт урбанистичките  планови немаат  законски согласности од институциите, за позицијата  се е легално. Од секторот за  урбанизам, просторно планирање и животна средина,  велат дека при изработката на нацрт плановите се испочитувани сите Законски процедури. „ При изработката на урбанистичките  планови мора да се земат предвид, од Завод и Музеј и Управата...

Continue reading

Planovi Tabana i Kej

Паскали Бунташеска: Советот даде зелено светло за незаконски планови

Post Views: 8 Дел од одлуките за кои денес советот даде зелено светло, на нозе ја кренаа управата за заштита на културно наследство, поточно Завод и музеј Охрид. Директорката Тања Паскали Бунташеска на итен пресс образложи зошто оваа установа не прифаќа нацрт плановите за две многу значајни урбани заедници,  Урбана заедница 1 блок 1, точка 1 опфат  Табана и Урбана заедница 2 блок, брок 2 точка 1 опфат Кеј, советниците дадоа позитивно мислење.Паскали Бунташеска појасни дека за планирање на овие два простори Националната уставова Завод и Музеј Охрид уште во 2008 год.  изработила заштитно...

Continue reading

sednica ohrid

ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти седницата за носење на буџет на Охрид

Post Views: 1 Буџетот на општина Охрид за 2013та донесен без опозиционите советници од ВМРО ДПМНЕ.  Тие сметаат дека буџетот е неразвоен и е тотално промашување. Координаторот на советничката група Дејан Паноски, со објаснување што ги натерало да ја напуштат општинската сала. Нивната намера не била преку блокади и разни сценарија да го оневозможат  донесувањето на буџетот, но забележале дека нивните политички ривали подготвуваат некакво сценарио. „Беше создадено од страна на мнозинството, од страна на Локалната самоуправа едно сценарио со телефонско повикување на луѓе за да присуствуваат...

Continue reading

bakteriji

Епидемиолозите предложија низа мерки со цел да се спречи ширењето на стрептококната ангина

Post Views: 8 Центарот за јавно здравје апелира до сите матични лекари кои имаат сомнение на инфекција со Стрептокок задолжително да ја известат епидемиолошката служба. Целта на ваквото пријавување е што побрзо да се детектираат децата со Стрептококна инфекција, поточно да се открие изворот и да се спречи понатамошното ширење на ова заразно заболување. Епидемилогот Јованка Стурлакова Коровешоска за ТВ М ги открива предложените бројни мерки и активности во предучилишните и училишните установи се со цел да се спречи ширењето на стрептококните инфекции.   „Засилена хигиенизација на занималните,...

Continue reading

emigranti

Емигранти-претстава за човечкиот апсурд

Post Views: 3 Четврта театарска премиера на Народниот театар од Охрид за прекрасно заокружување на 2012 година. Брилијантните актери на охридскиот театар продолжуваат со претставите по текстови на Славомир Мрожек. Овој пат на дневен ред е претставата „Емигранти“ која е режирана од младата и талентирана режисерка, Ирена Стеријовска. „Нашата репертоарска политика е како што реков создавање на традиција и на гледање на класици, гледање на нешто што е висококалорично и од друга страна, добро наместено во супер адекватни простори и мислам дека тоа е еден од главните просперитети на една...

Continue reading

popstefanija

Новогодишен концерт на Лајонс Клубот Охрид

Post Views: 10   „Празниците можат да зависат од она што другите ќе го направат за вас, но за вашата Нова година да биде среќна зависи од она што вие и сите ние го правиме за другите“. Оваа порака ја упати претседателот на Лајонс Клубот Охрид,  Михајло Арнаудов, на синоќешниот хуманитарен новогодишен концерт, кој годинава го доживеа своето 4то издание и прераснува во една  убава празнична традиција. Арнаудов во дел од своето обраќање кон поширокиот аудиториум рече дека убаво е да се биде дел од една традиција, зачната од Лајонс Клубот Охрид, кој од година во година доживува своја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top