Ознака: кои

opstina Ohrid

Мачно се калеше дневниот ред на 14тата седница на совет

Post Views: 9   Двете точки од областа на урбанизмот кои беа повлечени на 12тата седница на совет а со кои се предвидува изградба на висококатници во централното градско подрачје никако да се најдат на дневен ред. Опозицијата која ја напушти таа седница во знак на подршка на Мирослав Шиповиќ, претседателот на ОО на СДСМ Центар, сега две заседавања на советот по ред ги бара овие точки. Ова покажува дека има несогласувања внатре во советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се искоординираат меѓе себе и затоа не ги ставаат овие точки на дневен ред, вели Јoне Станкоски, советникот...

Continue reading

mijalkov

Улицата Јордан Мијалков во најава за изградба во 2014

Post Views: 0 Изградбата на новопроектираната улица „Јордан Мијалков“ кај локалитетот Бејбунар во Охрид ќе почека. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Каде закочи изградбата на оваа улица? Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски убедува дека ништо не е закочено,...

Continue reading

hiv

Ниска стапка на преваленца на ХИВ СИДА кај нас, но висока стигма

Post Views: 1 Стапката на преваленца на ХИВ СИДАТА кај нас е ниска. Невладините организации заедно со институциите постојано се активни за преваленцата и понатака да се одржува на тоа ниво, укажува Сашо Мерџаноски од НВО „ Интер-етник проект Гостивар“. Повеќето НВО соработуваат со Министерството за здравство и  работат на превцијата на ХИВ СИДА во соработка  со здравствените установи , полицијата, затворите, насекаде каде што има ризични групи. Преваленцaта е ниска, но за да се одржува на тоа ниво мора да се работи и не смее да се остави стихијно бидејќи не сме многу далеку од земјите...

Continue reading

ftu-kargov

Каргов во посета на ФТУ

Post Views: 0 Директорот на царинската управа на Македонија Ванчо Каргов во посета на ФТУ. Тој на студентите од факултетот за царина и шпедиција им одржа предавање за организацијата и работата на царинската управа и специфичните области од царината. Каргов истакна дека целта на ваквите предавања е студентите поблиску да се запознаат со работата на царината не само од она што го имаат како претстава во книгите туку и практично. Соработката со ФТУ е одлична и студентите од овој факултет се потенцијални кандидати за работа во царинската управа, додава Каргов. „Тие се едни од најфрекфентните...

Continue reading

Еве во што е откриена хемикалијата која предизвикува настанок на тумор

Post Views: 4 Во многу намирници кои секојдневно ги конзумираме е пронајдена хемикалија која го зголемува ризикот од заболување од рак. Станува збор за хемикалијата кја се вика акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржени компири, крекери, па дури и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој се создава со термичкото загревање при пржење на наведените намирници. На неа најмногу се изложени децата поради ниската телесна тежина. Опасноста од акриламид сега го потврдила и агенцијата на Европската унија EFSA (Europian Food Safety Authority) која веќе предлага нови закони...

Continue reading

crkva Recica

Село Речица-вистински рај за туристи ама без никаква инфраструктура

Post Views: 3 Денес е голема слава во охридското планинско село Речица. Се слават светите Врачи Кузман и Дамјан. По малото, тесно патче кое води до селото, денес поминуваат многу автомобили, автомобили со кои назад, во родното место, па макар и на еден ден се враќаат сите речани кои некогаш го напуштиле селото во потрага по некој подобар живот. Црквата свети Врачи Кузман и Дамјан, денес ги прима сите верници.  Малечка, но бескрајно живописна, а денес особено полна со живост. Овој празник, оваа селска слава е единствениот ден во годината кога Речица барем за момент добива дел од поранешниот...

Continue reading

posebni deca

Дневниот центар „Зраци“, се бори за опстанок

Post Views: 0 Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика...

Continue reading

igraliste

Повторно настрада детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 2 Руинирано детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Овие катчиња за одмор и рекреација кои се замена за некогашните маалски лединки се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме, велат граѓаните. Конкретно за изградба на игралиштето во оваа населба граѓаните чекале 30 години. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано...

Continue reading

Летување во Грција без струја?

Post Views: 8 Грчките власти предупредуваат дека би можело да дојде до исклучувања на струјата за време на летната сезона, откако синдикалците најавиле серија на штрајкови. Синдикатите на јавната корпорација за енергетика (РРС) соопштиле дека ќе прават делимични 48 часовни штрајкови по повод плановите на владата да продаде делови на доминантниот производител на електрична енергија во земјата. Грчката влада, предводена од конзервативците, не отстапува од продажбата, кои од нив го бараат меѓународните кредитори. Премиерот Андонис Самарас истакнува дека нема да попушти пред фанатичните...

Continue reading

filantropija

Филантропите од Охрид и Струга добија празнанија за нивните несебични залагања

Post Views: 1 Радоста на давањето, примањето и споделувањето помеѓу луѓето е можеби најголемата придобивка на филантропијата. Четириесет и двајца филантропи, и тоа фирми, здруженија и поединци, ја имаа таа привилегија и доблест да помогнат некому. Освен искреното „благодарам“ од оние на кои им помогнале, тие добија и признанија за своите несебични залагања. Локалната агенција за развој од Струга, на пригодна свеченост им се заблагодари за нивните филантропски активности. Како дел од проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“ беше изработен и промовиран и каталог во кој се поместени...

Continue reading

сон на летната ноќ

Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона

Post Views: 8 Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место  како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.    Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан Стојановски ...

Continue reading

alarm

Сите музеи под капата на Завод и музеј, физички адекватно обезбедени

Post Views: 6 Колку се безбедни музејските поставки, археолошките локалитети и артефакти во градов? Ова прашање неодминливо се наметнува имајќи ја предвид големата кражба на вредни артефакти од Музејот на Македонија во Скопје. Јасно е дека, значењето и вредноста на пронајдоците е непроценлива, па оттука јасно е дека и нивната соодветна физичка заштита треба да биде еден од приоритетите на надлежните. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, смирувачки тонови, велат дека скопското сценарио тука не може да се случи. „Сите објекти со кои раководи Завод и музеј-Охрид,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top