Ознака: кои

post

Православните христијани денес го започнаа Божиќниот пост

Post Views: 0 За православните христијани од денес започнува Божиќниот пост. Верниците во следните шест недели, во чест на раѓањето на Господ Исус Христос,  ќе се воздржуваат од консумирање на мрсна храна,  телесни задоволства и  ќе се молат пред Бога. Постите се востановени во рајот , Бог им дал на луѓето забрана да не јадат од дрвотозаз познавање на доброто и злото.Ако тогаш постот им бил потребен на првите луѓе во рајот колку ни е потребен на нас луѓето во ова денешно време , укажува отец Ѓорѓи Блажески. „ Целта на Божиќните пости, но и на останатите пости е очистување на човечката...

Continue reading

deca

Децата не ги заборавија највозрасните

Post Views: 3   Најмладите и највозрасните денес се дружеа преку песна и рецитал. Дечињата од четврто одделение кои се ученици во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид и на неговите пациенти им поделија пакетчиња со овошје и сокови, но им приредија и убава програма од која на старите лица им навреа солзи во очите. Тие беа воодушевени затоа што во нивното секојдневно сивило блесна зрак кој го донесоа децата. Идејата за оваа посета дојде од тоа што оваа недела е светска недела на стари и изнемоштени лица, а нашето училиште...

Continue reading

vmro-dpmne

ВМРО – ДПМНЕ:СДСМ направи страшни долгови во образованието

Post Views: 4 Страшни долгови и блокирани сметки во образованието. Тоа е епилогот од владеењето на СДСМ до април 2013 година, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ. Сашо Донев од редовите на владеачката партија, нагласи дека граѓаните како податок мора да знаат дека во месец април во моментот кога градоначалникот Никола Бакрачески ја превзеде функцијата, блокираните сметки на училиштата во Охрид по основ направени долгови изнесува над 10 милиони денари. „Деновиве сметката на ОУ “Григор Прличев” е блокирана за дополнителни 9 милиони денари, како резултат на неплатени обврски...

Continue reading

taksi

Охридските такси превозниците имаат проблем со такси стојалиштата во градов

Post Views: 15 Такси превозниците во градов се жалат дека има мал број на такси постојки, а голем дел од оние кои се одредени од страна на општината не се функционални. Тие се загрижени поради новите измени во Законот за превоз во јавниот сообраќај бидејќи со нив е предвидено превозникот односно возилото да стои исклучиво на авто такси стојалиште определено од  општината и тоа во случај кога е празно, односно кога нема патници или најавен повик за земање патник. Доколку не се почитува оваа одредба следуваат високи казни. Ако два пати исто возило се затекне да е паркирано на несоодветно...

Continue reading

povelba

Познати имињата на кандидатите за Св Климентовата награда

Post Views: 8 Обелоденети имињата на кандидатите за најпрестижната општинска награда Св Климент Охридски патрон на градот. Димче Јанко –копаничар, Димитар Масевски –композитор, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, Спец. д-р. Никола Михајло Филев – вработен во детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид, Петар Голабоски од Здруженето на граѓани „Аикидо Клуб Буџин“ Охрид, Проф. Александар Радиќ – Леко, Проф. д-р. Павле Митревски – творец од областа на науката,културата и образованието, Тоде Илиевски – филолог за животно дело во областа на книжевноста, енигматика и проблемски...

Continue reading

sdsm

О.О на СДСМ со обвинувања до локалната дека не направила никакви зафати во образованието

Post Views: 2 Охридската СДСМ со обвинувања до локалната самоуправа дека по преземањето на власта не направила никакви зафати во образованието. Според Оливија Пирузева-Јанева, изјавите на градоначалникот Бакрачески дека состојбите во образованието претходно биле катастрофални била нехумана и некоректна кон образовниот кадар. Таа го запраша Бакрачески според кои критериуми била извршена промената на претходните директори како и дел од наставниот кадар. „Дали решавајќи ја животната судбина на сите шеесетина наставници, жртви на политичката борба, се реши невработеноста во општината?...

Continue reading

palma

Со 8 илјади садници ќе се пошуми Охрид

Post Views: 1 Градоначалникот Никола Бакрачески, првите луѓе на охридските универзитети, претставници од Локалната самоуправа, од денес ја започнаа промотивната кампања на акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“. На потегот кај Холандскиот парк беа засадени првите десеттина палми од предвидените 70 кои треба да го красат централното градско подрачје. Првиот човек на градот ги повика охриѓани масовно да земат учество во акцијата  и укажа на придобивките од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот биосвет. „Ние како општина Охрид од денес активно се вклучуваме...

Continue reading

teatar

По втор пат откажан почетокот на театарската сезона во Охрид

Post Views: 2 Актерите од народниот театар ја откажаа театарската претстава „Емигранти“. По „ Сонот на летната ноќ“ со која првично беше најавено отворањето на театарската сезона, ова е втора претстава што се откажува. Што се случува во охридскиот народен театар? Дали со неизведувањето на закажаните претстави актерите го искажуваат своето незадоволство?  Раководните луѓе од културата, пак  не ги лоцираат  причините зошто нема претстави.  10 мината актери од охридскиот народен театар доаѓаат на работа, одржуваат проби, но репертоар и претстави нема, вели директорката на Центарот за...

Continue reading

ptoekt

Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

Post Views: 7 Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид...

Continue reading

premin vo maglata

„Култура 365“ ги носи охриѓани поблиску до книгата

Post Views: 4 Културно информативниот центар „Култура 365“ со подарок книга ќе ги мотивира охриѓани да читаат повеќе. Од денес започна акцијата насловена како „Недела на книгата“ во која на секој нивни посетител ќе му подаруваат по една книга. Оваа недела, на подарок ќе го добиваат романот на охридскиот писател Мише Јузмески, „Премин во маглата“, роман кој веќе го доживеа своето второ издание во земјава, а е преведувано и на други јазици. Книга подарок читателите можат да  добијат и доколку контактираат со културно информативниот центар на нивната и-мејл адреса itvo@t-home.mk. „Култура...

Continue reading

biblioteka

Библиотеката и Охридско лето ќе ги трампаат просториите

Post Views: 3 Националната установа градската библиотека „ Григор Прличев“ конечно ќе се прошири во нови простории. Со одлука на владатата, деновиве библитеката ги доби просториите во кои сега е сместен  Фестивалот Охридско лето. Со новите 310 метри квадратни и постечките 320 метри квадратни или вкупна површина од 630 м квадратни ќе се задоволат стандардите кои треба да ги има една современа библиотека, информира директорката на оваа институција Александра Белеска. Со ваквото решение библиотеката ќе добие една просторна целина во кој ќе биде сместен библиотечниот фонд од 160.000 единици...

Continue reading

konferencija

Која сака има можност доживотно да учи

Post Views: 6   Охриѓани заинтересирани за доживотно учење. Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање и размена на успешни приказни. Постојано интересот кај граѓаните за овие програми расте.  Оваа година имаше 240 стипендисти, а од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top