Познати имињата на кандидатите за Св Климентовата награда

До Локалната самоуправа пристигнале десет апликации за Св Климентовата награда. Наградата ја доделува градоначалникот на Охрид а во донесувањето на одлуката ќе му помогне специјално за таа намена формирана комисија.

 |  Николоска Биљана  | 
povelba
повелба

Обелоденети имињата на кандидатите за најпрестижната општинска награда Св Климент Охридски патрон на градот. Димче Јанко –копаничар, Димитар Масевски –композитор, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, Спец. д-р. Никола Михајло Филев – вработен во детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид, Петар Голабоски од Здруженето на граѓани „Аикидо Клуб Буџин“ Охрид, Проф. Александар Радиќ – Леко, Проф. д-р. Павле Митревски – творец од областа на науката,културата и образованието, Тоде Илиевски – филолог за животно дело во областа на книжевноста, енигматика и проблемски шах, Јордан Манасијески – сликар и Милан С. Белески – самостоен занаетчија. svetiklimentovaГрадоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески задоволен е од бројот на пријавени кандидати и институции и тврди дека ќе биде направен вистинскиот избор на личност или институција која и понатака ќе биде од голема важност не само за афирмација на градот туку и воопшто за земјава и надвор од неа.

„Јас несомнено ве уверувам и ви ветувам дека наградата ќе оди кај најдобриот односно кај личноста или институцијата која што навистина заслужува да биде носител на ова признание. “– вели Бакрачески.

Бакрачески рече дека годинава посериозно пристапиле кон важноста на доделувањето на највисокото општинско признание Св Климентовата награда и за таа цел формирл комисија со членови кои што ги покриваат сите области од општественото живеење во Охрид. Комисијата е во состав Гордана Коњановска,  претседател, и членовите Димитар Спасески, академик Григор Каневче, Горан Стојаноски, актер, Данчо Целески, спортски работник, Светослав Маџаров,  доктор и Сашо Коруниски, декан на ФТУ. Инаку, со најпрестижната општинска награда Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за животно дело, остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од посебна важност и значење за општината и претставуваат посебен придонес за развојот на општината и нејзиниот напредок и афирмација во Р. Македонија и пошироко.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top