Нема избор за најхумана медицинска сестра, епитетот им припаѓа на сите кои се борат со Ковид 19
Post Views: 9
12 мај Светскиот ден на медицинските сестри во охридските здравствени установи ќе помине без вообичаените прослави и избор за најхумана медицинска сестра. Во време на пандемија овој епитет им припаѓа на сите медицински сестри кои се борат со Ковид 19, вели Анета Волканоска главна медицинска сестра од охридската Општа болница.Да се биде добра медицинска сестра не е потребно само знаење и едукација туку и љубов кон луѓето и споделување на љубезноста, вели Волканоска. Таа е горда што досега нема заболен медицински кадар во охридските здравствени установи и досега добро...