Краставици, домати, салата можат слободно да се јадат
Post Views: 2
Здравствените власти во Германија сметаат дека причина за епидемијата со бактеријата ЕХЕК се никулците. Свежите домати, краставиците и салатата слободно може да се консумираат, објавија денеска властите во Германија.
Причинителот на епидемијата со бактеријата ЕХЕК е пронајден: никулците за кои веќе постоеше сомневање, со голема веројатност се виновни за досега 29-те жртви и големиот број заболени од мутираната цревна бактерија. Ова денеска го потврди претседателот на институтот Роберт Кох, Рајнхард Бургер, во Берлин, иако досега не е утврдено присуство на оваа бактерија...