Post Views: 4
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив.
Кога во пребарувачот...
Post Views: 2
Во ниту една листа на состојки на вакцините кои се јавно достапни, нема наведено дека содржи графен оксидот, нерѓосувачки челик или друга супстанца. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница, ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, нема графен оксид, нерѓосувачки челик, ни алуминиум како состојки во...
Post Views: 1
Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Во овој временски период, на 14 септември поради ковид починал 66 годишен жител на Свети Николе, а на 6 септември 57 годишен човек од истиот град. За последните две недели тоа се единствените два смртни случаи од ковид во овој град. Исто така, никој досега во МАЛМЕД (Агенцијата за лекови и медицински средства која што е задолжена да прима пријави за несакани дејства) не пријавил сериозни последици после вакцинација,...
Post Views: 0
Оваа објава ја манипулира јавноста и шири паушални информации на Фејсбук. Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како е единствен излез од пандемијата.
Пост на Фејсбук (дез)информира дека политичари и вип личности наводно примале лажни...
Post Views: 2
Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. Згрутчување на крвта често се случува во населението, така што...
Post Views: 2
Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека младиот човек бил вакциниран повеќе од 9 часа пред да доживее алергија, а непосредно пред анафилактичниот шок во ресторан јадел храна за која било познато дека е алергичен.
Рецензираме пост на Фејсбук,...
Post Views: 2
Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно. Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението.
Објавата на Фејсбук ја доведува во заблуда јавноста дека конечно е откриена...
Post Views: 1
Не е докажано дека ковид-19 вакцините влијаат врз квалитетот на сперматозоидите, односно врз плодноста ниту кај мажите ниту кај жените. Точно е дека квалитетната сперма сè повеќе се бара на пазарите и дека нејзината цена расте. Постот што го рецензираме, ваквиот факт го злоупотребува со цел да шири дезинформација дека вакцината против ковид предизвикува стерилитет.
Пост на Фејсбук ја уверува јавноста дека сперматозоидите на невакцинираните мажи ќе станеле новиот инвестиционен Биткоин! Ваквата најава се поткрепува со тврдењето дека оние кои се вакцинирале против ковид-19...
Post Views: 4
Во оваа објава се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Но, тука не е прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала. Нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале....
Post Views: 0
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“.
Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а информацијата се претставува како да била добиена од наводен македонски државјанин што живее во Јапонија.
Нормално на вести и телевизија ни збор за овој чин, меѓутоа има интернет, има и видеа од овие луѓе да не мислите...
Post Views: 12
Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови како би се лажирале смртните случаи предизвикани од ковид-19. Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен, му недостигаат информации и шири паника во јавноста. Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за сајтот за проверка на факти „Фулфакт“ изјавиле дека поради тоа што ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачка, Владата правела залихи, но не само за „мидазолам“...
Post Views: 0
Како што се приближува годишнината од смртта на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, полицијата повторно го отворила случајот затоа што претпоставувале дека обожавателите ќе поставуваат прашања. Курт Кобејн се самоубил на 8 април 1994 година така што си пукал во главата.
Полицијата од Сиетл го отворила досието со докази и фотографии, но заклучиле дека нема нови информации за неговото самоубиство. Од досието објавиле само две фотографии од местото на самоубиството.
На една од нив е кутија за прибор за конзумирање дрога, лажица, нешто што личи на игла, половина цигара и...