Post Views: 3
Најмладите и највозрасните денес се дружеа преку песна и рецитал. Дечињата од четврто одделение кои се ученици во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид и на неговите пациенти им поделија пакетчиња со овошје и сокови, но им приредија и убава програма од која на старите лица им навреа солзи во очите. Тие беа воодушевени затоа што во нивното секојдневно сивило блесна зрак кој го донесоа децата.
Идејата за оваа посета дојде од тоа што оваа недела е светска недела на стари и изнемоштени лица, а нашето училиште...
Post Views: 11
Зависноста на децата и тинејџерите од интернет и онлајн игрите се се пораширена појава во светот, а Кинезите тоа го решаваат така што зависниците ги праќаат во кампови за лечење од зависност од интернет. Во камповите тие се изложени на воена дисциплина со рано утрински будења и напорни вежби. Reuters пишува дека во Кина постојат 250 кампови за лечење на зависност од интернет, кое чини 1600 долари за шест месеци, а по вежбањето децата се образуваат со етика, готвење и чистење.
Шефот на центарот за заштита на менталното здравје во загрепската болница, психијатарот др....
Post Views: 6
Во малите раце е магијата за оздравување на болните другарчиња. Караванот „Прегратка на дар“ и годинава пристигна во Охрид. Овој пат го посети клонот „Билјана“, на детската градинка Јасна Ристеска. Малите вешти рачиња на децата од оваа градинка од длабочината на свото детското срце изработија кукли, со желби за оздравување на своите болни другарчиња. Денес нивните мали ремек дела ги предадоа на организаторите на овој проект, претставниците на Прегратка на дар, со што се приклучија кон големата акција која што се спреведува за новогодишните празници.
„Децата од градинките...
Post Views: 2
Руинирано детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Овие катчиња за одмор и рекреација кои се замена за некогашните маалски лединки се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме, велат граѓаните. Конкретно за изградба на игралиштето во оваа населба граѓаните чекале 30 години. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано...
Post Views: 9
Брејн`О`Брејн програмата на Црвениот крст, вистински хит помеѓу децата, но и помеѓу родителите. Подобрена концентрација, зголемена креативност, развивање на меморијата на децата и бројни други придобивки. За нив, сведочат и одличните резултати кои дечињата од оваа програма ги постигнаа на државниот Брејн`О`Брејн натпревар во Скопје, од каде малите охриѓанчиња се вратија со дури 27 освоени награди од кои 10 трофеи како највисоки признанија, како и 13 златни и 4 сребрени медали. И ако резултатите сами по себе не ви се интересни, тогаш слушнете во какви дисциплини се...
Post Views: 2
Животот во Струга, карактеристиките на младите стружани од пред шест децении трајно забележани во најновиот уметнички восклик на Евда Попоска. Како една ментална слика од сеќавањата на авторката, во „Децата од градот“ опишани се обележјата на впечатливата Струга.
Според промоторот на делото, Тоде Илиевски, Попоска, е автор кој вреди да се чита.
„Евда Попоска спаѓа во оние малкумина автори што се читаат денес, а за жал пошироката јавност не ги знае. Имаме пример за многу вреден писател, читан писател, а тој автор нема добиено соодветно вистинска оценка на литературната...
Post Views: 0
Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби. Министерството за образование прави подготовки за обезбедување на образовен асистент од следната учебна 2021/2022 година. Со новиот Закон за основно образование, училиштата каде што се воспитуваат и образуваат учениците со попреченост стануваат Ресурсни центри. Ќе се овозможи мобилност од искусен кадар кој ќе дава поддршка на инклузираните ученици како и на инклузивните тимови во редовните училишта.
„Сите родители на учениците од 2-ро до 9-то одделение треба да се пријават во...
Post Views: 30
Родителите на децата со посебни потреби од Охрид бараат да се отвори специјална паралелка во Основното училиште Григор Прличев. Во неа под надзор на обучено лице би учеле нивните деца кои моментално посетуваат настава во редовните паралелки, но според нив тоа не е вистинското решение поради состојбата во која се наоѓаат. Директорката на ова училиште Силвија Мојсовска вели дека е запознаена со оваа иницијатива и во целост ја подржува. Таа објаснува дека моментално во училиштето учат 23 деца со посебни потреби кои заслужуваат еден поинаков третман и работа со стручно...
Post Views: 1
Децата со посебни потреби многу малку се вклучени во општествените процеси во државава, велат дефектолозите. Проф. Д-р Зора Јачева, раководителот на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје вели дека уште од 1998 година започнале преку проекти да се борат со предизвиците наметнати од овој горлив проблем. Она што било лоцирано на терен е дека наставниците немале соодветна едукација за работа со вакви деца. Поради тоа заедно со трите ресорни министерства, министерството за здравство, образование и труд и социјала во иницијалното образование внесле...
Post Views: 4
Во село Лескоец Охрид денес беа пуштени во употреба новите простории за згрижување на деца од предучилишна возраст. Лентата ја пресекоа Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорката на градинката Розе Костеска. Ресорниот министер Спасов истакна дека со отварањето на новите простории во Лескоец се зголемува капацитетот за сместување на плус 40 деца од предучилишна возраст во општина Охрид, што според него навистина е за пофалба.
„Градоначалникот на општина Охрид и сите вработени во општината, како и советниците...
Post Views: 3
50 тина вопситувачи, негувателки и директорки од Словенија ја посетија охридската централна градинка „Јасна Ристеска“. Директорката на градинката Роза Костеска кажа дека со нивните колеги од Словенија размениле меѓусебни искуства во работењето на установите. Гостите се интересирале за начинот на работа на градинката, како и за програмите по кои се работи со децата.
„ Ние се носиме со европските стандарди, нема критики. Во некои работи дури сме и понапред од нив. Само што кај нас треба да има помал број на деца во групите. Се друго се работи над стандардите. Гостите...
Post Views: 4
Во моментов во сите објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“ се згрижени 878 деца. На листа на чекање се само 20 тина деца. Групите се преобемни, а слободни места нема, со исклучук во групите на албански и турски јазик, информира Розе Костоска, директор на градинката. Повеќе од неопходна е потребата од изградба на нови детски градинки во Охрид и приградските населби. Интересот на жителите од Велгоши и Лескоец за сместување на децата во градинка во овие две населени места е огромен па се јавува потреба од формирање на градинка, а не само од групи, појаснува...