Ознака: две

ambulantno vozilo

Помош за охридската итна помош

Post Views: 83 Граѓаните реагираат дека повеќето од возилата се стари и дотраени и дека итно е потребна нивна замена. Ваквата состојба ја потврдуваат  и од охридската итна помош. Информираат дека веќе побарале четири возила од Министерството за здравство. Многу често се слуша звукот на сирената на амбулантните возила низ градов, посебно во овој период од годината кога градот врие од туристи и кога летните горештини си го прават своето. Во ситуација кога моментите живот значат, помошта која пациентот ја добива во амбулантното возило може да биде од пресудно значење. Но каква е состојбата...

Continue reading

gimnazija

Свеченоста за доделување на дипломите на матурантите на 07 август

Post Views: 10 Годинава спектаклот ќе се одржи во дворот на Охридската Гимназија на 07 август.  Директорот Наум Рилковски открива дека се подготвува настан за паметење, не само за матурантите, туку и за сите останати, кои ќе дојдат да ја поздрават оваа успешна генерација. Кулминација на прославата ќе биде концертот на светски познатот музичар, охриѓанецот  Владимир Василески – Четкар. „Мислам дека нетреба многу зборови за да се каже кој е што е. Тој е врвен и светски музичар кој во чест на матурантите но со подршка на градоначалникот овој концерт ќе биде во дворот на гиманзијата....

Continue reading

cinguloski

Сергеј Цингулоски со истовремени изложби во три градови

Post Views: 0 Утревечер, охридскиот уметник Сергеј Цингулоски, ќе има три изложби на негови скулптури. Во 21 часот истовремено ќе бидат отворени  три изложби во три различни градови во Македонија. Скулпторот ќе ги презентира  неговите препознатливи дела во Музејот на Робевци Охрид, Кино Карпош во Скопје и Домот на култура во Св. Николе. Изложбите  ќе бидат пропратени и со видео арт  од неговата последна изложба „Јагула“, замисла  на режисерот Венцислав Војдиноски. Цингулоски изложбите ги посветува токму на неговиот прерано починат пријател режисерот Венцислав Војданоски Венци . „Ние...

Continue reading

kanal sverc, radozda

Уште една успешна акција на МВР

Post Views: 0 Во исклучително успешна и координирана акција предводена од граничната полиција  на МВР  во соработка на полициската станица од Струга, синоќа во Радожда во близина на караулата пронајдени се  26 килограми опојна дрога Марихуана и 33 килограми риба Белвица. „Синоќешната акција беше координирана со нашите служби и како резултат на оваа координација  беше реализирано приведувањето на двете лица од македонска страна кои што  се директни учесници во криумчерењето на риби и на опојна дрога марихуана. Исто така пронајдени се и одземени значителна количина риби околу 25 килограми...

Continue reading

plaosnik

Што ако ве фати зорт на Плаошник?

Post Views: 13 На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо. Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е...

Continue reading

kanal

Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Post Views: 0 Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор...

Continue reading

si

УЗ Видобишта и Центар ќе се формираат наесен

Post Views: 2 Населбите Центар и Видобишта останаа без статус на урбани заедници. Инцидентот што се случи во Видобишта, пред нешто повеќе од една година, на Собирот на граѓани, при формирањето на урбаната заедница при избор на раководство, го прекина нејзиното формирање. Покрај оваа урбана заедница без  раководство остана и Центар кон која требаше да се приклучи Долна Влашка маала. Од Локалната самоуправа тврдат дека овој недовршен процес во формирањето на урбаните заедници нема негативни последици во нивното функционирање. Комуналните потреби на граѓаните од овие две населби се влезени...

Continue reading

plazi Struga

Анекс договори за концесионерите на плажи од Струга

Post Views: 7 Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат  и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со Министерството за транспорт и врски. „Доколку ги исполнат договорите...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

mitrevi

Кој да ја слушне маката на Митреви?

Post Views: 6 Импровизирана колиба во месноста Велгошти на патот кој води кон селото Рамне е новиот дом на семејството Митреви. ТВМ две години во континуитет ја следи нивната животна приказна, каде се јавија многу јунаци за помош, но од тоа останаа само празните ветувања. Она што сеуште го држи ова семејство, кое живее во голема беда и сиромаштија, без елементарни услови за живот, е надежта. Аце Митрев вели дека подготвен е да оди дури до претседателот на РМ Горѓе Иванов и да му каже за неговата мака, бидејќи надлежните од Охрид досега не мрднале со малиот прст.„Градоначалникот ми...

Continue reading

otec Olivet tantusev

Католиците се подготвуваат за Велигден

Post Views: 6 Католиците се подготвуваат за прославување на еден од најголемите празници  – Велигден. Денеска е Велики Четврток, ден кога се бојадисуваат јајца и кога се одбележува последната вечера на Исус Христос со своите апостоли. Следува Велики Петок, денот кога Исус Христос страдаше за нас и беше распнат на Крстот, за потоа да следи Врвот на Велигденските случувања – Воскресението Христово. Отец Оливер Тантушев за ТВ М направи една паралела за прославувањето на Велигден во Католичка и Православна црква. Тој вели дека не се работи за две различини вери, туку се работи...

Continue reading

гимназија

Тепачките се поретки во охридските училишта

Post Views: 6 Во охридските училишта опаѓа бројот на евидентирани насилни однесувања. Во образовните институции се поретки се тепачките и расправиите помеѓу учениците. Мирната работна и училишна атмосфера е карактеристична и за ОСУ „Св. Климент Охридски“. Директорот на оваа образовна институција, Наум Рилкоски, вели дека за високиот степен на безбедност свој придонес има соработката со полицијата и ангажманот на агенциите за лично обезбедување, кое го обезбедува општината. Охридските училишта може да се пример како да се спречи и превенира насилството во останатите школи во земјава,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top