Post Views: 0
Работна средба помеѓу градоначалникот Кирил Пецаков и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, се одржа деновиве во кабинетот на градоначалникот.
На средбата градоначалникот и министерката разговараа за меѓусебната соработка, особено во делот што се однесува на УНЕСКО, како и за подобрување на комуникацијата помеѓу сите засегнати институции и организации. Градоначалникот ја запозна министерката со тековните проекти кои се одвиваат во градот, како и за активното учество на Општина Охрид во изработката на трите планови за Охрид и за процесот со дислокација...
Post Views: 3
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира за втор мандат, но овојпат како независен кандидат. Тој ја потврди информрацијата за „360 степени“ и вели дека процедурата за собирање на потписи е отпочната.
Благодарен сум што кумановци излегуваат да се потпишат за мојата независна кандидатура, процедурата е отпочната, а во текот на денот ќе одржам и прес-конференција со повеќе детали – изјави Димитриевски.
Засега, неизвесно е дали СДСМ ќе застане со поддршка зад неговата кандидатура или ќе излезе со ново име за кандидат за градоначалник.
Според...
Post Views: 4
Антикорупциската Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, јави VOA – Глас на Америка на македонски јазик.
Според истиот извор, предметот против Мерко го води Обвинителството за гонење на организиран криминал каде што има уште една постапка против него.
извор: VOA – Глас на Америка фото: VOA – Глас на Америка
Post Views: 10
Скандалозната изјава на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, дека нема да урива дивоградби на брегот на Охридското езеро, ги разлути еколозите. Тие експлицитно го обвинија Мерко за насилничко урбанизирање на градот со висококатници. Во Струга не важат законите и не се почитува мораториумот. Градоначалникот ги гледа само своите биснис интереси, затоа власта треба да го санкционира, апелираат еколозите. -„Мерко со насилство, со уцени и притисоци кој потекнува од неговата функција успева да му наштети на регионот а потоа да се преправа дека за тоа го поддржуваат луѓето...
Post Views: 9
Денес во седиштето на Државната изборна комисија се одржа јавна седница на која со ждрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар.
Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, г-н Михаил Трендафилов-Нанче, на претстојните локални избори ќе влезе во трката за довербата на охриѓани со бројот 4. Покрај Трендафилов во трката за градоначалник на Охрид уште се и Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за кој граѓаните ќе може да гласаат заокружувајќи го бројот 5 како...
Post Views: 0
Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори.
„ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко.
Противкандидатот за градоначалник Зијадин...
Post Views: 3
Иницијаторите за поставување на иконата на Св.Богородица кај спорниот паркинг плац кај Адмирал седнаа на маса со градоначалникот Рамиз Мерко. Сакаа лично да се уверат дали под негова директива настана вчерашното недоразбирање за отстранување на верското обележје. Стружани му потенцираа на градоначалникот оти иконата е поставена на соодветно место и тука треба да остане.
„Ние не одлучуваме дали ќе остане иконата, за тоа решаваат сите православни стружани и нивниот став е таа тука да остане по секоја цена“-вели Маријан Деребан.
Градоначалникот Рамиз Мерко утринава ги ...
Post Views: 3
Во јавноста кружат потенцијални имиња на кандидати за оваа функција. Од таму велат сеуште е рано за подготовки, во моментов се преокупирани со избор на челник на партијата.
Струшкиот огранок на ДУИ ги интензивира подготовките за претстојните локални избори. Иако од таму велат дека сеуште е рано да се прецизираат активностите за реализирање кои им се на приоритетната листа, сепак во јавноста веќе кружат шпекулации кои би биле потенцијалните кандидати за градоначалник од оваа партија. Се шпекулира дека интерес за кандидат за градоначалник на општина Струга од редовите...
Post Views: 3
Ова е еден од начините за унапредување на туризмот во Струга. Со заеднички сили со централанта власт, Мерко очекува уште поголем развој во туризмот.
Струга реално треба уште многу да поработи за развој на туризмот. Иако овој град веќе неколку години на назад има голем напредок во оваа област, сепак изостануваат уште многу приоритети од кои туризмот директно зависи. Во Струга, приоритет е поголемата евиденција на приватното сместување која сеуште е горлив проблем за надлежните од Локалната самоуправа.
Мерко истакна дека во моментов се работи на решавање на оваа проблематика,...
Post Views: 14
По кој принцип ќе се отстрануваат дивоградбите и дали општината има одреден план и методологија ја интересира опозицијата во градскиот совет. Ова беше првото од низата прашања кои советниците му ги упатија на градоначалникот Константин Георгиески и на општинските служби на денешната седница наменета за советнички прашња.
„Дали е во тек на изработка и методологија по која ќе се води ЛС во изготвување на листи на приоритет за објекти за уривање. Пред се голем е интересот на граѓаните посебно на оние на кои објектите им се во ризик за одстранување“.
Министерството за транспорт...
Post Views: 16
Со цел да се изнајде соодветно решение помеѓу учениците македонци албанци, во Струга денес беше одржана средба помеѓу Градоначалникот Рамиз Мерко, директорката на средното училиште „Нико Нестор“, Драгица Добреска и раководителот на смена од ова училиште.
Иако повикан, на средбата не присуствувал претставник од подрачната единица на Министерството за образование.
Како што информираа по средбата, наставата во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ продолжува да се одвива како и до сега, се додека не бидат создадени услови за дислоцирање во објектот на одмаралиштето...
Post Views: 33
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање денес беше на средба кај градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Отворено разговараа за горливите проблеми кои ја мачат општината од областа на екологијата. Мерко излезе со цел список нанижан со проблеми кои се на штета на животната средина. Приоритетно беше прашањето за локалната депонија.
„Укажавме дека мора да се најде решение за општинскио смет“, вели градоначалникот Рамиз Мерко. „Ни дадоа надеж дека ќе се надмине овој проблем“, додава Мерко.
Расположение за решавање на овој проблем кој очигледно треба...