Ознака: велат

sparing boks

Жестоките охридски боксери-атакуваат на врвот на „Златен гонг 2012“

Post Views: 10 Работа, работа и само работа. Ова е мислата водилка која охридските боксери и покрај потешкотиите ги води до успеси. Тие деновиве тренираат понапорно од обично бидејќи се подготвуваат за учеството на големиот меѓународен турнир во бокс, „Златен гонг 2012“. Велат дека има голема конкуренција, но и дека не се плашат од никого. „Златен гонг е еден од појаките турнири во Европа. Пред две години се сеќавате на Кубанците. Има доста конкренција. Оваа година ќе бидат Британците, кои имаа најмногу медали на Олипијадата и Русите се тука. За другите не знам, поканети се доста...

Continue reading

sahta

МЗ 7ми Ноември заборавена од надлежните

Post Views: 0 Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески.   „Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна.  На крај кога ги правеа шахтите...

Continue reading

zelencuk

Производството на органска храна во Македонија срамежливо расте

Post Views: 6 Македонија има потенцијал за развој на органското производство но тој се уште не е доволно искористен, велат екологистите. Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија, вели Владимир Џабирски, поранешен претседател на Здружението на екологисти на Македонија. Во државава регистрирани се вкупно 250 фармери, производители...

Continue reading

trotoari

Охрид, град на раскопани тротоари

Post Views: 6 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Миле Кипариз, наш сограѓанин кажува дека веќе 16 години живее во овој дел од градот и ништо не е изменето освен што се ставил асвалт на детското игралиште близу до стамбените згради. На тротоарите пак не...

Continue reading

memorandum na sorabotka

Новинарите трн в око на регионалниот синдикат на СОНК

Post Views: 4 Причина потпишувањето на меморандумот на соработка помеѓу  градоначалникот Александар Петрески  и претседателот на СОНК, Ацо Речкоски.  Имено на чинот на потпишувањето на овој значаен документ за двете страни и пресс конференцијата потоа како што е ред, беше поканета и седмата сила.  Се добро започна и професионално се заврши тематскиот дел, за потоа и овој пат да се испочитува практиката на градоначалникот со која им  дозволи на новинарите да поставуваат прашања од интерес на јавноста од различни области.  Но ова очигледно им засмета на поединци од СОНК. „Охридските...

Continue reading

ulica

Се гради, се асфалтира, се поправа

Post Views: 11 70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.Од секторот...

Continue reading

most

Уште едно собиралиште на наркозависници

Post Views: 15   Во градов се појави ново собиралиште на наркозависници и други извршители на малолетничка деликвенција. Откога пред две години беа срушени неколку стари куќи кои се наоѓаа во близина на училиштето Христо Узунов, а беа собиралиште на наркозависници, сега тоа се прави на нова локација, тврдат мештаните од овој дел на градот. Тие објаснуваат дека собиралиште на наркомани, а и на проститутки е надвозникот на улицата Питу Гули. Од Свр Охрид велат дека досега кај нив не е пријавен ваков случај. Тие потврдуваат дека во овој дел од градот пред две-три години имало неколку...

Continue reading

deca

Младината се едуцира како да препознае и да пријави семејно насилство

Post Views: 5 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не  ена одмет да се дознае нешто повеќе. Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку туку...

Continue reading

drva za ogrev

Пензионерите сеуште ги чекаат дрвата за огрев

Post Views: 2 Нова сезона – стари маки. Иако се подготвуваме за зима, пензионерите сеуште не ги добиле огревните дрвата за кои одамна плаќаат рати. Тие стравуваат дека доколку не се забрза постапката годинава ќе смрзнуваат. Од здружението на пензионери велат дека и покрај тоа што години наназад имале проблеми со доставата на дрва до нивните членови, потенцираат дека оваа појава годинава е посебно изразена. „Иако пензионерите уредно  си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, поради што нашите членови бараат да им ги вратиме парите“, вели претседателот на здружението...

Continue reading

ajvar

Тегла ајвар колку килограм месо

Post Views: 28 Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до40 ден. па според некои пресметки  тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето затоа што  и маслото за јадење од неодамна  чини 100 денари.Домаќинките...

Continue reading

ulica

Јачат мотори на „Момчило Јорданоски“

Post Views: 2 Улицата Момчило Јорданоски, стаза за мото трки. Моторџиите од градов секој ден околу три часот наутро се собираат на оваа улица и си ги одмеруваат силите, велат граѓаните кои живеат под бараките. Оваа нивна забава стана наша ноќна мора, додаваат тие. Моторџиите понекогаш возат и со брзина од 100км на час, раскажуваат револтирано. Трките од забава можат да се претворат во трагедија, загрижено кажуваат мештаните. Еден жител вели дека покрај што меже да настрада некој пешак или возач, многу лесно жртви можат да бидат и самите моторџии. Порано, кажуваат тие, на оваа улица...

Continue reading

trotoari

Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните

Post Views: 0   Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Од Секторот за коминален развој објаснуваат дека „Питу Гули“...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top