Post Views: 0
Одделот за интервентна кардиологија кој е отворен пред 6год во рамките на Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој, потенцираше директорот Д-р Никола Бакрачески. Тој кажа дека илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел.
Бакрачески рече дека бројот на здравствените услуги во оваа установа е пораснат за 300 до 500%, а во одредени оддели тој е зголемен и над 1000%. Зголемен е бројот на пациентите третирани во интензивна нега, а рапидно расте и бројот...
Post Views: 2
Колкав е бројот на невработени кои активно бараат работа? Тоа ќе се утврди во наредниов период бидејќи заклучно со 21 декември годинава ќе се применуваат новите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност кои стапија на сила на 22 септември 2012. Директорот на охридскиот Центар за вработување Јован Баткоски, вели дека измените се состојат во воведување на нов начин на евиденција на невработените лица.
„Агенцијата за вработување ќе воведе два нови регистри на невработени лица. Во првиот регистар ќе бидат вклучени невработените кои активно...
Post Views: 2
На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна. Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши.
„ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек...
Post Views: 2
Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните заработиле казна за тоа. 56 260 ден. се наплатени годинава од страна на Општинскиот комунален инспекторат како глоба за непочитување на Законот за јавна чистота. Овој закон кој се донесе пред четири години граѓаните многу не го почитуваат, вели раководителот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танасоски. Оваа сума не е реална...
Post Views: 5
Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не ена одмет да се дознае нешто повеќе.
Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку туку...
Post Views: 0
Професорите предлагаат во училиштата зголемување на бројот на часовите по спорт како спас против деформитетите кај школските деца. Бројот на регистрирани деформитети од проектот спроведен минатата училишна година има поразителни резултати. Од 504 испитани ученици од сите училишта биле откриени 302 деца со различни деформитети. Професорите по физичко и здравствено воспитание проблемот го лоцираат пред се во начинот на живеење.
За да се подобри здравствената слика на школските деца професорите предлагаат родителите повеќе да ги потикнуваат децата на спортување. Проф....
Post Views: 6
На првиот училишен ден охридските основни и средни училишта ширум ги отворија вратите за своите ученици. Училиштата се подготвени за да стартува новата учебна 2012/2013 година. Со пригодна програма беа дочекани првачињата во сите основни училишта. Како и првачињата така и основците со нетрпение го очекуваа стартот на училишниот ден.
По традиција градоначалникот Александар Петрески беше во посета на две основни училишта. Овој пат беше во „ Григор Прличев“ и „Братство Единство“ во Лескајца за да им посака на основците и првачињата од градот среќа и успешна година....
Post Views: 1
Во основните училишта во градов ќе се формираат паралелки и со помалку од 24 ученици. Вака денес одлучија охридските советници. Одлуката беше неминовна бидејќи продолжува трендот на опаѓање на бројот на првооделенците, а комбинираните паралелки не се најсреќно решение ниту за учениците ниту за професорите, објаснува раководителот на одделението за образование, Серафим Наумоски.
И во средните образовни центри поточно во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“ и во „Св. Наум охридски“ нема доволно ученици. Советот поради тоа одлучи да се формираат паралелки и со...
Post Views: 1
Драстично се намалува бројот на невработените лица во општина Охрид, информираат од Центарот за вработување. Така заклучно со месец јули 2012 година, бројот на невработени лица според нивната евиденција изнесува точно 8078 лица. Само за споредба пред пет години бројот на невработените лица изнесувал над 12 000. Според Јован Баткоски, директорот на Центарот, причините за ваквиот тренд се воведувањето на електронскиот систем на евиденција, потоа измените од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои статусот за невработеност не е услов за оставрување...
Post Views: 83
Граѓаните реагираат дека повеќето од возилата се стари и дотраени и дека итно е потребна нивна замена. Ваквата состојба ја потврдуваат и од охридската итна помош. Информираат дека веќе побарале четири возила од Министерството за здравство.
Многу често се слуша звукот на сирената на амбулантните возила низ градов, посебно во овој период од годината кога градот врие од туристи и кога летните горештини си го прават своето. Во ситуација кога моментите живот значат, помошта која пациентот ја добива во амбулантното возило може да биде од пресудно значење. Но каква е состојбата...
Post Views: 9
Иако од година во година, наталитетот во Македонија белeжи тренд на опаѓање, а се намалува и бројот на запишените ученици во средните училишта, сепак бројот на заинтересираните родители за упис на своите деца во градинките од година во година е се поголем, вели Марина Петроска-Тодороска, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид.
„Ние имаме слатки пробелми бидејќи актуелно е дека наталитетот се намалува, бројот на децата пак кои сакаат да се во нашата установа се зголемува и сме размислувале во таа насока значи потребно ни е да се прошрат просторните можности“...
Post Views: 0
Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис, 28 јули, кој е и главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, преку низа активности се одбележува и во Охрид. Заслужни за кампањата која ја подигнува свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест се НВО ХЕПТА, Опција Охрид, Црвен Крст Охрид и Инфективното одд. при ЈЗУ Општа болница Охрид. Според статистиката на ова одделение во Охрид бројот на заразени лица со овој вирис не е голем, но тие стравуваат дека броката на заболени е многу поголема, но дека ове лица се кријат.
„250...