Нов леден бран и се заканува на САД
Post Views: 2
Иако за време на викендот температурите се покачија во заледената Америка, метеоролозите предупредуваат дека уште еден поларен вортекс им се заканува на граѓаните и да се подготват за нови екстремно ниски темпертури.
Престојниот студен бран се очекува да дојде од Арктикот и да донесе студен воздух во јужна Канада, а потоа да се пресели во северниот дел на американската територија. Од таму ниските температури ќе продолжат низ средниот Запад и Источниот Брег.Многу области се’ уште се опоравуваат од екстремните временски услови минатата недела кои ја замрзнаа реката Делавер...