Арктикот се топи, Антарктикот се шири

Како последица од глобалното загревање арктичкиот поларен круг најверојатно во следните неколку децении нагло ќе озелени.

 |  Голабовски Крсте  | 
arctic
arctic

Како последица од глобалното загревање арктичкиот поларен круг најверојатно во следните неколку децении нагло ќе озелени, додека ледените плочи на Антарктикот ќе се шират, се вели во две одвоени научни студии.

polarna meckaНа арктичкиот поларен круг, трева, грмушки и дрва се повеќе ќе се појавуваат, потиснувајќи го мразот, поради глобалното загревање, се вели во студија објавена во Нејчер климат чејнџ.
Области со шума на Арктикот може да се прошират дури до 52 отсто до 2050 година, додека „линијата на дрвјата“, максимална до која дрвја може да растат – може да се прошири на уште стотина километри на север, се вели во компјутерска симулација направена врз основа на студијата.

– Такво ширење на арктичка вегетација може да има големо влијание врз затоплувањето и глобалниот екосистем, вели Ричард Пирсон од американскиот Центар за историја и природа.

Независна студија на холандски научници покажува дека над Антарктикот се шират ледените плочи. Водата која минува низ Антарктикот создава заштитен „капак“ за ледените плочи бидејќи е слатка за разлика од морската која е погуста, објави холандскиот Кралски метеоролошки институт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top