Ознака: pres

logo

Врв на хипокризијата на таканаречената Влада

Post Views: 5 Вчерашниот ден беше врвот на хипокризијата на такавиканата Влада на РМ, со овие зборови ја започна денешната прес- конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески. Додека во Струга се случуваше масовна тепачка со крвави последици помеѓу средношколците македонци и албанци, такавиканиот министер за образование и наука цел ден беше во Охрид и постави гинисов рекорд во лажење, рече Петрески. Петрески се осврна и на урбанизацијата. Носењето урбанистички планови е во интерес на граѓаните, а не поради желба на советот, градоначалникот или администрацијата,...

Continue reading

logo

„Охрид без дупки и септички јами“

Post Views: 1 „Некои од проектите директно ќе зависат од општината, а за другите, покапиталните, ќе ни помогне владата на Р Македонија“, рече Трендафилов. „Преку денешново обраќање, на моите сограѓани сакам да им ветам дека за разлика од оваа локална власт која за среќа си заминува, јас ќе ги остварам проектите кои ги имам зацтано“,рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче. „Во соработка со владата на Р Македонија ќе изградиме индустриска зона, за која локалација веќе имаме,ни треба само дозвола. Ќе формираме центар за развој на мало стопанство и подршка...

Continue reading

logo

Од каде се парите и становите на Петрески?

Post Views: 5 „Граѓаните ќе побараат одговор- како Петрески заработил милиони евра и станови во Македонија и Грција“, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Потенцираат дека испитувањето на нивното потекло е задача и на Министерството за внатрешни работи. И денес од ВМРО- ДПМНЕ беа искажани бројни обвинувања кон противкандидатот за градоначалник од СДСМ. Александар Петрески е свесен дека на овие Локални избори граѓаните им рекоа не на транзиционите политичари и богаташи кои во моментов го водат градов, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Задача на Министерството за внатрешни работи е да ги испита сериозните наоди...

Continue reading

logo

Коцката е фрлена

Post Views: 10 „Коцката е фрлена пред нас и враќање назад нема“ рече градоначалничкиот кандидат на ВМРО НП, Томе Гиноски. На последната прес конференција, од ВМРО НП истакнаа дека останале доследни на принципите и во текот на 20 дена го поминале целиот регион на Охрид. „Водевме скромна и решителна промотивна кампања. Коцката е фрлена пред нас и враќање назад нема“ подвлече Томе Гиноски, кандидат за градоначалник  од оваа партија. На овие локaлни избори ВМРО НП излезе со подмладена и квалитетна екипа, потенцираше носителот на советничката  листа број 19, Јоне Станкоски и додаде дека...

Continue reading

logo

Да ги запрегнеме ракавите

Post Views: 5 „Моите стандарди се европски, сакам од Охрид да направиме европски град во соработка со Владата и со претседателот на Република Македонија“ – рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче. ВМРО-ДПМНЕ сака да направи капитални нешта за Охрид , сака да го подигне нивото на честа на Охрид, сака да ја врати духовноста на Охрид. ВМРО-ДПМНЕ го почитува гласот на сограѓаните и им благодари на поддршката. „На Охрид ќе му донесеме позитивен пресврт и конечно развој и работа за јавното добро“- рече Борис Стефаноски, носител на советничката листа...

Continue reading

logo

Од ЛДП за кампањата

Post Views: 2 ЛДП накратко се осврна на презентираните активности во текот на изборната кампања. „Со позитивната кампања внесовме  нов имиџ во ваквите изборни циклуси“ изјави кандидатот за градоначалник од оваа партија Боро Павлоски. Со позитивната кампања, која ја водевме на овие локални и претседателски избори,  настапивме без  навреди упатени кон останатите конкуренти и со тоа  воведовме еден нов имиџ. Ова го потенцираше Боро Павлоски кандидатот за градоначалник од оваа партија. Во средбите со граѓаните добивавме нови идеи и предлози кои ќе ги вклучиме во нашата работна  програма,...

Continue reading

logo

Ќе се положи испитот на зрелост

Post Views: 0 Не дававме бомбастични ветувања, велат од општинската СДСМ. Ние имаме капацитет и доблест да се вложиме и на охриѓани им обезбедиме подобра иднина. Како што најавивме на почетокот, така и направивме- водевме позитивна кампања.   Носителот на листата на кандидати за советници на СДСМ, Бранко трпчески, уште еднаш потенцира дека станува збор препознатливи имиња, докажани во својата професија. Се што не беше направено изминатите 20 години, не можеше да се реализира во 4- годишниот мандат. Пак се кандидирав за да ги довршам веќе започнатите проекти, рече кандидатот за градоначалник,...

Continue reading

logo

Покажавме кој има визии

Post Views: 1 Покажавме кој има визии, кој има идеи- се обрати кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски.Без идеи нема политика. Кога нема идеи нема ни политика, па така борбата на идеи се претвора во борба за власт. Власт како цел, а не како средство за остварување на политичките идеи. Ова е дел од обраќањето на кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски на последниот ден од кампањата. Ние не говоревме дека пред нас ништо не чинело и не постоело и дека животот почнува од нас, рече Попоски. Ние само сакаме да го смениме начинот на размислување – дека среќата на охриѓани...

Continue reading

Vele Mitanoski

Граѓаните без притисок да го дадат својот глас

Post Views: 20 „На крајот сме од еден процес, кој, во недела, со изразената политичка воља на охриѓани и жителите на околните места, ќе го донесе новиот Совет на општина Охрид”, рече на денешната завршна прес-конференција, пред изборниот молк, Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа. Според Веле Митаноски, СДУ и тој самиот, оставиле печат на оваа кампања, пред се, со скромноста (по обем) во медиумската презентација, но и со еден нов квалитет, современ пристап. „Изборната кампања помина релативно мирно, со исклучок на повремените препукувања помеѓу...

Continue reading

logo

Проблемот на зависноста,проблем на сите нас

Post Views: 4 „Проблемот на зависноста не е проблем само на конкретното семејство или на полицијата, а на сите нас“ Истакна на пресот пред дневниот центар, кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски. Дневниот центар за лечење и ресоцијализациа на лица зависници, го посети кандидатот за градоначалник од редовите на НСДП Ацо Попоски.  Попоски изјави дека небега од општествените проблеми и истакна дека истите се одговорност на секој граѓнин. „ Лицата корисници на услугите на овој центар се наши деца, кои во одреден момент без нивна вина се нашле во таква ситуација. Сите ние сме...

Continue reading

logo

Современ турстички Охрид

Post Views: 1 Пред новинарите зборуваа светски стручњаци кои многу можат да придонесат во реализирањето на плановите на оваа партија. Тимот на Ацо Попоски денеска стави акцент на осовреманување на туристичката понуда на Охрид. Мојата програма нуди силен туристички развој. Несмееме да се задржиме само на културното наследво, како туристичка понуда, мора да одиме напред, рече кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски. Попоски пред новинарите ги претстави двајцата стручњаци со кој заедно,  работеа на полето на Туризмот во реализација на конкретни цели. „За се она што сум денес,...

Continue reading

logo

За развој на туризмот и културата- зборуваа денес од ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 7 На стружани пак, им се обрати кандидатот за градоначалник, Славко Котески. Спречување на урбаната деградација на Охрид, изградба на нова автобуска станица и доизградба на патната мрежа кон Св. Наум. Ова се само дел од проектите со чија реализација кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов- Нанче ќе допринесе кон развивање на туризмот. Трендафилов ветува дека ќе се залага за зачувување и промоција на богатото културно и историско наследство. Со изборната програма меѓудругото, се предвидува и: изградба на нов музеј, нова градска библиотека, концертна сала, доистражување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top