Граѓаните без притисок да го дадат својот глас

„На крајот сме од еден процес, кој, во недела, со изразената политичка воља на охриѓани и жителите на околните места, ќе го донесе новиот Совет на општина Охрид”, рече на денешната завршна прес-конференција, пред изборниот молк, Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа.

 |  Ристо Јакимовски  | 
Vele Mitanoski
Веле Митаноски

„На крајот сме од еден процес, кој, во недела, со изразената политичка воља на охриѓани и жителите на околните места, ќе го донесе новиот Совет на општина Охрид”, рече на денешната завршна прес-конференција, пред изборниот молк, Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа.
 
Според Веле Митаноски, СДУ и тој самиот, оставиле печат на оваа кампања, пред се, со скромноста (по обем) во медиумската презентација, но и со еден нов квалитет, современ пристап.

Marko Spaseski„Изборната кампања помина релативно мирно, со исклучок на повремените препукувања помеѓу партиите претенденти за градоначалничкото место“. Изјави Веле Митаноски, тој е задоволен од тоа како успеале да ја претстават кампањата пред граѓаните и од остварените контакти со нив. За овие активности зборуваше Марко Спасески претседател на ОО на СДУ

„Најважното е граѓаните слободно и без притисок да го дадат својот глас и од 22ри март да се направи празник на демократијата во Охрид.“

На наредните избори важно е слободно и без притисок  да се определат луѓе кои најдобро ќе ги застапуваат интересите на граѓаните во советот на градот. Беше истакнато на денешниот последен прес за оваа изборна кампања во ОШ на СДУ.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top