Ознака: EU

logo

Ќе сака ли Исланд во ЕУ?

Post Views: 0 Парламентот на Исланд денеска со гласање треба да одлучи дали земјата да поднесе кандидатура за членство во Европската унија. Исландската премиерка Јохана Сигурдардотир викендот најави дека доколку парламентот даде зелено светло, кандидатурата ќе биде поднесена до крајот на јули. Во обраќањето пред пратениците, премиерката рече дека планирано е барањето за членство да биде поднесено за време на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ на 27 јули. Сигурдардотир ги повика сите 63 парламентарци брзо да дејствуваат со цел да може барањето да биде поднесено како што е...

Continue reading

logo

Новиот претседател на ЕУ е Шведска

Post Views: 2 Шведска денеска го презема шестмесечното претседавање со Европската унија, од својата претходничка Чешка. Приоритети на шведското претседавање ќе бидат отстранувањето на негативните последици на глобалната економска криза, намалувањето на невработеност во ЕУ, како и продолжување на работата на полето на климатските промени. Акцент на претседавањето ќе биде и гарантирање на отвореноста на ЕУ, јакнење на стратешките партнерства, како и на улогата на ЕУ во мултилатералните форуми и во управувањето со кризни ситуации. Како скандинавска држава, Шведска се очекува посебно...

Continue reading

Brisel

Дводневен самит на EУ во Брисел

Post Views: 0 Според најавите, лидерите на земјите членки на ЕУ очекуваат да ги обезбедат потребните гаранции потребни за успех на претстојниот ирски референдум за Лисабонскиот договор. Ирска е единствената земја од ЕУ што на референдумот одржан во јуни минатата година го одби Лисабонскиот договор за реформи на институциите на Унијата. Формата на гаранциите што сега се подготвуваат за Ирска е си уште непозната, но Ирците бараат евентуалното прифаќање на Лисабонскиот договор да не го загрозува ирскиот суверенитет, посебно во област на даноците и неутралноста на земјата. Од друга страна,...

Continue reading

logo

Партиите на десниот центар победија на изборите на ЕП

Post Views: 0 Партиите на десниот центар убедливо победија на изборите за Европскиот парламент(ЕП) пред социјалистите и либералите, покажуваат првичните резултати по соопштени синоќа во Брисел. Европската народна партија(ЕНП), група што ги обединува демохристијаните и народните партии, би требала според новите проценки објавени нешто пред полноќ да има меѓу 267 и 271 од вкупно 736 пратеници во ЕП. Во претходниот состав ЕНП имаше 288 од 785 пратеници. Овој резултат е дотолку добар бидејќи е остварен без британските конзервативци, кои ја напуштија оваа група, а во која во претходниот...

Continue reading

dokument

ЕУ денеска ќе извести за визната либерализација за Западен Балкан

Post Views: 2 Европската комисија (ЕК) денеска ќе ги информира земјите членки на ЕУ за подготвеноста на државите од Западен Балкан за укинување на визниот режим. На иницијатива на Словенија, ЕК ќе ги информира министрите за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ) за подготвеноста на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ за укинување на визниот режим. Министрите за внатрешни работи, според словенечката агенција СТА , денеска само ќе бидат информирани за напредокот, а нема да расправаат за укинување на визите за Западен Балкан. Ова прашање треба да биде тема на состанокот...

Continue reading

Sarkozi

Започна средбата на врвот ЕУ-Русија

Post Views: 1 Рускиот претседател Дмитриј Медведев, отворајќи го утрово 23. самит Русија-ЕУ во градот Хабаровск, изјави дека на овој голем собир ќе се разговара за економската криза, соработката во областа на енергетиката и европската безбедносна архитектура.Медведев веќе оствари неформална средба со лидерите на ЕУ на свечената вечера која синоќа беше организирана во нивна чест. – Верувам дека разговорот беше интересен. Ќе продолжиме со разгледување на темите кои се на дневен ред. Верувам дека има смисла да се вратиме на финансиската и економската криза, разгледување на ситуацијата...

Continue reading

logo

Зелено светло за кандидатурата на Црна Гора

Post Views: 5 Советот на министри на Европската унија (ЕУ) денеска без расправа треба да ја одобри постапката за давање статус на кандидат за членство на Црна Гора. Според најавите, се очекува на почетокот од идната недела, шефовите на дипломатии на ЕУ да и наложат на Европската комисија (ЕК) да изработи “мислење” за тоа дали молбата на Подгорица за добивање статус кандидат за членство во ЕУ е втемелена на “неопходен напредок во реформите и резултатите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација ЕУ/Црна Гора”. Министрите за земјоделство на ЕУ, в четврток попладне,...

Continue reading

Ali Babadzan

ЕУ бара Турција да продолжи со реформите

Post Views: 1 Европската унија (ЕУ) синоќа во Прага побара Турција да го надмине застојот во реформите. “Процесот на реформи во Турција треба да се придвижат со нов импулс“, рече на прес-конференција шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг, кој ја предводи европската министерска тројка. Тој, заедно со шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт и еврокомесарот за проширување Оли Рен, имаа средба со шефот на турската дипломатија Али Бабаџан. Турција ги започна пристапните преговори во 2005 година во текот на кои се отворени 10 од 35 поглавја. {loadposition content9}

Continue reading

EU

50 млрд. евра помош од ЕУ за источните членки

Post Views: 1 Лидерите на ЕУ се согласија да ги удвојат за 25 милијарди евра парите за земјите, кои не се членки на еврозоната, а се соочени со проблеми. Постигнат е и договор да се издвојат околу 75 милијарди евра за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), откако три месеци спореа за енергетските проекти вредни пет милијарди. „Ние се согласивме за три основни суми: 5, 50, 75 милијарди евра“, рече чешкиот премиер Мирек Тополанек, кој претседава со ЕУ. „Се согласивме за 50 милијарди евра. Тоа е удвојување на сумата достапна за нив. Ако има потреба да им се помогне на земјите кои се особено...

Continue reading

znaminja

Опасност од трговска војна меѓу САД и ЕУ

Post Views: 0 Клаузулата во пакетот стимулативни мерки за купување американски производи може да доведе до трговска војна меѓу Европа и Америка, оцени амбасадорот на Европската унија во Вашингтон Џон Брутон. „Загрижени сме, бидејќи економската криза го зафати целиот свет па затоа сметаме дека мерките за подобрување само на американската економија, или само на европската или кинеската, не можат да бидат успешни, истакна Брутон. Тој објасни дека „воведувањето протекционистички мерки како што е оваа ќе го поттикне протекционизмот кај другите, како што се Кина или европските земји“,...

Continue reading

Кипар

Турција не може во ЕУ додека не се повлече од Кипар

Post Views: 1 Турција не може да влезе во Европската унија (ЕУ) се додека во северниот дел на Кипар се наоѓаат нејзини војници, рече кипарскиот претседател Деметрис Христофиас. „Турција не може да стане членка на ЕУ се додека го окупира Кипар“, рече Христофиас во изјава за новинарите. Кипар е етнички поделен по турската инвазија во 1974 година. Турција во северниот дел на островот има околу 30 илјади војници, а т.н. тампон зона е под надзор на Обединетите нации. Тоа е една од најдолгите мировни мисии во светот.       {loadposition content9}

Continue reading

zname

Кризата – приоритет за ЕУ

Post Views: 5 Чешка, претседавач со Европската унија (ЕУ), ќе се насочи кон решавање на глобалната економска криза, најави синоќа чешкиот премиер Мирек Тополанек. Според него, од “животно значење“ за ЕУ е во март, да ги преточи во пракса конкретните решенија за кризата што државите-членки ги усвоија во декември. Тополанек, по заседанието на чешката Влада, изјави дека Самитот на ЕУ на 19 и 20 март, би требало да договори и нови мерки што заеднички би ги преземале државите на ЕУ за да ја надминат кризата. Тие веќе договорија финансиска инјекција за европската економија во висина од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top