Ознака: centar

Drvo

Ќе се сечат дрвја и во центарот на Охрид

Post Views: 6 Ќе бидат ли дрворедите по кои се познати неколку улици во центарот на Охрид, жртва на растечките сообраќајни потреби? Од Локалната уверуваат дека со овој зафат, воопшто нема да се намали зеленилото во централното градско јадро.Дрва стари повеќе од 40 години ќе ги снема. Ракводителот на Одделението за комунален развој, Зоран Шикалески вели дека покрај се поголемата потреба од паркинг простор во центарот на Охрид, причина за замената на дрвјата на улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“ и Бул. „Македонски просветители“ е и оштетувањето кое тие го предизвикуваат на патната...

Continue reading

kasarna

Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар

Post Views: 26 Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар. Дознаваме дека за еден месец, таму треба да се дислоцираат универзитетите, но и да се изгради кампус за студенти. Градоначалникот Петрески вели дека покрај студентите, на овој простор ќе бидат сместени и Секторот за Внатрешни Работи и Противпожарната станица. По одлуката на владата касарните во градовите да преминат во сопственост на општините, ќе се трансформира и Охридската касарна. Градоначалникот Александар Петрески вели дека планот на локалната самоуправа е таа да прерасне во образовен центар, каде ќе бидат сместени...

Continue reading

odron

ЦУК со конкретни активности, одрон на карпа на патот Охрид –Св. Наум

Post Views: 3 Превентивни насипи со вреќи со песок, беа поставени денеска на пониските делови на патот Струга-Охрид. Од Центарот за управување со Кризи соопштуваат дека состојбата будно се следи на територијата на целата земја и дека веднаш ќе се интервенира онаму каде што има потреба. Временските неприлики причина денека да се одрони и голема карпа на патот Охрид – Св. Наум. Центарот за управување со кризи започна со конкретни активности. Денеска на пониските делови на крајбрежјето на Охридско-струшкиот регион , беа поставени 7000 вреќи со песок за изградба на превентивни насипи...

Continue reading

Poligon za mali sportovi

Замрзната постапка

Post Views: 1 Конгресниот центар кој требаше да се изгради на местото кај полигонот за мали спортови во близина на ОУ “Григор Прчичев” ќе почека. Овој простор, оставен на забот на времето во моментов е бескорисен и наместо да се изгради, останува поле на препукување помеѓу сопственикот или корисникот „Гранит“ и Kатастар. Од грдежната фирма „Гранит“- Скопје, директорката на правниот сектор Виолета Божиновска, вели: “Воопшто не е почната постапка за изградба на конгресен центар, ниту е планирано да се гради се додека не се расчистат сопственичките односи за земјиштето“. Божиноска не...

Continue reading

Centar za kultura

Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се поднови

Post Views: 4 Доби средства за подобро функционирање. Со Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата, покрај финансиски средства за програмскиот дел, одобрени се пари и за техничко доопремување на центарот. Националната установа, Центарот за култура „Григор Прличев“  годинава ќе биде технички доопремен. „Ако претходните години добивавме средства за санација на поголеми инфраструктурни зафати, како што беше целосната замена на покривот на центарот и одредени преправки во внатрешноста, оваа година одобрени се средства за негова техничка доопременост“, задоволна...

Continue reading

brosura

Се е подготвено за овогодинешните „Прличеви беседи“

Post Views: 0 Културната манифестација „Прличеви беседи“ со која традиционално се одбележува денот на смртта на македонскиот преродбеник, Григор Прличев, годинава богата со творечки содржини.  Најстара културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава ќе биде одбележана со пригодна програма. Н.У. Центар за Култура кој го носи името на најголемиот македонски преродбеник е организатор на свеченоста посветена на лауреатот за најдобра поема. „Оваа свеченост  ја организираме заедно со „Просветно дело“  и традиционално ја доделуваме наградата за најдобра поема,...

Continue reading

centar za kultura

Успешна година за Центарот за култура

Post Views: 16 „Се надевем дека годинава за Охриѓани и гостите приредивме достојна културна програма, не само на локално туку и интренационално ниво“, вели директорката на центарот Драгана Боцевска. Вечерва во центарот уште едн музички настан,концерт „Дуо Пијано“ со Билјана Димовска и Татјана Божиновска. „Центрот за култура Григор Прличев се пофали со успешно завршена година. Реализиравме многу промоции, концерти, хуманитарни концерти, драми, моно драми, докумнтарни филмови“, вели директорката на центарот за култура Драгана Боцевска. Таа ги издвои документарниот филм за Тоше Проевски,...

Continue reading

rabota

Шалтерски ситем и во Центарот за социјални работи

Post Views: 1 Денес започна реконструкцијата на Центарот за социјални работи. Членовите на Лајонс клуб Лихнидос,  обезбедија средства за Центарот да добие шалтерски систем  вели Сашо Здравески. Охридскиот центар за социјални работи досега соработувал со невладини организации и граѓански здруженија во делот на стручната работа, но за прв пат се случува, материјални добра и услуги да се добијат  за реновирање и тоа од Лајонс клубот Лихнидос  објаснува заменик директорот на центарот Емилија Размоска.Со шалтерскиот систем премногу ќе се олесни  работата на Центарот, а  ќе се подигне и...

Continue reading

kniga

Семинар на „Македонисти“

Post Views: 1 Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура, традиционално по 42 – ри пат се одржува во Охрид. Започна вчера и ќе трае до 27 – ми овој месец. Во конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера свечено започна 42-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, на кој учество ќе земат професори, студенти, преведувачи, слависти и балканисти од 23 замји од светот. „ Очекуваме како и досега семинарот да биде успашен“, вели  Проф.Др. Емилија Црвенковска, „бидејќи има доста млади луѓе од светот каде се изучува...

Continue reading

uprava

Нема ден без кривична пријава

Post Views: 4 Криминалот е откриен и поднесена е кривична пријава на лицето Д.Д. од страна на Секторот за Внатрешни работи Охрид. Криминалот деновиве доминантен во извештаите на СВР Охрид. Најнова е кривичната пријава против Д.Д (34) од Охрид, за сторено кривично дело „послужување во службата“. Пријавената, во периодот од мај до јули оваа година, во својство на фактурист во ЈЗУ Општа болница Охрид, средствата во висина од 222.530 денари, наплатени за дадени здравствени услуги на пациентите, не ги евидентирала и внела во благајната,туку противправно ги присвоила. Ова е дел од извештајот...

Continue reading

Stefan Dimoski

Пукотници во ценатрот на Охрид

Post Views: 40 СВР Охрид потврдува дека имало меѓусебна пресметка на улицта Гоце Делчев во Охрид. На 28.06.2009 година, околу 02,00 часот на ул. „Гоце Делчев“,  се сретнале  лицето К.А (24) с.Велешта-струшко и  М.М.(26) од с.Горно Татеши-струшко . Меѓусебната расправија резултирала со пукање од огнено оружје, при што на К.А  му бил нанесена повреда во десното колено. По наредба на истражен судија извршен е претрес во домот на М.М., каде се пронајдени автоматска пушка, три рамки, муниција, еден нож и секирче. К.А. е задржан за понатамошно лекување во олницата Св Еразмо, а се преземаат...

Continue reading

tiroida

Во Охридската болница ќе работи центар за лекување на тироидната жлезда

Post Views: 13 Од нарушување на тироидната функција страдаат голем број охриѓани. Испитувањето на оваа мала, но доста важна ендокрина жлезда по здравјето на луѓето засега не се прави во Охридската Јавна здравствена установа „Општа болница“. Околу 6000 пациенти од Охрид  имаат проблем со оваа штитната жлезда, а мора да се лекуваат во Клиничките  центри  надвор од Охрид. Сега Охриѓани кои имаат проблем со работата на оваа жлезда ќе може да здивнат. Ќе се реши проблемот со чекање и  патување во клиничките центри во Скопје или Битола најавуваат од Охридската Јавна здравствена установа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top