Нема ден без кривична пријава

Касата на општа болница Охрид секој ден олеснувана по 60.000 денари.

 |  Николовска Билјана  | 
uprava
управа

Криминалот е откриен и поднесена е кривична пријава на лицето Д.Д. од страна на Секторот за Внатрешни работи Охрид.

upravaКриминалот деновиве доминантен во извештаите на СВР Охрид. Најнова е кривичната пријава против Д.Д (34) од Охрид, за сторено кривично дело „послужување во службата“. Пријавената, во периодот од мај до јули оваа година, во својство на фактурист во ЈЗУ Општа болница Охрид, средствата во висина од 222.530 денари, наплатени за дадени здравствени услуги на пациентите, не ги евидентирала и внела во благајната,туку противправно ги присвоила. Ова е дел од извештајот на СВР Охрид.

Секој ден охридската јавност се повеќе е збунета од лицата кои се под истрага за криминал. Таков е случајот и со вработената во општа болница Охрид Д. Д. која ја извршувала наплатата на еквитанците во приемно одделение при ЈЗУ Општа болница. Неодамна во рамките на работата на центарот направени се измени на шефовскиот кадар во приемно одделение при што во увидот од работата забележано е дека осомничената Д.Д. од 27.03 нема префрлено пари од еквитанции. Портпаролот на медицински центар Охрид Сашо Василевски, вели дека контролите се дел од работата и секој кој ги прекршува правилата за работа треба да сноси одговорност.

Овој случај е доказ дека раководниот тим при Општа болница Охрид не толерира криминал, без разлика за кој се работи велат од Општа болница Охрид. Василески рече дека и понатаму ќе се прават напори секој обид на криминал навреме да се препознава и адекватно постапува.
Како што ТВМ дознава, Д.Д. две недели била на одмор, и не одговарала на тел.повиците од медицински центар. Се појавила дента кога полицијата веќе била присутна на нејзиното работно место.

Неофицијално дознаваме дека во овој случај каде што секојдневно уназад три месеци од касата на болницата фалеле 60 000 денари има и други инволвирани лица, за кои во тек е истрага. Поранешниот нејзин шеф исто така пред оваа афера дал отказ на само една година пред пензија со изговор дека е револтирасн после неговата смена.  
ТВМ целосно ќе ве информира се додека  не се расветли случајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top