Се е подготвено за овогодинешните „Прличеви беседи“

Културната манифестација  „Прличеви беседи“ годинава богата со творечки содржини.

 |  Крсте Голабовски  | 
brosura
брошура

Културната манифестација „Прличеви беседи“ со која традиционално се одбележува денот на смртта на македонскиот преродбеник, Григор Прличев, годинава богата со творечки содржини. 
Најстара културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава ќе биде одбележана со пригодна програма. Н.У. Центар за Култура кој го носи името на најголемиот македонски преродбеник е организатор на свеченоста посветена на лауреатот за најдобра поема.

spomen kuka„Оваа свеченост  ја организираме заедно со „Просветно дело“  и традиционално ја доделуваме наградата за најдобра поема, „Григор Прличев“, потенцира директорката на Центарот Драгана Боцеска.

Инаку оваа награда е востановена во 1993 година, а годинешен добитник е Михаил Ренџов за неговата поема „Предвесница“. За организирање на оваа манифестација помош од центарот традиционално добиле и од Министерството за култура.

Михаил Ренџов е познат македонски поет, раскажувач и преведувач. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Македонската асоцијација на писатели. Има издадено околу 20-на книги поезија. Добитник е на поголем број на награди, меѓу кои наградата за необјавена поема на Струшките вечери на поезијата, наградите “11-ти Октомври”, “Златно перо”, “Ацо Шопов” и други. Манифестацијата „Прличеви беседи 2010“ се во организација на  Општина Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ и ОУ „Григор Прличев“.Во нејзини рамки ќе се одржи и традиционалната „Прличева визита“ во која се содржани повеке промотивни творечки дела, во НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Содржините ќе завршат со свечената приредба на учениците од ОУ што го носи неговото име, а ке продолжат наредниот ден со свеченостите пред бистата на Прличев пред Библиотеката и со Беседата за Прличев што ке се одржи со почеток во 12 часот во спомен-куќата на поетот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top