Ознака: 300

kujna

Основците во градов немаат топол оброк

Post Views: 2 Дали ќе се врати топлиот оброк во основните училишта во градов. Ова прашање подолго време се наметнува од советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни...

Continue reading

gnezdo

Парче од олимпискиот тревник, продадено за 300 евра

Post Views: 2 Парче од тревникот на прочуениот стадион „Птичје гнездо’ во Пекинг, на кој летово се оддржаа Олимписките игри, се продаде како сувенир за 2.900 јуанри (300 евра), пренесува денеска весникот „Пекингшки вести“.   Околу 10.000 кутии со парчиња од олимпискиот тревник и факелот изработен од преостанатиот метал што беше користен во изградбата на стадионот, се најдоа на продажба во кинеската престолнина и преку ИНтеренет, наведува весникот. Стадионот, што може да прими 91.000 посетители, стана симбол на летните Олимписки игри 2008 година. На него се оддржаа сите атлетски натпревари,...

Continue reading

donacija

Со донација до нови инструменти

Post Views: 3 Основното музичко училиште „Методи Патче“ доби донација во висина од 5 300 американски долари, со кои ќе се набават инструменти за училишето. Средствата ги подари oрганизацијата „Македонија 2025“ која во Охрид го организира Глобалниот инвестициски самит. Парите беа собрани од концертот што оваа организација го организира во октомври минатата година во црквата „Света Софија“ за учесниците на самитот. Донацијата ја врачи Зоран Мартиновски, член на Бордот на директори на „Македонија 2025“. Тој рече дека оваа организација и во иднина ќе инвестира во културата во Македонија....

Continue reading

skolo

Дали повторно ќе се отворат училишните мензи

Post Views: 7 Топол оброк и здрава храна за децата во основните училишта. Ова го побара советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни за правилен раст и развој на децата. Општина...

Continue reading

pozar

Локалната ќе почне да ги обесштетува опожарените семејства

Post Views: 3   Повеќето семејства чии домови настрадаа во пожари во периодот од 2012 и 2013 година досега не добиле општинска помош.  Помал износ во висина од околу 20.000 денари оштета добиле само две настрадани семејства, но таа сума ни одалеку  не била доволна за да ги обноват изгорените домови. Локалната самоуправа за да го реши овој проблем  побара поддршка од советниците да ја усвојат одлуката за  формирање  стручна Комисија која  ќе врши проценка на штетите. Согласно на таа одлука ќе се исплаќа оштета во висина  до 300.000 денари која и претходно била одредена како максимален...

Continue reading

охрид

новите вработувања,трн во око

Post Views: 5 Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ  се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање. Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради изборите,...

Continue reading

solaren sistem

Граѓаните сакаат соларна енергија ама немаат пари за инвестирање

Post Views: 0 Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи  со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава,  по системот на  лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната  енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат....

Continue reading

svr

Во Охрид казни за кабелските оператори, нотарите и тезгаџиите

Post Views: 0 Вчера инспекторите при координативното тело за заштита на електронска сопственост при Владата на Република Македонија остварија организирана акција во Охрид. Инспекторите утврдија неправилности кај телевизиите „Алтрасат“ и Инфел“. Од страна на МВР се одземени четири ресивери во Алтрасат 2000 и од страна на  Министерството за култура ќе биде поднесена пријава согласно Законот за употреба на Македонскиот јазик. Управата за јавни приходи изрече глоба во висина од 4 300 евра. Во Иифел ќе има пријава од Министерството за култура за непочитување на Законот за употреба на...

Continue reading

konferencija

Четврта меѓународна конференција за иновации и регионален развој

Post Views: 1 „Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“, тема на 4 тата меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој која од денеска до 7 мај се одржува во Охрид. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, Европската академија на науки и уметности, Македонската академија на науки и уметности и Европскиот совет за мал бизнис и претприемништво, а во организација на Националниот центар за иновации и претриемачко учење, учествуваат над 300 експерти од Европска комисија, Светска банка, академици, регионални агенции,...

Continue reading

Braka Manaki

Фестивалот „Браќа Манаки“ оди во нагорна линија

Post Views: 6 Организаторите  на 31 –то издание на Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки се задоволни како тече годинешното издание. Отварањето на фестивалот на кој присуствуваа голем број актери, кинематографи и филмаџии,  како имињата на двајцата  годинешни почесни гости холивудската актерка Хана Дерил и добитникот на наградата за животно дело, кинематограферот Вилмош Жигмонд,  беше супер истакна  директорката на фестивалот Лабина Митеска. Додава, но, мислам секогаш може подобро.На фестивалот ќе бидат прикажани 95 филмови во 9 програми, а од нив 12 ќе бидат во трката за трите...

Continue reading

ogrevno drvo

Подготовките за грејната сезона завршени

Post Views: 3 Ниските утрински и ноќни температури кои деновиве бележат драстичен пад веќе ја најавуваат грејната сезона. Граѓаните на Охрид кои денес ги анкетиравме веќе се одлучиле како ќе се греат. Некои од нив за огрев ќе користат дрва како поисплатлива алтернатива додека пак на некои електричната енергија им е единствената солуција, има и такви кои немаат средства ниту за едното ниту за другото.Цената на огревно дрво во НП „Галичица“ се движи околу 2 300 денари по метар кубен за бука, додека пак за даб е 100 денари повеќе. Од паркот велат дека располагаат со ограничени количини...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top