Подготовките за грејната сезона завршени

Охриѓани, според анкетата на ТВМ по се изгледа најмногу ќе се греат на струја. Општ впечаток на граѓаните е дека треба да се стегне коланот и да се штеди.

 |  Билјана Николовска  | 
ogrevno drvo
огревно дрво

ogrevno drvoНиските утрински и ноќни температури кои деновиве бележат драстичен пад веќе ја најавуваат грејната сезона. Граѓаните на Охрид кои денес ги анкетиравме веќе се одлучиле како ќе се греат. Некои од нив за огрев ќе користат дрва како поисплатлива алтернатива додека пак на некои електричната енергија им е единствената солуција, има и такви кои немаат средства ниту за едното ниту за другото.
Цената на огревно дрво во НП „Галичица“ се движи околу 2 300 денари по метар кубен за бука, додека пак за даб е 100 денари повеќе. Од паркот велат дека располагаат со ограничени количини на огревно дрво за продажба и најдоцна до 10 ноември треба да се испорачани.
Во стариот дел на градот, варошани се пожалаа дека се доцни со испораката на огревно дрво од двете снабдителни места, НП „Галичица“ и ЈП „Македонски шуми“. Ангелоски рече дека останале неиспорачани некаде околу 300 метри кубни. Тоа пред се било поради неможноста камион да влезе во тесните улички во тој дел на градот, така што на тие места дрвата ќе се дистрибуирале со помош на трактор.
Се шпекулира дека годинава се очекува поскапување на струјата. Доколку цената на струјата остане непроменета, едно четиричлено семејство треба да одвои од својот месечен буџет 5 – 6 илјади денари. Во време кога – цените на струјата, нафтата и дрвата растат – обновливите извори на енергија се клуч за намалени сметки. И додека светот агресивно настапува на ова поле – Македонија речиси и да не ги користи. Напротив потрошувачката на струја во зимските периоди драстично расте.
Едно истражување покажало дека ако сите домаќинства во земјава исклучат по една обична сијалица тогаш тоа ќе биде еднакво на заштедена струја – произведена од една хидроцентрала.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top