Ознака: 2015

plostad

Охриѓани дома за најлудата ноќ

Post Views: 1 Одбројувањето може да почне! Часови не делат до Новата Година. Најголем дел од охриѓани најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека причина за тоа е плиткиот џеб и лошите временски услови, поради кои не се осмелуваат да заминат на пат надвор од Охрид. Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ. Локалната самоуправа на плоштадот Св Климент Охридски организира заеднички дочек на Новата 2015-та година за охриѓани и туристите. Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што ќе...

Continue reading

risto cado

Улицата „Ристо Чадо“ во очајна состојба

Post Views: 6 Ристо Чадо е само една од охридските улици која се наоѓа во очајна состојба. Без тротоари, раскопан, пропаднат и преполн со дупки асфалт, расфрлан отпад насекаде, без улично осветлување, е сликата која најдобро зборува за проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел на градот. Но не само за нив оваа улица е проблематична за одвивање на сообраќајот и сите останати кои не ретко поминуваат по оваа улица за да се вклучат на регионалниот пат за Битола. Како што кажаа жителите, речиси три децении, нивната улица претрпува различни инфраструктурни зафати како што е поставување...

Continue reading

novogodisna programa

Владо Јанески ќе ја честита Новата 2015 година во Охрид

Post Views: 6 Предновогодишната забава во очи пречекот на 2015 година ќе започне од 22 и ќе трае до 31 декември. Петар Нечоски и охридскиот бенд Камелеон ќе ја загреваат атмосферата за новогодишната ноќ во Охрид, а Нова година на охриѓани и сите останати гости ќе им ја честита Владо Јанески. Раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов на денешната прес конференција информира за сите новогодишни активности. „На градскиот плоштад ќе се одвива богата културно уметничка програма која што во работните денови ќе биде во терминот од 18 до 20 часот додека за викендите од 12 до 18 при што на неа...

Continue reading

vodici

Јоксимовиќ и Милески официјално кумови на Водици 2015

Post Views: 3 Жељко Јоксимовиќ балканската поп ѕвезда и бизнисменот Зоран Милески ќе бидат кумови во Охрид на празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление – Водици 2015. Ова денес на свечената седница го обелоденија од здружението на граѓани „Богојавление“. Зошто Јоксимовиќ? Интенцијата на здружението била манифестацијата Водици да прерасне во Балкански настан. „Значи ние почнавме меѓу нас како градска Охрид , потоа со Чифлиганец македонска, па сега одиме на балканска. За оваа година оценивме дека  кумството треба да го добие Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески...

Continue reading

kruzni

Бакрачески: Во 2015 година Охрид ќе биде големо градилиште

Post Views: 2 Реализација на капитални проекти во 2015 година, најавува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој истакна дека престојната година ќе бидат реконструирани и адаптирани неколку сообраќајници во градот како и изградба на пет кружни текови. „Два ќе се финансираат со средства од светска банка и тоа едниот е на раскрсницата на „Туристичка“ со „Бистрица“ а другиот е на раскрсница на „Туристичка“ со „Македонски Просветители“. Општината Охрид со сопствени средства ќе ги финансира изградбата на останатите три сообраќајници таму каде ѓто се спојува „Туристичка“ со „Абас...

Continue reading

bilbordi

Ќе се издаваат локации за билборди во Охрид

Post Views: 1 Хаосот со рекламирањето на јавните површини Локалната самоуправа на Охрид ќе го решава со унифициран изглед на билбордите. Ова го најавија од локалната пред два дена, а целта е градот да добие поубав и помодерен изглед. До крајов на месецов пак, се очекува да биде завршена тендерската постапка за доделување на локации за поставување рекламни паноа, билборди. Почетната цена ќе биде утврдена утре со одлука на Совет, а локациите ќе бидат издадени за период од 4 години. Од ова може да се заклучи дека унифицирани билборди на охридските улици нема да видиме наредните 4 години....

Continue reading

zeleznicka

Николовски: После 35 години Охрид ќе заживее со 1800 вработувања

Post Views: 3 Прв пат после 35 години Охрид комплетно ќе заживе со преку 1800 нови вработувања во следните две три години, кажа Александар Николовски, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. Тој ја посочи инвестицијата тешка 15 милиони евра во автомобилската индустрија на германскиот ОДВ електрик и на уште еден германски гигант во индустриската зона во охридско струшкиот регион како почеток на економското заживување на регионот. Работите кои што ги ветуваме, ги остваруваме истакна Николовски и потсети на еден од најголемите инфраструктурни проекти,  изградбата на булеварот...

Continue reading

Месечната плата на Ангела Меркел

Post Views: 4 Спрема нацрт законот за заработка, германските политичари оваа година ќе земаат ретроактивно од  1 март, зголемени плати за 2,8%, а од 1 март следната година уште нови 2,2% зголемени плати. Така германските политичари од март 2015 ќе добијат вкупно зголемување на платите за 5%, па канцеларката Ангела Меркел ќе има месечни примања од 22.533 евра. Претседателот на државата, Јоаким Гаук, чија плата сега е 17.897 евра, од март 2015 година би требало да зема 18.803 евра, што би била најголема плата, додека платата од Меркел од сегашните 17.126 евра би се зголемила на 17.992...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top