Ознака: јули

Бело лето

Ќе види ли Охрид годинава „ Бело лето“

Post Views: 8 Доцни манифестацијата „Бело лето 2014 “ замислена да го означува почетокот на летната туристичка сезона. Деновите од месец јуни полека  се ситнат, а Локалната самоуправа сеуште  не ја  објавува програмата.  Минатата година за прв пат со доцнење се одржа Бело лето во месец јули. За ова лето манифестацијата беше најавувана  дека ќе почнува порано во месец јуни. Замислата на манифестацијата е да се промовираат три сегменти од туристичката понуда на Охрид,  руралниот туризам, занаетчиството и традиционални производи и алтернативните форми на туризам, привлекување туристи...

Continue reading

biljanini

Охрид-главен центар на спортските збиднувања во земјава

Post Views: 2 Организирањето на завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија, Гимназијадата 2014та како и престојните финални средби во ракометниот куп на Македонија, само предвесник на многуте значајни спортски манифестации кои ќе се случуваат во Охрид во наредниов период. Директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев вели дека сите овие спортски настани ставаат до знаење дека Охрид полека станува центар на најзначајните спортски манифестации во земјава. Тој со особена гордост го истакна одигрувањето на полуфиналните средби но и големото финале во ракометниот куп на Македонија...

Continue reading

Една година подоцна како членка на ЕУ

Post Views: 2 Измина една година откако Хрватска стана членка на Европската унија, а во минатата година стандардот на хрватските граѓани не се поправил, пренесуваат регионалните медиуми. Меѓутоа, за тоа време, зеленчукот е поефтин за 16%, овошјето за 8%, маслото за 15%, а облеката за 5%, додека режиските обврски поскапеле за 2%. Цените на храната се малку пониски откако Хрватска стана членка на унијата и може тоа да се почуствува на лебот, месото, шеќерот, овошјето, зеленчукот…Сепак, она што го гуши семејниот буџет се сеуште станарините и режиските сметки кои пораснале во текот...

Continue reading

Масовно вработување за производство на новиот iPhone

Post Views: 7 Производствениот партнер на Apple, азиската компанија Foxconn, тргнува во масовно вработување на 100.000 луѓе за производство на новиот iPhone6, објавил Taiwanese Economic Daily, а исто така и другиот производител на iPhone, Pegatron, исто така припрема голем ангажман на нови работници.  Вакви масовни вработувања не се невообичаени пред почеток на производство на новите модели на iPhone, но во случајот на Foxconn бројката од сто илјади нови работници претставува рекорд.Спрема изјавите, од Foxconn ќе превземат 70% од нарачките на iPhone, а масовните вработувања почнуваат...

Continue reading

policija zastita od krazbi

Проект на СВР -„заштита од кражби на плажите“

Post Views: 1 Самиот внимавај на својот паричник!, Сами заштитете се од кражби на плажа!, Не носете вредни предмети додека сте на плажа! Не оставајте ги без надзор и необезбедени вашите работи, особено ако сте во вода! Пријавете кражба на 192… се дел од преораките на СВР, кои во писмена форма од денеска почна да ги дели по охридските плажи. Овој проект на СВР „Превнција од кражби“опфаќа широк спектар на превентивни мерки кои полициските службеници заедно црвен крст ќе ги превземаат на терен во делот на едукација на граѓаните на Охрид туристите и воопшто јавноста за потребата...

Continue reading

elizabeta jankuloska

„Златниот глас на Русија“ ќе го отвори овогодинешното Охридско лето

Post Views: 7 „Златниот глас на Русија“ , „Сибирскиот тигар“, „Елвис на операта“ овие епитети го красат името на познатиот оперски пеач Дмитри Хворостовски кој ќе го отвори 53тото издание на Фестивалот Охридско лето. Денес беше обелоденета програмата за овогодинешното фестивалско издание. Ветеното го остваривме, веќе се познати имињата на уметниците кои ќе продефилираат на 40-те фестивалски денови, но напоредно со тоа се договараат светските имиња за идното издание на фестивалот, рече Елизабета Јанкулоска директор  НУ Охридско лето.Ваквата долгорочна стратегија ќе ни донесе сигурност...

Continue reading

marija

Висока награда за охриѓанката Марија Филева

Post Views: 0 Денеска во просториите на ректоратот на универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорот на универзитетот професот д-р Велимир Стојкоски на студентите од факултетите од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите им ја додели наградата 26 јули од Франк Манинг, за најдобар студент во завршната година на студии во текот на учебната 2011-2012 година. Меѓу нив се најде и охриѓанката, Марија Филева, ќерка на познатиот изработувач на охридски бисер Павел Филев како најдобар студент на Филозофскиот факултет која студира на историја на уметноста. Оваа награда...

Continue reading

pozarna

Во струшко опожарени 10 хектари шума

Post Views: 4  Пожарот, што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под  контрола.  Пожарот започнал на 28 јули и со интервенција на струшката противпожарна единица бил локализиран, но повторно се обновил на 29 јули. Во неделата, при гасењето на пожарникарите им се приклучиле и  вработените од струшкото ЈШП „Јабланица“ .Според командирот на струшката пожарна Урим Каба, причина за пожарот е човечко  невнимание  при палење на стрништа. Пожарот избил на споредните стрништа за потоа да се прошири на шумските површини  уништувајќи...

Continue reading

zajdisonce

„На Зајдисонце “ќе ја промовира Трпејца

Post Views: 4 Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира  неповторливата  туристичка населба Трпејца. Здружението на граѓани „Со љубов за Трпејца“  се зафати со организација на бројни културни активности за да  ја направи  населбата попривлечна за луѓето кои потекнуваат од тука, но и за сите нејзини вљубеници.  Преку манифестацијата  „На Зајдисонце“  ќе се даде поголема живост на неповторливо, убавото езерско место, вели Милчо Јованоски, портпарол на здружението. Идејата се роди спонтано од луѓе кои потекнуваат од Трпејца, нагласува Јованоски.„Ние...

Continue reading

festival ora

Фолклорниот фестивал „Александар Македонски“ по седми пат

Post Views: 0 Годинава по седми пат од 20 до 24 јули ќе се одржи веќе традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Александар Македонски“.  И ова издание на фестивалот во Охрид ќе донесе поголем број на учесници од најразлични земји кои пред охриѓани, но и пред туристите во текот на двете фестивалски вечери ќе ги презентираат своите традиции и фолклор. „Оваа година имаме специјални гости од Белгија, потоа имаме учесници од Мексико, Хрватска, Србија, Турција, Естонија, Словенија, Литванија и секако од Македонија. Имаме некаде околу 14 учесници на овој фестивал.“-вели директорот...

Continue reading

paraglajderist

Заврши европското во параглајдинг

Post Views: 2 На само ден пред прогласување на најуспешните параглајдеристи од Третото европско првенство во прецизно слетување, кое деновиве од 1-8ми јули се оддржува во Охрид на НП Галичица, се сумираат резултатите, но и импресиите. Организаторот на натпреварот Златко Спиркоски вели дека постигнат е максимумот и сите 77 пилоти успеале да изведат по 12 слетувања. Додаде дека се знаат и фаворитите, а нашата репрезентација во екипна конкуренција од 15 земји учеснички е на средина по постигнати резултати.  „Од фаворитите земји се Словенија, Чешка Бугарија и Србија“, нагласи Спиркоски Селекторот...

Continue reading

paraglajder

Европско првенство во параглајдинг

Post Views: 10 Јато параглајдери ќе го преплават небото над  Охрид од 1 до 8 јули. НП „Галичица“, подготвен за Европското првенство во прецизно слетување. Организатор е прилепскиот параглајдинг клуб „Делта“, во соработка со НП „Галичица“. Пет годишната соработка со прилепскиот клуб резултира со создавање на идеални услови за развој на параглајдингот вели Зоран Ангелоски, првиот човек на паркот. Веќе се одредени двете стартни места на падините на Галичица и тие локалитети уредени се согласно стандардите кои се потребни за овој спорт, додава тој. „Во текот на изминатите неколку денови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top