Ознака: Јапонија

Фумио Кашида е нов премиер на Јапонија

Post Views: 0 Јапонскиот парламент го изгласа 64-годишниот Фумио Кашида за нов премиер на земјата. Тој минатата недела го замени Јошихиде Суга како лидер на владејачката Либерално-демократската партија, која заедно со коалициските партнери има мнозинство во двата дома во јапонскиот парламент. Суга претходно утринава поднесе оставка по само една година на функцијата, откако рејтингот на неговата влада падна поради начинот на справување со пандемијата на коронавирус. Кашида, кој е поранешен министер за надворешни работи, не се очекува драстично да ги промени главните владини политики,...

Continue reading

Тајфунот „Лан“ го истури својот гнев врз Јапонија

Post Views: 12 Пет лица загинаа, а 85 беа повредени како резултат на тајфунот „Лан“ кој ја погоди Јапонија. Загинатите се жртви на лизгање на земјиштето и поплави, како и паѓање на објекти, информира ТАСС. Денес повеќе од 81.000 жители на јапонската префектура Фукушима во североисточниот дел на Хоншу добија наредба за евакуација поради опасност од поплави предизвикани од силните врнежи. Локалната администрација го повика населението во екстремни случаи да излезе на покривите на куќите и да чека за помош. Спасувачките екипи на чамци се испраќаат во поплавените области. Во некои случаи,...

Continue reading

Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“. Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а информацијата се претставува како да била добиена од наводен македонски државјанин што живее во Јапонија. Нормално на вести и телевизија ни збор за овој чин, меѓутоа има интернет, има и видеа од овие луѓе да не мислите...

Continue reading

Проблем со возилата на Тојота

Post Views: 2 Јапонската автомобилска компанија објавила дека ќе повлече од употреба 1,9 милиони Приуси во цел свет поради проблемот поврзан со хибридниот состав кој може да доведе до застој на возилото. Се работи за моделот Приус, произведен помеѓу 2009 и 2014 година, трета генерација на најпродаваниот хибриден автомобил во светот, кој работи на погон на бензин и електрична енергија. „Во најлош случај, автомобилот може само да застане за време на возењето. Тоа го сметаме за можен сигурносен проблем, што го објаснува ова повлекување“, истакнал потпаролот на Тојота. Производителот...

Continue reading

Невреме заглави илјадници луѓе

Post Views: 1 Илјадници луѓе се заглавени, бројот на мртви се зголеми на 23 од втората снежна бура која ги погоди некои делови од Јапонија, јавува Ројтерс. Во некои области во прекин е железничкиот сообраќај а во централниот дел на Јапонија снежната бура на денот на заљубените им донесе повеќе од еден метар снег и ја прекри престолнината со рекордна големина на снежната покривка, јавува Ројтерс. Во централниот дел на Јапонија, во префектурата Јаманаши паднало повеќе од 1,1 метар снег, што е рекорд во последните 100 години откако се води статистика. Помалку снег има на истокот од Јапонија,...

Continue reading

Бјанки опериран и се бори за живот

Post Views: 2 Автомото светот е во шок, а возачите лути поради тешката несреќа која се случи на трката во формула 1 во Јапонија. На големата награда на Јапонија се случи тешка несреќа откако возачот на Маруси, Жил Бјанки, се бори за живот. Итно е опериран, а потврдено е дека операцијата на главата поминала добро и несреќниот Француз е тргнат од респираторите и е преместен на одделот за интензивна нега. Бјанки итно е префрлен во болница откако се заби во мобилна дигалка која се наоѓаше покрај патеката. Несреќниот Француз имаше пех бидејќи пред неговото излетување во заштитната ограда...

Continue reading

Vladimir Putin

Forbes: Путин е најмоќниот човек на планетава

Post Views: 2 Рускиот, а не американскиот претседател, е највлијателниот човек во светот.Ова го покажала анкетата на магазинот „Форбс“ спроведена за оваа година, каде Владимир Путин е прв на листата од 72-ца државници, бизнисмени и филантропи. Според уредниците на „Форбс“, позицијата на Путин годинава е поради лошата фаза во која во последно време се наоѓа Обама, но и зацврстувањето на позицијата на Русија на меѓународната сцена. На третото место е кинескиот претседател Кси Џинпинг, а потоа следуваат Папата Франциско и германската канцеларка Ангела Меркел, која е најмоќната жена на...

Continue reading

japonija

Нов нуклеарен инцидент во Јапонија

Post Views: 4 Бројот на истражувачи кои се изложени на радијација во Јапонија минатата недела, кога радиоактивен материјал истече од лабораторија за време на експеримент, се зголеми на 30, соопштија властите. Радиоактивен материјал истече од лабораторија за физика во Токаимура, 110 км североисточно од Токио во четвртокот за време на вршење експеримент, соопшти Јапонската агенција за атомска енергија (ЈАЕА), која на владиното регулаторно тело за нуклеарна област го пријави истекувањето со задоцнување од над 34 часа. Радијацијата не се проширила многу, иако двајца истражувачи се изложени...

Continue reading

Caroline Kennedy

Кенедиеви остануваат во политиката

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама побара од ќерката на Џон Фицџералд Кенеди, некогашниот претседател кој беше убиен во Тексас во 1963 година, да ја преземе важната функција, амбасадор на САД во Јапонија. Керолајн Кенеди (56), активно го поддржуваше Обама на изборите во 2008 и 2012 година, но потоа се повлече од политичкиот живот.Таа размислувала и да се кандидира за сенаторско место во државата Њујорк, кога Хилари Клинтон стана државен секретар во 2009 година. Сепак, се откажа од кандидатурата наведувајќи дека се повлекува од лични причини. Еден извор во Демократската...

Continue reading

zemjotresna mapa

Силен земјотрес повторно ја погоди Јапонија

Post Views: 6 Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, денеска ја стресе Јапонија. Потресот бил почувствуван и во Токио, каде зградите се нишале околу половина минута.Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Тошиги, северно од Токио на 10 километри под површината на земјата. Засега нема информации за евентуални жртви и причинети материјални штети, ниту пак е издадено предупредување за цунами. {loadposition content9}

Continue reading

pokuknina

Јапонската покуќнина „плива“ кон Хаваи

Post Views: 0 Членовите на екипажот од рускиот брод СТС Палада, кои патувале од Хонолулу за Владивосток, отпадот го забележале на околу 3.000 километри од Јапонија. Отпадот плови со поголема брзина од очекуваното и според најновите процени дел од него до островот Мидвеј ќе стигне оваа зима, а остатокот до Хаваи и западниот брег на САД за две до три години. “Не сакаме да создаваме паника, но добро е да се знае дека ѓубрето плови кон нас,“ изјавиле истражувачите од Универзитетот Хаваи, кои скоро шест месеци ја анализираат линијата на движење на отпадот што настана како последица на...

Continue reading

Силен земјотрес и цунами во Јапонија

Post Views: 1 Најмалку шест лица се повредени, а илјадници се евакуирани во повисоките делови на островот откако јапонските власти издадоа предупредување за цунами по земјотресот со јачина од 7,4 степени и серијата повратни потреси во префектурата Фукушима. Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 67 километри североисточно од градот Иваки, кој се наоѓа во крајбрежниот регион Хамадори. Како што јавува Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил на длабочина од 25 километри, а по него следувале уште седум повратни потреси. Од силните потреси во морскиот предел...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top