Ознака: чистење

ЧИСТЕЊЕ НА ПУМПНАТА СТАНИЦА „КАНЕО“

Post Views: 0 Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти. Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење. Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град пред почетокот на туристичката сезона.

Continue reading

Drim

Се чисти Црн Дрим од ресите-потенцијалната опасност за капачите

Post Views: 7 Се чистат ресите од реката Црн Дрим во Струга. Екипи од ХЕЦ „Глобочица“ деновиве работат на отстранување на овие реси кои поради топлото време и помалиот истек годинава нараснаа повеќе од вообичаено. Не само што прават грда слика на една од најубавите реки во земјава, нараснатите реси претставуваат и потенцијална можност за загадување на водата во Црн Дрим, но и опасност по капачите кои во текот на летните месеци се капат во реката. Директорот на ХЕЦ „Глобочица“, Тони Маркоски вели дека акцијата за чистење на коритото на Дримот од ресите ја спроведуваат години наназад...

Continue reading

Акција за чистење потег од „Петља“ до с.Подмоље

Post Views: 7 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на расфрланиот комунален отпад на патниот правец Охрид-Скопје на потегот од „Петља„ до с.Подмоље. Со акцијата се започна од раните утрински часови-од 5 часот, а во акцијата учествуваа 8 комунални работници. Расчистен беше и потегот кај автобуската постојка кај с.Подмоље до стариот пат Охрид-Струга. За жал и овој пат подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини.

Continue reading

Бројни акции за чистење во Охрид и приградските населби

Post Views: 1 Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со опсежни акции за чистење, како во градот така и во приградските населби. Веднаш по одржувањето на синоќешниот митинг на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, нашите дежурни служби пристапија кон расчистување на плоштадот, тревните површини и пристапните патеки од расфрланиот отпад и враќање во првобитна состојба. Се продолжува и со акциите за генерално чистење на приградските населби и опфатени се селата : Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Сирула и Вапила. Расчистен е расфрланиот комунален отпад, машински се расчистени дивите мини-депонии...

Continue reading

Акција за чистење во 8.ма урбана заедница

Post Views: 1 Ј.П.„Охридски Комуналец„ по сопствена иницијатива спроведе акција за чистење на површините кои не се јавни околу станбените згради во 8.ма урбана зедница . Опфатени се улиците: „Никола Карев„, „Галичица„ и ул.„АСНОМ“. Подигнат е расфрланиот комунален отпад, а граѓаните треба да имаат одговорност за просторот околу нив и да не создаваат мини депонии во средината која живеат. Се надеваме на поголема еколошка и граѓанска свест бидејќи од нас зависи во каква населба и во каква животна средина ќе живееме.

Continue reading

bulodzer

Акција на чистење на одводните канали во Дебрца

Post Views: 5 Од страна на ЈКП „Дебрца“ деновиве се спроведува акцијата за чистење на каналите низ населените места во општина Дебрца. Исчистени се каналите во селото Злести, селото Оровник во тек е чистењето во селото Горенци. Исто така активностите ќе продолжат и во наредните денови каде ќе бидат опфатени сите села и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваа жителите на Дебрца. {loadposition content9}

Continue reading

Охридските акцијаши најдобри на големата акција за чистење, „Скопје на дланка“

Post Views: 3 Aкцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“прогласени за најдобри меѓу акцијашите од поранешна Југославија. Тие од 22 до 29 јули учествуваа во големата акција за чистење, „Скопје на дланка“, организирана по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје на која учествуваа уште 200 акцијаши од поранешните југословенски републики. Во еднонеделниот престој во Скопје тие ја расчистуваа населбата „Автокоманда“ односно студентскиот дом „Стив Наумов“ и просторот кај шумарскиот факултет. Впечатоците ни се прекрасни. Ние сме среќни поради сите тие пријателства...

Continue reading

Еко акција за чистење на градот „Мој Охрид-чист Охрид“

Post Views: 2 Во сабота, 9-ти јуни ќе се одржи голема Еко акција „Мој Охрид-чист Охрид“, за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.Акцијата е иницирана од Супер радио, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид. – Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка...

Continue reading

Започнаа акциите за чистење на Охрид во пресрет на туристичката сезона

Post Views: 1 Општинската администрација заедно со јавните претпријатија  викендов чистеше  на делови од подрачјето на општина Охрид.  Се чистеше  плажата од Горица III до Детското одморалиште, магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како и поширокиот потег на улицата „Јордан Мијалков“, потегот од улица „Никола Карев“ до Булевар „Туристичка“, како и делот од реката Грашница до хотел „Мизо“ и целиот простор околу ОУ „Св. Климент Охридски“. Во пресрет на главната туристичка сезона, Охрид ќе се чисти и наредниов период.Во...

Continue reading

Акција за чистење на јавните површини околу плажите

Post Views: 4 Утре,(31.03.2018) со почеток во 10 часот од паркингот кај плажата „ НЕМО“ , ќе започне акција за расчистување на јавните површини околу плажите и пешачката патека до  каналот „ Студенчишта“. Расчистувањето на јавните површини ќе се реализира на иницијатива на компанијата „ Костал“, а со поддршка на Општина Охрид и ЈП „ Охридски комуналец“ . По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето, а целта е да се подигне јавната свест за одржување на  чистотата, пред и за време на годинашнава туристичка сезона.

Continue reading

Чистење на плажата Грашница

Post Views: 3 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на крајбрежниот појас во месноста Грашница, на потегот од вливот на река Грашница до Калето.Плажата е расчистена од отпадот кој е натрупан од езерските води: најзастапена беше езерсктаа трска, но и тешко разградлив комунален отпад и отпадоци од пластика,  хартија, лименки  и др. Плажата е расчистена од отпадот кој е натрупан од езерските води: најзастапена беше езерсктаа трска, но и тешко разградлив комунален отпад и отпадоци од пластика,  хартија, лименки  и др.

Continue reading

Граѓански активисти спроведоа акција за чистење на брегот во Далјан

Post Views: 10 Охридската населба Далјан е почиста со 50 вреќи собрано ѓубре фрлено од несовесни граѓани. Дваесеттина волонтери, еко активисти од „Чист Охрид“, „Не биди ѓубре“, „Енхелеус“, „Охрид СОС“ спроведоа акција на потегот од кампот „Партизан“ до Извидничкиот центар, за чистење на ѓубре и цврст отпад од брегот и јавните површини. Собрани се големи количини отпад депонирани на несоодветно место од несовесни граѓани на крајбрежјето на Охридското Езеро, напоменува Бобан Трпески од „Чист Охрид“. Беа собрани над 50 вреќи, најмногу од облека и обувки оставени од диви кампери кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top